Владо Цветковиќ
Владо Петрушев Цветковиќ ( 1918 во Старо Нагоричино, Кумановско — 20 октомври 1944 во Шишево, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиПотекнувал од сиромашно селско семејство. Немајќи своја земја, бил принуден да оди по други места и да работи како сезонски работник. Непосредно пред окупацијата на Македонија, работел како работник во Куманово. Во август 1944 година стапил во редовите на Треттата македонска ударна бригада, со која учествувал во сите борби на оваа прославена единица. На 20 октомври 1944 година, храбро загинал во борбата против балистите и Германците, во близина на селото Шишево.[1]