Фернандо Колунга Оливарес (шпански: Fernando Colunga Olivares) е мексикански глумец во теленовели. Неговата популарност во Латинска Америка, особено во Мексико е огромна, благодарение на бројните улоги во популарни теленовели како што се: „Алборада“, „Вистинска љубов“, „Злобница“, „Есмералда“ и многу други. Благодарение на огромната популарност на неговите теленовели Фернандо се стекна и со меѓународна слава. Има освоенo 2 „Tv y Novelas“ награди (награди кои ги доделува публиката), и една „Los Heraldos“ награда (еквивалент на Оскар-от).

Fernando Colunga
Феррнандо Колунга
Роден(а)Фернандо Колунга Оливарес
Активен1990-денес
Мреж. местоhttp://www.colungateam.com/

Животопис уреди

Фернандо Колунга е роден на 3 март 1966 година во Град Мексико. Неговите родители се Маргарита Оливарес и Фернандо Колунга. Фернандо нема браќа и сестри. Тој е единец во семејството. Неговото детство како што вели било една голема претстава во која имало две главни личности: „Моите родители“ - вели Фернандо. Со нив тој патуваше на речиси сите плажи во Мексико. Уште од 9-годишна возраст пројавил интерес за глумата. Но, завршил на Универзитот во Мексико како инженер. По совет на пријател, се запишал на CEA (Centro de Educación Artística de Televisa), каде што го стекнал своето образование како актер. Пред да ја започне својата глумечка кариера работел и како бармен во дискотеки.

Личен живот уреди

Фернандо не сака многу да зборува за својот приватен живот. Глумецот е сѐ уште ерген. Кога ја снимаше теленовелата „Марија од квартот“ (Maria la del Barrio) се запозна со Талија и тие веднаш се вљубија. Нивната врска траеше една и пол година и не заврши со брак, како што пишуваа мексиканските весници. Денес, Талија е мажена за Томи Мотола магнатот на музичката продукција и сопственик на Сони Мјузик. После врската со Талија, Фернандо не беше во друга сериозна врска. Беше поврзуван со Арасели Арамбула, неговата партнерка од теленовелата „Прегрни ме цврсто“ (Abrazame Muy Fuerte), како и со глумицата Сабине Моусиер. Овие гласини Фернандо жестоко ги демантираше. Поради осаменичкиот живот, во Мексико се шпекулира за неговата вистинска сексуална определеност. Тој понекогаш вели дека сака да има среќен брак каков што неговите родители имале.

 
Фернандо Колунга

Фернандо живее во куќата на неговите родители, затоа што не сака да живее сам во голема куќа. Тој има страст за моторите. Страста за моторите почнала кога татко му му го купил првиот мотор за 12-тиот роденден но морал да почека за да го вози. Фернандо исто така ги сака и традиционалните мексикански јадења - „кесаидите и енчиладите“. Тој има две кучиња - Макс и Тјара. Негово хоби е гледање добри филмови, возење со мотор, вежбање, телоградба и јавање.

Кариера уреди

 
Фернандо Колунга како Карлос Даниел Брачо во теленовелата „Злобница“

Фернандо денес е еден од најбараните глумци од Телевиса. Првата важна улога на Фернандо беше во теленовелата „Марија Мерцедес“, но во оваа теленовела Фернандо не игра главна улога. Својата слава ја стекна во 1996 кога ја толкуваше главната улога во теленовелата „Марија од брегот“ (Maria la del Barrio) каде игра заедно со познатата пејачка и глумица, Талија. После оваа теленовела Фернандо глумеше во теленовелата „Есмералда“ која и ние ја гледавме. Подоцна се појавува во редица други теленовели како: „Злобница“ (La Usurpadora), „Никогаш нема да те заборавам“ (Nunca Te Olvidare) и „Прегрни ме цврсто“ (Abrazame Muy Fuerte) кои беа откупени во повеќе од 180 земји. Токму овие теленовели му ја донесоа славата на Фернандо надвор од границите на Мексико. Tеленовелата „Прегрни ме цврсто“ (2000) каде партнерка му е Арасели Арамбула, беше прогласена за најдобра теленовела во 2000 година од списанието „Tv y Novelas“. Исто така, истата година, за улогата на д-р Карлос Мануел Риверо во теленовелата „Прегрни ме цврсто“ ги доби наградите „Los Heraldos“ и „Tv y Novelas“.

По овој период Фернандо реши да земе пауза од теленовелите и да се посвети на своите театарски ангажмани, како и на реализација на некои филмски улоги. Глумеше покрај Паулина Рубио во филмот „Бакни ме во уста“ (Besame en la Boca). Реализираше улоги и во театарските претстави „Неоригинален грев“ (Pecado No Original) и „Un Engano No Hace Dano“.

Колунга се врати на телевизиските екрани во 2004 со хит теленовелата Вистинска љубов“ (Amor Real), во која глуми покрај „кралицата на теленовелите“ Адела Нориега. Улогата на Мануел во оваа теленовела, му ја донесе втората „Tv y Novelas“ награда. Продуцентката на „Вистинска љубов“, Карла Естрада, му ја понуди главната машка улога во нејзината следна теленовела Алборада. Партнерка во оваа теленовела му е популарната пејачка и глумица Лусерo, којашто токму со оваа теленовела се врати на телевизиските екрани по долгогодишната пауза. Исто како и претходната теленовела, и „Алборада“ доживеа неверојатен успех. Во Мексико моментално се прикажува неговата најнова теленовела Страст“ (Pasion), во која партнерка му е Сузана Гонсалес, нам позната по улогата на Ана Кристина во теленовелатаЉубов и омраза“.

Заедно со Цезар Евора ја реализираа театарската претстава „Стапица на смртта“ (Trampa de Muerte). Најнов филмски проект му е филмот „Крадецот кој го ограби крадецот“ (El Ladron que Roba a Ladron) во кој исто така се појавуваат и Саул Лисазо и Габриел Сото.

Филмографија уреди

Теленовели уреди

  • Cenizas y Diamantes (1990)
  • Alcanzar una estrella II (1991)
  • „Себични мајки“ (Madres Egoistas) (1991) - како Хорхе
  • „Марија Мерцедес“ (María Mercedes) (1992) - како Чичо
  • Más Allá del Puente (1993-1994) - како Валерио
  • „Маримар“ (Marimar) (1994) - како Адријан Росалес
  • „Алондра“ (Alondra) (1994-1995) - како Раул Гутјерес
  • „Марија од брегот“ (María la del Barrio) (1995-1996) - како Луис Фернандо де ла Вега
  • Есмералда (1997) - како Хосе Армандо Пењареал
  • „Злобница“ (La Usurpadora) (1998) - како Карлос Даниел Брачо
  • „Никогаш нема да те заборавам“ (Nunca Te Olvidaré) (1998-1999) - како Луис Густаво Урибе
  • Cuento de Navidad (1999) - како Хаиме
  • „Прегрни ме цврсто“ (Abrázame Muy Fuerte) (2000-2001) - како Карлос Мануел Риверо
  • Navidad Sin Fin (2001) - како Педро
  • „Вистинска љубов“ (Amor real) (2003) - како Мануел Фуентес Гуера
  • Алборада (2005-2006) - како Луис Манрике и Арељано
  • Страст (Pasión) (2007) - како Рикардо де Саламанка и Алмонте
  • Утре е засекогаш (Manana es para siempre) (2008-2009) - како Едуардо Хуарез (Франко Санторо)

Филмови уреди

  • El Mar
  • Fuente Ovejuna
  • Los Hijos del Sol
  • La Cenicienta
  • Marianela
  • Bésame en la Boca (1994)
  • Ladrón que roba a ladrón (2006)

Театар уреди

  • Pecado No Original
  • Un Engaño No Hace Daño
  • Trampa de Muerte

Награди уреди

  • 2000: Los Heraldos за „Најдобар глумец“ -- „Прегрни ме цврсто“ (Abrazame Muy Fuerte)
  • 2000: Tv y Novelas за „Најдобар глумец“ -- „Прегрни ме цврсто“ (Abrazame Muy Fuerte)
  • 2004: Tv y Novelas за „Најдобар глумец“ -- „Вистинска љубов“ (Amor Real)

Надворешни врски уреди