Влатко Стоилков
Влатко Стоилков (Кочани, 1962) – универзитетски професор на Факултетот за електротехника и информациски технологии.[1]
Влатко Стоилков | ||
Роден | 1962 Кочани | |
---|---|---|
Националност | Македонец | |
Занимање | универзитетски професор |
Животопис
уредиВлатко Стоилков е роден во Кочани во 1962 година. На Електротехничкиот факултет во Скопје дипломирал во 1986 година, магистрирал во 1993, а докторирал во 2001 година. По дипломирањето се вработил во Рудници и железарница „Скопје” - Ладна валавница, каде работел на одржување на високософистицирана опрема за регулација на петтостепено ладно валање и двостепено дресирање на лимови. Во 1988 година се вработил на Факултетот како помлад асистент. Во професионалната кариера напредувал со избор во звањата асистент во 1994, доцент во 2003, вонреден професор во 2007 и редовен професор во 201х година.[2] Учествувал во наставата по речиси сите базични предмети од областа електрични машини, трансформатори и апарати, а дел од нив (ветрогенератори, ЕЕУ за специјална намена, дигитална расклопна техника, основи на ветрогенераторски системи, електрични машини во ветрогенераторски системи) самиот ги иницирал и вовел во наставата на додипломските и магистерските студии. За мандатниот период 2008-2012 е избран на функцијата продекан за финансии и соработка со стопанството и в.д. управител на Центарот за трансфер на технологии при ФЕИТ. Автор/соавтор е на над 50 научни трудови публикувани во зборници од меѓународни конференции и во меѓународни научни списанија. Учествувал во неколку научно-истражувачки и развојно-истражувачки проекти финансирани од Владата на Република Македонија и домашни компании, како и неколку меѓународни ТЕМПУС и FP програми. Член е на ИЕЕЕ (senior member), како и на СИГРЕ-Париз. Бил претседател на Македонската секција на ИЕЕЕ, а во периодот 2005-2008 бил член на Р8 Комитетот на ИЕЕЕ. Област на неговиот научноистражувачки интерес се вртливите електрични машини, нисконапонските расклопни апарати, трансформаторите и обновливите извори на енергија со акцент на ветрогенераторските системи и биогасот.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 50 ГОДИНИ ФАКУЛТЕТ ЗА ЕЛЕКТРОТЕХНИКА И ИНФОРМАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ. Скопје: Факултет за електротехника и информациски технологии. 2009. стр. 111. ISBN 978-9989-630-58-3.
|access-date=
бара|url=
(help) - ↑ „Редовни професори“. ФЕИТ. Посетено на 4 април 2021.