Вија Аквитанија
Вија Аквитанија - римски пат кој бил создаден во 118 п.н.е. во римската провинција Галија. Патот започнал во Нарбона, каде што се поврзувал со Вија Домиција. Потоа одел кон Атлантскиот Океан, преку Тулуза и Бордо, покривајќи приближно 400 километри.
Основање
уредиГнеј Домитиј Ахенобарбус, заедно со Квинт Фабиј Максим Алоброгик, успешно ги поразиле племињата Алоброге и Арверни во Галија во 121 година п.н.е.[1] Ова го елиминирало речиси целото противење на Римјаните во јужна Галија. Некои делови од брегот сè уште биле контролирани од локалните племиња, но тоа не ја попречувало трговијата.[2] Рим добивал почит од Галите сè до Тулуза. Гнеус подоцна служел како проконзул во Галија. Во 118 п.н.е., тој го основал градот Нарбо Мартиус, денешна Нарбона, и ја изградил Вија Домиција за да го олесни патувањето во Шпанија. Виjа Аквитанија е дел на Виjа Домиција што поминува низ југозападна Галија во провинцијата Аквитанија. Не е познато кој ја нарачал Виjа Аквитанија, но веројатно е дека Домитиј Ахенобарбус ја изградил со цел лесно да се плаќа данок од новоосвоените племиња.
Рута
уредиВија Аквитанија бил главниот римски пат во провинцијата Аквитанија. Провинцијата Аквитанија се наоѓа во југозападна Галија. Се граничи на југ и исток со Пиринеите,[3] на запад со Атлантскиот Океан и на север со реката Лоара.[4] Вија Аквитанија започнува во Нарбона, каде што се поврзува со Вија Домиција. Нарбона била првата римска колонија во Галија. Неговата цел била да биде земјоделска колонија.[5] Нарбона подоцна станал важен трговски центар во времето на Август. За време на Pax Romana, патувањето станало побезбедно. Ова довело до зголемување на трговијата.
Покрај Нарбона, два други важни града, Тулуза и Бордо, биле сместени долж Вија Аквитанија . Вија Аквитанија била главната трговска рута што ги поврзувала морските патишта на Атлантикот со Тулуза и Нарбона.[6] Во Тулуза, Вија Аквитанија се вкрстувала со патишта што воделе на север до Лион, кој бил главен пресек на галските патишта. Тулуза подоцна станал главен град на Визиготите. Вија Аквитанија завршувала во Burdigala, денешен Бордо. Бордо бил важен меѓународен трговски град, поради неговата близина до Атлантскиот Океан. Откако Галија била поделена на три провинции Аквитанија, Белгија и Лугдуненсис, Бордо станал главен град на Аквитанија. Вија Аквитанија ги поврза овие важни градови во јужна Галија.
Наводи
уреди- ↑ Coleman H. Benedict (1942). "The Romans in Southern Gaul." American Journal of Philology 63 (1): 47-48.
- ↑ Coleman H. Benedict (1942). "The Romans in Southern Gaul." American Journal of Philology 63 (1): 49.
- ↑ Cambridge Ancient History. Vol. X. London: Cambridge UP, 1970. 487.
- ↑ Strabo. "Geography - Book IV Chapter 2." LacusCurtius - Strabo's Geography. 10 Nov. 2006. 17 May 2007 <http://penelope.uchicago.edu/Thayer/E/Roman/Texts/Strabo/4B*.html>.
- ↑ Cambridge Ancient History. Vol. X. London: Cambridge UP, 1970. 476.
- ↑ Cambridge Ancient History. Vol. X. London: Cambridge UP, 1970. 480.