Вистинска љубов

(Пренасочено од Вистинска Љубов)

Вистинска љубов е романтична и историска мексиканска теленовела, сместена во мексиканскиот период по независноста од средината на 19 век.[1][2]

Вистинска љубов
Жанрдрама теленовела, историска
Создадена одКаридад Браво Адамс
УлогиАдела Нориега
Фернандо Колунга
Маурицио Ислас
Хелена Рохо
Ана Мартин
Воведна тема"Amor Real"
Земја на потеклоМексико
Првичен јазикШпански
Бр. на епизоди95
Производство
Извршен продуцент(и)Карла Естрада
Времетраење45 минути
Прикажување
Првична мрежаКанал2
Надворешни врски
Мрежна страницаesmas.com/amorreal


Серијата е снимена во Мексико, во текот на 2003/2004 година, со 95 епизоди. Серијата стекна огромен успех во целиот свет, а поради тоа и на мексиканските ТВ и Новеле Награди, освои неколку награди, како и најглавната за најдобра теленовела за 2004 година. Оваа теленовела се емитуваше низ целиот свет, а некои ја сметаат и за најдобра теленовела на сите времиња. Во 2005 година добила на ДВД издание со англиски превод.[3] Сепак, со одличната песна исполнета од мексиканскиот пејач Син Бандера, и одличната костимографијa, освоија огромен дел од публиката.

Синопсис

уреди

Чувствителната и префинета Матилде Пењалвер и Беристаин, ни малку не се грижи за однесувањето во тоа време. Таа се заљубува во Адолфо Солис, надевајќи се како нејзиниот добар татко Иларио, ќе и допушти венчавка. Но, нејзината злобна мајка Августа, и нејзиниот брат Умберто, одлучуваат да ја венчаат за богат човек за да ја спаси фамилијата од банкрот. Најдобар кандидат за оваа титула им се гледа Мануел Фуентес Гера, згодно момче кое штотуку го наследило семејното наследство. Напуштен од својата мајка Росарио растел покрај својот татко. Кроејќи ги своите планови, Августа и Умберто го испраќаат Адолфо во затвор и и велат на Матилде дека тој побегнал бидејќи бил женет. Шокирана и потиштена, младата девојка одлучува да се венча со Мануел. После враќањето на имотот, Матилде мора да живее покрај човек што не го сака, но и мора да ја поднесува злобната Антонија, која е заљубена во Мануел. Но сепак, со текот на времето, љубовта на нив двајца, станува се посилнa и Матилде го заборава Адолфо, но сплетките, интригите, лагите и љубомората која ги окружува нив двајца, ќе ги поттикне двајцата заљубени срца, да докажат колку нивната љубов е вистинска...

Улоги

уреди
Глумци Ликови
Адела Нориега Матилде
Фернандо Колунга Мануел
Маурицио Ислас Адолфо
Хелена Рохо Августа
Ернесто Лагуардиа Умберто
Ана Мартин Росарио
Маријана Леви Хосефина
Шантал Андер Антониа
Маурисио Херера Отец Урбано
Ана Берта Еспин Пруденсија
Рафаел Рохас Амадор

ДВД Издание

уреди

Мексиканската продукција Телевиса издаде и оригинален ДВД пакет од серијата Вистинска љубов. Во пакетот се состоат 2 двд цедеа, со сите 95 епизоди.

Емитирање на Балканот

уреди

Македонија: Сител Телевизија
Србија: Пинк Телевизија
Босна и Херцеговина: Пинк БХ
Хрватска: ХРТ1
Бугарија: Евроком
Црна Гора: Пинк М

Наводи

уреди
  1. "Amor real", la nueva serie romántica de La 1 para la sobremesa estival“ (шпански). invertia.com. 2012-07-18. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2013-02-12.
  2. „Univision Debuts 'Amor Real' - an Unforgettable Love Story of Epic Proportions; Sweeping Tale Set in Turbulent 19th Century Mexico“. Business Wire. October 19, 2004. Посетено на 2013-02-02.
  3. Singer, Paola (August 22, 2005). 'Telenovelas' Become A Vibrant New Niche In the DVD Market“. The Wall Street Journal. Посетено на June 16, 2013.[мртва врска]

Надворешни врски

уреди