Семирамидини висечки градини

(Пренасочено од Висечките градини)

Семирамидините висечки градини се едно од Седумте светски чуда, чија локација сè уште не е утврдена. Според преданието, изградени се од Набукодоносор II околу 600 п.н.е. за неговата жена која копнеела по родниот крај каде имало бујна вегетација.

Семирамидините градини според Мартен Хемскерк (XVI век). Во позадината се гледа Вавилонската кула.
Семирамидини градини, интепретација од XX век
Седум светски чуда
Кеопсова пирамида
Семирамидини висечки градини
Статуа на Зевс во Олимпија
Храм на Артемида во Ефес
Мавзолеј во Халикарнас
Колос од Родос
Светилник во Александрија
Уредете ја оваа кутија

Овие бујни висечки градини се опширно документирани од старогрчките историчари како Страбон и Диодор Сицилиски, но освен тоа, нема наоди кои би го потврдиле нивното постоење, т.е. не постои ниту еден вавилонски запис кој зборува за ваква градина. Иако се собрани извесни наоди кои укажуваат на нешто такво, тие не го потврдуваат она што ние го знаеме од историчарите, што впрочем личи на фантазирање.[1] Низ вековите локацијата на градината можеби се помешала со градина во Нинива, бидејќи таму наоѓаме јасни прикази на градини. Текстот на овие таблици зборува за (можна) употреба на направа слична на Архимедовиот винт за подигање на вода на дадена височина. Доколку навистина постоеле овие градини, веројатно е дека биле уништени некаде после првиот век од нашата ера.[2][3]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Finkel 2008
  2. „The Hanging Gardens of Babylon“. Посетено на 5 February 2014.
  3. „The Hanging Gardens of Babylon“. Посетено на 5 February 2014.

Надворешни врски

уреди