Влашка црква (Цетиње)

Влашка црква (српски: Влашка црква) — српска православна црква изградена во 1450 година во селото Доњи Крај,[1] во Цетињското Поле, во тоа време дел од Зета (денешна Црна Гора).

Влашка црква
Влашка црква
Основни податоци
ПрипадностСрпска православна црква
ОпштинаЦетиње
ЗемјаЦрна Гора
Духовно-организациски статусЦрногорско-приморска митрополија
Архитектонски опис
ОсновачВласи што го чувале добитокот на Иван Црнојевиќ
Завршенок. 1450
Особености
Насоченост на фасадатаЗапад
Материјали
  • плет
  • кал
  • камен
  • варов малтер

Стеќци

уреди

Црквата била изградена околу 1450 година на местото на богомилската некропола што опфаќала околу 150 стеќци (украсени надгробни споменици).[2] Само два од нив се зачувани до денес. Првично свртени еден кон друг, тие неодамна биле променети да бидат рамо до рамо.[3] Според некои преданија, забележани за прв пат од Љубомир Ненадовиќ,[4] под нив се погребани воениот командант од 17 век Бајо Пивљанин и неговата сопруга.[5] Според друго предание и документарен доказ, стеќците ги означуваат гробовите на ктиторите на црквата - Иван Боројевиќ, роден во Стари Влах, и неговата сопруга Јелица.[6]

Потекло на името

уреди

Една тероја вели дека црквата го добила името според Власите кои го чувале добитокот на Иван Црнојевиќ и ја изградиле црквата околу 1450 година.[7][8]

Постојат неколку дополнителни теории за потеклото на називот Влашка во името на црквата. Некои автори сметаат дека поимот во името на оваа црква се користи како егзоним.[2] Други теории го поврзуваат името на црквата со фактот дека поимите како „влашка црква“ или „влашки ритуали“ биле показатели за членството во Источната православна црква и православието [9] или со демонимот Влах. (според нив оваа црква наводно била изградена од доселеници од Стари Влах во денешна Србија).[10]

Градежни материјали

уреди

Црквата првично била направена од плет (српски: плот) и кал и повторно била градена три пати. Најпрво била преизградена со камења без малтер ( српски: сувомеђа), потоа со камења со варов малтер (српски: клачена) и конечно, во 1864 година, црквата го добила денешниот облик.[11][12] Заштитната ограда околу црквата била изградена во 1897 година со помош на цевки од отомански пушки[13] заробени во 1858 година за време на битката кај Граховац.[14]

Слики

уреди

Наводи

уреди
  1. Simo Popović; Jovan R. Bojović; Novica Rakočević (1995). Memoari. CID. стр. 41. Посетено на 26 April 2013. "Влашка црква" коју је сада захватила варош била је прије рата још далеко од Цетиња на голој пољани. Она управо и не припада Цетињу него Доњем крају још од старога времена, када није ни било Цетиња.
  2. 2,0 2,1 Ratko Đurović (1969). Crnom Gorom. "Binoza," Grafički zavod Hrvatske. стр. 97. Посетено на 26 April 2013.Ratko Đurović (1969). Crnom Gorom. "Binoza," Grafički zavod Hrvatske. p. 97. Retrieved 26 April 2013.
  3. Batričević, Đuro; Cvetko Pavlović (10 September 2004). „Legende o Vlaškoj crkvi“. Pobjeda. Посетено на 27 April 2013. Prema Erdeljanovićevoj zabiljeci, dva sačuvana nadgrobna kamena bila su najprije okrenuta uzglavljem jedan prema drugom, pa su „u najnovije vrijeme” stavljeni naporedo.
  4. Batričević, Đuro; Cvetko Pavlović (10 September 2004). „Legende o Vlaškoj crkvi“. Pobjeda. Посетено на 27 April 2013. Ljubomir Nenadović bio je prvi koji je zapisao da su pomenuti nadgrobni kamenovi pripadali istaknutom hajdučkom harambaši Baju Nikoliću Pivljaninu i njegovoj supruzi.
  5. Draško Šćekić (1987). Putujući Crnom Gorom. NIO "UR". стр. 102. Посетено на 26 April 2013.
  6. Batričević, Đuro; Cvetko Pavlović (10 September 2004). „Legende o Vlaškoj crkvi“. Pobjeda. Посетено на 27 April 2013. Naime, prema legendi, sačuvani nadgrobni spomenici pripadali su Ivanu Borojeviću i njegovoj ženi Jelici.
  7. Narodno stvaralaštvo: Folklor. Nauchno delo. 1962. стр. 17. Посетено на 26 April 2013. Познато је да су чобани Ивана Црнојевића по Цетињском пољу и кроз Ловћен чували стоку. Они су саградили цркву.
  8. Istorijski zapisi: organ Istoriskog instituta i Društva istoričara SR Crne Gore. Istorijski institut u Titogradu. 1948. стр. 246. Посетено на 26 April 2013. Влашка црква је подигнута од пастира Ивана Црнојевића
  9. Zlatko Kudelić (2007). Marčanska biskupija: Habsburgovci, pravoslavlje i crkvena unija u Hrvatsko-slavonskoj vojnoj krajini (1611. - 1755). Hrvatski Inst. za Povijest. стр. 131. ISBN 978-953-6324-62-0. Посетено на 26 April 2013. pojmovi "vlaška crkva" ili "vlaški ili grčki obred" označavali su pripadnost Pravoslavnoj crkvi i pravoslavlju.
  10. Јован Ердељановић (1926). Стара Црна Гора: етничка прошлост и формирање црногорских племена. Слово љубве. стр. 299. Посетено на 26 April 2013. ...што су они били по- реклом из Старог Влаха, ова њихова црквица добије назив Влашка Црква .... Да су ту цркву заиста градили ови досељеници из Старога Влаха
  11. Batričević, Đuro; Cvetko Pavlović (10 September 2004). „Legende o Vlaškoj crkvi“. Pobjeda. Посетено на 27 April 2013. Ona je prvobitno bila opletena prućem i oblijepljena blatom, a bila je sagrađena od „plota” i „kočeva”. Vlaška crkva je tri puta prepravljana: prvo kao suvomeđa, zatim od „klačnog zida”, da bi najzad, 1864. godine, dobila svoj današnji izgled.
  12. Ilustrovani zvanični almanah-šematizam Zetske banovine. Državna štamparija. 1931. стр. 251. Посетено на 27 April 2013. Влашка Црква, сазидана како данас изгледа 1864 на темепьима старе цркве из 1450
  13. Michael Spring (20 February 1987). Great Europ Itinerar. Doubleday. стр. 224. ISBN 978-0-385-23336-1. Посетено на 26 April 2013. The railings around the fifteenth-century Vlah Church (Vlaska crkva) were made in 1897 from barrels of 1,550 captured Turkish rifles.
  14. Glasnik Srpskog istorijsko-kulturnog društva "Njegoš". Njegoš. 1979. стр. 125. Посетено на 26 April 2013. Одмах је ту и Влашка црква, са чувеном оградом од пушчаних цијеви, пушака заробљених у граховској бици