Вилхелм Адалберт Хозенфелд (2 мај 1895 – 13 август 1952), бил учител и офицер на германската армија, кој кон крајот на Втората светска војна добил чин Хауптман (капетан). Тој помогнал да се скријат и да се спасат неколкумина Полјаци, вклучувајќи и Евреи, за време на окупацијата на Полска, а му помогнал и на полскиот Евреин пијанист и комозитор Владислав Шпилман да преживее скриен во урнатините на Варшава за време на последните месеци од 1944 година, чин кој е прикажан во филмот од 2002 година Пијанист. Одведен е како заробеник на Црвената армија и умрел во заробеништво со Советскиот Сојуз, седум години подоцна.

Вилм Хозенфелд
Роден2 мај 1895(1895-05-02)
Хинфелд, Хесен-Насау, Кралство Прусија, Германско Царство
Починал13 август 1952(1952-08-13) (возр. 57)
Сталинград, Руска Советска Федеративна Социјалистичка Република, Советски Сојуз
ДржаваГерманско Царство Германско Царство
 Трет Рајх
Служба1914–1917
1939–1945
ЧинКапетан
ЕдиницаWach-Bataillon (гардист) 660
Битки/војниПрва светска војна
Втора светска војна
ОдликувањаЖелезен крст, прва класа
Wound Badge in Black
War Merit Cross 2nd Class with Swords
Cross of Honour
SA sport Badge
Order of Polonia Restituta

Во јуни 2009 година, Хозенфелд посмртно бил признат од Јад Вашем (официјален израелски меморијален центар на жртвите погубени во Холокаустот) како еден од Праведните меѓу народите.

Животопис уреди

Роден е во семејство на побожни римокатолички учители, кои живееле во близина на Фулда. Во текот на неговото детство и школување, биле нагласувани католицизмот и христијанската праведност. Големо влијание врз него извршиле католицизмот, доброволната христијанска работа, но и пруската послушност, и германскиот патриотизам. Во бракот, големо влијание извршила неговата сопруга, Ана Марија, која негувала пацифизам. Од 1914 година, бил активен војник во Првата светска војна, а по неколку повреди, во 1917 година го добил орденот „Железен крст, втора класа“.

Втора светска војна уреди

 
Куќата во Варшава, каде Вилм Хозенфелд му помагал на Владислав Шпилман
 
Комеморативната плоча на зградата

Хозенфелд бил регрутиран Вермахт во август 1939 година, и стациониран во Полска од средина на септември 1939 година, сè до заробувањето од страна на Советската армија на 17 јануари 1945 година. Неговото прво одредиште било Пабјанице, каде што бил вклучен во изградба и водење на заробенички камп. Потоа, бил преместен во Венгров во декември 1939 година, каде што останал сè додека неговиот батаљон бил преместен во Јадув, кон крајот на мај 1940 година. На крајот, тој бил преместен во Варшава, во јули 1940 година, каде останал до крајот на војната, како гардист на извидничкиот батаљон (Wach-Bataillon 660), каде служел како офицер.[1]

Станал член на Нацистичката партија во 1935 година, но со тек на времето сфатил дека партијата имала лошо однесување кон Полјаци, посебно кон Евреите. Тој заедно со неколкумина офицери на германската армија, сочувствувале со Полјаците. Се срамеле од постапките на своите сонародници, па помагале кога и да можеле.

Хозенфелд се спријателил со многумина Полјаци, и дури се обидел да го научи полскиот јазик. Тој исто така посетувал литургии во полските цркви, иако ова било забрането од Нацистичката партија. Помошта што ја пружал започнала во есента 1939 година, кога спротивно на правилата, им дозволувал на полските затвореници да се видат со своето семејство, и помогнал на барем еден од нив да биде ослободен.[2] За време на неговиот престој во Варшава, Хозенфелд ја користел својата позиција за да им помогне на луѓето, меѓу кои и на барем еден политички осуден Германец, кој бил противник на нацизмот, и уапсен од Гестапо. За некои, Хозенфелд набавувал документи кои им биле потребни и ги вработувал на спортското игралиште каде тој бил главен.[3]

Хозенфелд бил заробен од Советите во Блоње, мало гратче во Полска, околу 30 км западно од Варшава, со луѓето од Вермахт кои ги водел.

Заробеништво и смрт уреди

Тој бил осуден на 25 години тешка робија[4] за воени злосторства, и бил мачен од Советските тајни служби, бидејќи тие верувале оти Хозенфелд бил активен во германската Абвер дури и на Зихерхајтсдинст. Во 1946 година, во писмо до својата сопруга, која живеела во Западна Германија, Хозенфелд ги именувал Евреите кои тој ги спасил, и ја молел да ги контактира и да ги замоли за помош да биде ослободен.

Во 1950 година, Шпилман го дознал името на германскиот офицер кој му помагал. После подолго време, Шпилман стапил во контакт со човекот кого го сметал за „ѓубре“ – Јакуб Берман, главен на полската тајна полиција. После неколку дена, Берман го посетил Шилман и му рекол дека не може ништо да стори: Да беше твојот Германец сè уште во Полска, ќе го ослободевме. Но, нашите пријатели во Советскиот Сојуз, не го ослободуваат. Тие велат дека твојот офицер бил шпион, и ние не можеме ништо да сториме по тоа прашање. Јас не сум моќен овде..[5]

Шпилман не му поверувал на Берман дека не може ништо да стори. Во интервју со Волф Бирман, Шпилман го опишал Берман како „моќник на Сталин“, и се пожалил „Јас се обратив до најголемата битанга, и со тоа не направив ништо добро.“[6]

Капетанот Вил Хозенфелд умрел во руски заробенички логор на 13 август 1952 година, нешто пред 10:00 часот вечерта, поради пукање на градната аорта, најверојатно после претрпено мачење.[7]

Наводи уреди

  1. Vogel, p. 56
  2. Vogel, p. 40
  3. Vogel, p. 933
  4. Vogel, p. 968-69, back flap
  5. Wladyslaw Szpilman, The Pianist, 1999. Pages 220-221.
  6. The Pianist, page 221.
  7. Vogel, p. 146