Винца

река во Гребенско, Егејска Македонија

Винца (грчки: Βίντσα) — река во Гребенско, Егејска Македонија, лева притока на Бистрица.[1]

Винца
Βίντσα
Местоположба
ЗемјиГрција
КрајГребенско, Егејска Македонија
Физички особености
Извор 
 • местоЦрвена Гора
 • координати40°02′27″N 21°45′39″E / 40.0408° СГШ; 21.7608° ИГД / 40.0408; 21.7608
Устие 
 • место
Бистрица кај Земњач
 • координати
39°57′50″N 21°42′55″E / 39.9639° СГШ; 21.7152° ИГД / 39.9639; 21.7152
Особености на сливот
Винца во рамките на Гребен (општина)
извор
утока

Реката извира на планината Црвена Гора источно од врвот Падес (1.110 м). Тече на север, по што западно од врвот Микро Кастраки (1.126 м) свртува на запад, а кај врвот Вуртопос на југозапад. Тука го носи името Палиомадано[1] или Палиоманданос.[2] Излегува од планината источно од врвот Панделони и фаќа јужен правец. Тука го носи името Хаврос. Минува источно од врвот Кукос (689 м) и го добива истото име Кукос. Се влева во Бистрица под името Винца кај селото Земњач.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  2. Kozáni GSGS (Series); 4439. 1st ed. Lambert conical orthomorphic spheroid Bessel proj. Prime meridians: Greenwich and Athens. "Reproduced from M.D.R. London: War Office. 1944. Text "610/10395." In collections: Greece 1:100k Topographic Maps. Digital Archive McMaster University " ignored (help)