Випала (ајмарски и кечуански: Wiphala) e знаме или амблем во форма на квадрат кој го користат, и ги претставува, староседелските народи на Андите во денешни Боливија, Перу, Еквадор и делови од Аргентина, Чиле и Колумбија. Денес има неколку верзии на випалата, кои потекнуваат од випалата на Тавантинсују и секоја покраина на Тавантинсују имала своја випала.

Випала од Куласују, едно од официјалните знамиња на Боливија.

Випалата е составена од 49 квадрати во седум разлиучни бои распоредени дијагонално. Распоредот на боите е во зависност од тоа која покраина на Тавантинсују го користела. Така на пример, најдолгата дијагонална централна боја ги претставувала покраините, односно: белата Куласују, жолтата Кунтисују, црвената Чинчајсују и зелената Антисују (иако има и алтернативна верзија за ова знаме). Випалата се користела и од Тупак Катари, а денес и во градот Куско, но тоа знаме е составено од седум хоризонтални ленти наместо квадрати.

Според членот 6 од уставот на Боливија, випалата е исто така официјално знаме на државата покрај старото трибојно.[1][2]

Випалата е составена од 7 бои - боите на виножитото. Значењето на боите е:

  • црвена: земјата и андските луѓе
  • портокалова: општеството и културата
  • жолта: енергијата
  • бела: времето
  • зелена: природни извори
  • сина: небото
  • виолетово: андската влада и самоопределувањето

Випали

уреди

Наводи

уреди
  1. "Bandera indígena boliviana es incluida como símbolo patrio en nueva Constitución", October 21, 2008, United Press International.
  2. Republic of Bolivia, [Text of the proposed] Nueva Constitución Política del Estado, 2007.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди