Владимир Леонидович Говоров (руски: Владимир Леонидович Говоров; 18 октомври 1924 - 13 август 2006) бил советски генерал и воен лидер. Тој бил син на советскиот воен командант маршалот Леонид Говоров.

Ран живот

уреди

Владимир Говоров е роден во Украинската Советска Социјалистичка Република во 1924 година од татко Леонид Говоров и мајка Лидија Ивановна. Во 1938 година, Говоров и еден школски пријател решиле да заминат во Шпанија да се борат за шпанската републиканска армија во Шпанската граѓанска војна.

Воена служба

уреди

Служба во Втората светска војна

уреди

Во јуни 1942 година бил регрутиран во Црвената армија. Во 1942 година дипломирал на 2-то Московско специјално артилериско училиште и една година подоцна, и на артилериското училиште во Рјазањ. Во октомври 1943 година Говоров бил испратен во борбите на фронтовите на Големата патриотска војна. Тој бил командант на пиштолскиот вод, а потоа и артилериска бригада на фронтот на Ленинград и на Вториот балтички фронт.[1] Учествувал во опсадата на Ленинград, во офанзивните операции на советските трупи во балтичките држави, како и на Курландскиот џеб.

Повоена служба

уреди

Во 1946 година, тој го завршил средното училиште за артилериски офицер, веднаш станува командант на артилериски баталјон. До крајот на 1949 година, Говоров дипломирал на Воената академија Фрунзе. Истата таа година, тој се приклучил на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз. Во 1963 година, тој дипломирал на Воената академија на Генералштабот и служел во Групата на советски сили во Германија, како началник на генералштабот и прв заменик командант.

Команда на главните формации

уреди

Од 1967–1969 година, Говоров ја извршувал функцијата командант на втората гардиска тенковска армија, а во 1971 година Говоров командувал и со Балтичкиот воен округ. Од 1972-1980 година, тој служел како командант на Московскиот воен округ. Тој станал кандидат-член на КПСС во 1976 година. На 28 октомври 1977 година, Говоров добил ранг генерал на армијата на 60-годишнината од Октомвриската револуција. Бидејќи бил командант на гарнизонот во Москва, тој имал можност да командува со девет воени паради во чест на Денот на Октомвриската револуција на Црвениот плоштад. Во декември 1980 година, тој бил назначен за командант на Далечниот источен воен округ. Во гарнизонот во Москва го наследил генерал Петр Лушев . Додека бил во Хабаровск, тој организирал советска соработка со војската на Виетнам, Камбоџа, Лаос и Монголија. Како резултат на неговата работа, тој бил назначен на функцијата заменик министер за одбрана и главен инспектор на Министерството за одбрана во јуни 1984 година. За неговиот 60-ти роденден, Говоров бил прогласен за херој на Советскиот Сојуз на 17 октомври 1984 година, официјално како признание за неговиот „голем придонес во зголемувањето на борбената готовност, квалификуваното водство и личната храброст покажана во Големата патриотска војна“.[2]

 
Говоров претставувајќи му го знамето на командантот на 29 јуни 1980 година.

Граѓанска одбрана

уреди

На 11 јуни 1986 година, тој бил назначен за шеф на цивилната одбрана. На оваа позиција, тој го надгледувал отстранувањето и справувањето со последиците од катастрофата во Чернобил, како и на сите природни непогоди што се случиле во СССР, како што се ерменскиот земјотрес во 1988 година и земјотресот во Гисар во 1989 година. Под него, започнало големото преструктуирање на службите за цивилна одбрана, пренасочувајќи ги своите активности кон воспоставување на мир. Цивилната одбрана станала основа на руското Министерство за вонредни состојби, кое подоцна било создадено. На 15 август 1991 година, Говоров доставил писмо со кое поднел оставка, и бил ослободен од функцијата од страна на претседателот Михаил Горбачов два дена подоцна (нешто повеќе од 24 часа пред да се случи пучот во август), и бил разрешен од Советските вооружени сили во 1992 година.

Награди

уреди

Одликувања

уреди
  • Херој на Советскиот Сојуз
  • Почесен граѓанин на Улан Уде

Ордени

уреди
  • Орден за заслуги за Татковина од трет степен
  • Орден на Ленин (2)
  • Орден на црвеното знаме (2)
  • Орден на пријателството
  • Орден на патриотска војна од прв и втор степен
  • Орден "За служба на татковината во вооружените сили на СССР" од втор и трет степен

Наводи

уреди
  1. „Vladimir Govorov“. TheFreeDictionary.com. Посетено на 2017-03-20.
  2.   „Владимир Говоров“. Херои на земјата. (руски)