Вилијам Тел (драма)
Вилијам Тел (германски: Wilhelm Tell) — драма напишана од Фридрих Шилер во 1804 година. Во центарот на приказната е легендарниот швајцарски стрелец Вилијам Тел, како дел од поголемата борба на Швајцарија за независност од Хабсбуршката монархија во раниот 14 век. Операта во четири чинови на Џоакино Росини, Гијом Тел била напишана според француската адаптација на драмата на Шилер.
Подготовка на драмата
уредиДрамата била напишана од Шилер некаде меѓу 1803-тата и 1804-тата година,[1], првото издание било објавено истата година (1804) во тираж од 7000 примероци.[1] Од моментот на ова издание, Шилеровиот Вилијам Тел била преведена на многу јазици.[1]
Фридрих Шилер (кој никогаш не бил во Швајцарија, но бил добро запознаен со тамошните прилики бидејќи бил историчар), добил инспирација да напише претстава за легендарниот швајцарски стрелец Вилијам Тел, од неговата сопруга Лоте, која пак, ја познавала Швајцарија од нејзино лично искуство.[1] По враќањето на неговиот пријател Јохан Волфганг Гете, од неговото второ патување до езерото Луцерн во 1779 година, Шилер започнал да собира извори.[1] Според сведочењето на Гете, токму тој му раскажал на Шилер за местата во Швајцарија, а Шилер бил толку голем дух, што можел нив да ги претстави реалистично.[2]
Повеќето информации на Шилер за историјата на Швајцарија се извлечени од: Хроникон Хелветикум од Егид Чуди (латински: „Швајцарска хроника“), Историја на Швајцарскиот Сојуз од Јоханес фон Милер (германски: Geschichten Schweizerischer Eidgenossenschaft ), како и две хроники од Петерман Етерлин и Јоханес Штумпф.[1]
Синопсис
уредиСудбоносното непријателство на тиранот Геслер, Гувернер на швајцарските кантони и Вилијам Тел, мрачниот ловџија, започнува за време на бура на езерото Луцерн, кога Тел јуначки се справува со лутите бранови веслајќи на безбедно еден селанец кој бил гонет од коњаниците на Гувернерот. "Езерото може да се сожали на него, но Гувернерот никогаш," вели Тел.
Мислењето кое Вилијам Тел го има за крвожедникот Геслер, го делат сè повеќе селани, особено како што угнетувачот ги полни старите затвори и гради огромен нов затвор во Алтдорф за уште повеќе жртви, и ја поставува неговата капа на столб пред затворот, наредувајќи им на сите кои тука поминуваат да ѝ се поклонат или да ја платат казната со смрт. Гневот на јавноста се разгорува во бунт кога Геслер ослепува еден остарен човек за безначаен прекршок. Тел, индивидуалистот, се држи на страна од одборите на бунтовниците, но ја ветува неговата помош кога е потребна.
Еден од пријателите на селаните е остарениот Барон од Атингхаузен, но неговиот внук и наследник, Улрих од Руденц фасциниран од сјајот на дворот на Геслер и неговата љубов кон Берта, Геслеровата штитеничка, влегува во сојуз со тиранинот. Барон го предупредува Улрих дека Берта ја користат како мамка за него, и дека на крајот ќе победат слободољубивите луѓе, но младичот тргнува да му се придружи на Геслер. Додека тие се заедно на лов, Берта открива дека ќе го сака единствено ако се приклучи кон борбата за ослободување на неговиот народ од Геслеровите стеги.
Тел се подготвува за ветената посета на неговиот свекор, кој е и водач на бунтовниците и неговата сопруга, тој пак стравува дека Гувернерот го смета Тел за непријател, и залудно го моли да го одложи патувањето. Тел инсистира дека нема зошто да се плаши и тргнува на пат со неговиот самострел, придружуван од неговиот син, Валтер. Тие поминуваат покрај затворот каде Тел не ја поздравува капата на Гувернерот и затоа бива заробен од еден чувар. Неколку селани се обидуваат да го спасат, кога ловечката група на Гувернерот дојавува, и Геслер бара објаснување од ловџијата. Тел јавно изјавува дека фактот што не ја поздравил капата бил превид, а Гувернерот забележува дека има слушнато како Тел е мајстор на лакот. Валтер се фали: „Да, господару! Татко ми може да погоди јаболко на растојание од 100 јарди (91m)!“ Вели Геслер: „Одлично, сега ќе ја докажеш својата вештина. Стрелај во јаболко на главата на момчето. Ако промашиш, твоја глава ќе ја плати казната.“
Набљудувачите се ужаснати. Тел паѓа на колена, молејќи го Геслер да ја повлече толку варварската наредба. Тој ги нуди сопствените гради, но Гувернерот се смее и вели: „Не го сакам твојот живот, туку истрелот - доказот за твојата вештина.“ Момчето проговорува: „Пукај, Татко! Не се плаши. Ветувам дека ќе стојам мирно.“ Тел вади две стрели од футролата, едната ја става на појасот, нанишанува со другата и ја пушта по нејзиниот пат. Момчето останува мирно да стои. Валтер дотрчува до неговиот татко, плачејќи: „Еве го јаболкото, Татко! Знаев дека нема никогаш да ме погодиш мене!“
Тел паѓа на колена за да го прегрне својот син, но Геслер нема завршено со него: „Еден збор со тебе, Тел“, му наредува. „Забележав како постави и втора стрела на твојот појас... која беше целта?“ Тел одговара: „Ако првата стрела го погодеше моето дете, втората ќе го погодеше твоето срце.“
Заради овој одговор, Геслер наредил да го врзат и да го одведат во затворот во Кјуснахт заради неговата закана; но се појавила голема бура што се покажало како спас за ловецот. Бидејќи единствено тој можел да го управува бротчето низ бурата, чуварите му ги одврзуваат рацете и Тел го води бротчето до еден раб, каде скокнува од бротчето и со ногата го оттурнува бротчето на неговите заробувачи назад во брановите. И сега, Тел му вели на еден рибар дека планира: „дело кое ќе биде во устата на сите!“
Во меѓувреме, Берта е потпомогната од луѓето на Геслер. Улрих, кој претходно го осудил неговиот господар заради премрежето на Тел и изјавил дека понатамошниот молк би бил предавство за неговата земја и за неговиот Крал, преминал целосно на страната на неговиот народ. Но, тој се враќа премногу доцна за да го најде стариот Барон од Атингхаузен жив; неговиот чичко починал со следната наредба кон селаните: „Времето на благородниците изминува. Новиот ден на народот е близу... се коси цвеќето на витештвото, но слободата го вее нејзиното освојувачко знаме високо.... Држете се цврсто заедно луѓе - држете се засекогаш цврсто.... Бидете едно - бидете едно - бидете едно----“
Улрих ги собира селаните и бива назначен за нивен водач. Тој наредува да се наоружаат и да чекаат на огнен знак од планинските врвови, и тогаш да тргнат кон тиранинот. Сепак, еден уште позлокобен лик од востанието се крие во една испукнатина на рид кој гледа на патот. Тел, со самострелот подготвен во неговите раце, го чека Геслер, за кој се очекува дека треба да помине по патот. Геслер наскоро се појавува со неговата свита. Неговиот пат е препречен од Армгарт, селанка и нејзините седум деца. Таа му се жали на Гувернерот: „Милост, господару! Извинете!... Извинете!... Мојот сопруг лежи во затвор. Моите деца плачат за леб. Милост, господару мој, имајте смилувајте се на мене!“
Геслер вика: „Отстапи, или така ми Рајот, ќе те прегазам!“ Армграрт се фрла себеси и нејзините деца пред коњите, плачејќи: „Добро, тогаш прегази нѐ.“ Геслер вика: „Јас сум бил премногу благ владетел на овие луѓе. Од сега па натаму, морам да се променам. Ќе прогласам нов закон низ целата земја. Јас ќе----“
Реченицата никогаш не е завршена; стрела го пробива неговото тело. Стиснувајќи ги градите, Геслер извикува: „Ова е дело на Вилијам Тел!... O Господи, помилувај ја мојата душа!“ Армгарт се радува: „Мртов, мртов! Тој се тетерави, тој паѓа!... Гледајте, деца! Ова е како тиранинот умира!“
Стрелата која го убила Геслер ги запалува сигналните пожари на револуцијата, и на зазорување, селаните и работниците ги рушат затворите. Во еден ја наоѓаат Берта; и ја спасуваат во моментот кога запалени талпи за малку би паднале врз неа. Ослободените селани, меѓу нив и Улрих и Берта, сега ја опколуваат куќата на Тел викајќи: „Да живее Вилијам Тел, нашиот заштитник и спасител!“ Берта, поздравувајќи ги обичните луѓе како другари, бара да биде прифатена во нивната Лига на слободата. Нејзиното барање е одобрено и таа му ја дава нејзината рака на Улрих. Тој објавува: „И од овој момент сите мои кметови се слободни!“
Но, наскоро пристигнува абер дека врз Алберт, Царот на Австрија, бил извршен атентат од неговиот внук Џон. Еден ден, сопругата на Тел прима посетител во нивната куќа; тоа е веројатно калуѓер, но Тел набрзо го препознава Џон, маскиран како калуѓер, во бегство од неговите гонители кои би биле и негови заробувачи. Џон, знаејќи дека Тел го убил Геслер, очекува одобрувачка порака од стрелецот, кој, наместо тоа, го осудува неговото злосторство. Сепак, Тел му помага на Џон да побегне, под услов Џон да се искупи за неговото злодело што е можно поскоро.
Историја на изведби и влијание
уредиПрвата јавна изведба на Шилеровата Вилијам Тел била поставката во Вајмар во режија на Јохан Волфганг Гете, на 17 март 1804 година.[1] Во летата од 1912 до 1914 година и повторно помеѓу 1931 и 1939 година, драмата на Шилер била поставена во Интерлакен. Претставата била снимена и во германска и во англиска изведба во 1934, а во двете верзии играле истите главни глумци (Конрад Вејд како Геслер). Од 1947 година, претставата се поставува годишно во Интерлакен на Телешпил.[3] Во 2004 година, претставата на Шилер за првпат беше поставена во Рути по повод нејзината 200-та годишнина. Од 1938 година, оваа претставата се поставува за време на секој викенд на Денот на трудот во Нов Гларус, Висконсин на англиски јазик, а до неодамна и на германски јазик.[4]
Ликовите од претставата се користат во националниот шпил на карти на Унгарија (исто така се користат и во околните земји). Шпилот бил направен во времето пред унгарската револуција од 1848 година, кога револуционерните движења се буделе насекаде низ Европа. Асовите ги прикажуваат четирите годишни времиња. Долго време се верувало дека картите биле измислени во Виена, во работилницата за правење и боење карти на Фердинанд Пјатник, но во 1974 година првиот шпил бил пронајден во приватна колекција во Англија, а на него го пишувало името на изумителот и создавачот на шпилот: Јосеф Шнајдер, Мајстор за боење карти од Пешта, и датата на нивното создавање како 1837 година. Доколку тој не ги избрал ликовите од делото на Шилер, туку доколку ги избрал Унгарските херои или борци за слобода, неговиот шпил карти никогаш немало да биде ниту пуштен во употреба заради огромната цензура од Владата во тоа време. Иако ликовите на картите се од Швајцарија, овие карти не се познати во Швајцарија.
Хосе Ризал, познатиот филипински револуционерен националист и автор, ја превел драмата на неговиот мајчин Тагалски јазик во 1886 година, земајќи голем дел од својата книжевна и политичка инспирација од Шилер и неговите дела. Во текот на 19 век, Вилијам Тел инспирирал многу борци за слобода, на пример во Италија и во Руското царство.
Иако претставата на Шилер била често поставувана за време на нацистичкиот режим, таа била забранета за јавни изведби во 1941 година.[1] Адолф Хитлер, кој за само малку избегнал обид за атентат од младиот Швајцарец Морис Баво (кој подоцна бил наречен „Новиот Вилијам Тел“ од Ролф Хохут), е кажано дека јавно го објавил неговото жалење дека Фридрих Шилер го овековечил швајцарскиот снајперист Вилијам Тел („Ausgerechnet Schiller musste diesen Schweizer Heckenschützen verherrlichen“ - „Од сите луѓе, Шилер мораше да го глорифицира овој швајцарски снајперист“).[1][5]
Во 1949 година претставата била прилагодена во италијански филм Вилијам Тел со Џино Черви кој го играл Тел.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 1,8 Tell-Freilichtspiele Interlaken .
- ↑ J. P. Ekerman, Razgovori sa Geteom: Poslednjih godina njegova života. Rad, Beograd, 1960, стр. 4.
- ↑ http://www.tellspiele.ch/
- ↑ http://www.wilhelmtell.org/
- ↑ Крв на сцената, 1600-1800 : Пресвртница Убиства во убиство, мистерија и осакатување, од Амнон Кабатник (роден 1929), Роуан и Литлфилд (2017), стр. 660;