Вистинска црква на Исус

Вистинската црква на Исус е независна кинеска протестантска црква основана во Пекинг во текот на 1917 година. Денес таа има приближно 1,5 милиони членови во 39 земји и пет континенти и е најголемата христијанска црква во Кина и Тајван[1]. Седиштето на меѓународното собрание на црквата е во Лос Анџелес, САД. Нејзината цел е да го проповеда Евангелието на сите народи, особено во Израел.

Главните учења и верувања на оваа црква

уреди
  1. „Примањето на Светиот Дух, потврдено со зборувањето на јазици, е потврда за нашето наследување на Царството Небесно.“
  2. Крстењето со вода е верски обред за избавување од гревовите и препородување. Крстењето се врши во природна вода, како река, море или извор. Крстителот, кој веќе е крстен со вода и Светиот Дух, го врши крстењето во името на Бог Исус Христос. Личноста која го прима крстењето треба да е целосно потопена во вода со главата наведната и лицето надолу.“
  3. „Обредот на миење на стапалата ни овозможува да се соединиме со Господ Исус. Исто така служи и за постојано потсетување дека треба да имаме љубов, светост, човечност, простување и служење. Секоја личност која била покрстена треба да ги измие нозете во името на Исус Христос. Заемно миење на стапалата се практикува секогаш кога е соодветно.“
  4. Светата причест е обред за паметење на смртта на Бог Исус Христос. Тоа ни овозможува да ги вкусиме телото и крвта на нашиот Бог и да се причестиме со Него, за да можеме да имаме вечен живот и да воскреснеме на Последниот Ден. Овој обред треба да се извршува што е можно почесто. Потребен е само еден бесквасен леб и гроздов сок.“
  5. Сабат, седмиот ден од неделата (сабота), е Свет Ден, благословен од Бога. Се почитува за паметење на создавањето и избавувањето од страна на Господ, со надеж за вечен одмор во идниот живот.“
  6. "Исус Христос, Зборот кој се претвори во тело, умре на крстот за избавување на грешниците, воскресна на третиот ден и се качи на небото. Тој е единствениот Спасител на човештвото, Создавачот на небото и земјата, и единствениот вистински Бог."
  7. "Светата Библија, која се состои од Стариот и Новиот завет, и е инспирирана од Бога, е единствената духовна вистина и претставува стандард за Христијанско живеење."
  8. "Избавувањето е дадено од милоста Божја преку вербата. Верниците треба да се ослонат на Светиот Дух за да трагаат по духовност, да го почитуваат Бога, и да го сакаат човештвото."
  9. „Црквата, основана од нашиот Бог Исус Христос, преку Светиот Дух за време на „второто пришествие“ е возобновената вистинска црква од апостолското време.“
  10. "Второто пришествие на Бога ќе се случи на Последниот Ден кога Тој ќе се симне од небото за да му суди на светот: на праведните ќе им биде даден вечен живот, додека на злобните вечен прогон."

Наводи

уреди
  1. Eric Patterson, Edmund Rybarczyk (2007). The Future of Pentecostalism in the United States. стр. 130. ISBN 978-0739155424.