Владовска праисториска населба

праисториска населба кај селото Владово, Воденско, Егејска Македонија

Владовска праисториско населба (грчки: Προϊστορικός οικισμός Άγρας) — праисториска населба и археолошко наоѓалиште кај селото Владово (Аграс) во Воденско, Егејска Македонија, денес во Грција.[1][2] Се состои од дела, кои потекнуваат од различни периоди.

Владовска праисториска населба
Προϊστορικός οικισμός Άγρας
Карта
МестоВладово, Воденско
ОбластЕгејска Македонија, Грција
Координати40°48′22″N 21°59′14″E / 40.8061° СГШ; 21.9873° ИГД / 40.8061; 21.9873
Виднаселба и гробница
Историја
Раздобјебронзено и железно

Во месноста наречена Тумба Чука се остатоците од населба од доцното бронзено време (1650 / 1600-1100 г. п.н.е.), јужно од патот Воден-Лерин, а западно од Владово.[3]

Североисточно од тумбата, на брегот на реката Вода е откриена значајна гробница од железното време (1000-700 г. п.н.е.). Ископани се 50 гроба со изобилство предмети како накит, оружје, грнчарија и замајци од вретена.[3] Низ местото минува римскиот пат Вија Егнација.[1][2] Во 1995 г. наоѓалиштето е прогласено за споменик на културата.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ36/58112/1329 π.ε./30-5-1995 - ΦΕΚ 593/Β/7-7-1995“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-01-27. Посетено на 1 мај 2018.
  2. 2,0 2,1 „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Α1/Φ43/58163/3456/18-12-1997 - ΦΕΚ 1223/Β/31-12-1997“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-01-27. Посетено на 10 јуни 2018.
  3. 3,0 3,1 Замбитис, Александра. „Владово (Аграс)“. Археолошки музеј на Постол. Посетено на 30 октомври 2019. (грчки)