Вила Тина (Гевгелија)
Вила Тина — стара станбена зграда во градот Гевгелија, прогласена за културно наследство на Македонија.[1]
Вила Тина | |
---|---|
Поглед на вилата (2021 г.) | |
Општи податоци | |
Статус | споменик на културата |
Вид | куќа |
Адреса | Маршал Тито бр. 13 |
Град | Гевгелија |
Земја | Македонија |
Завршена | 1924 |
Технички податоци | |
Катови | 2 |
Проектирање и изградба | |
Архитект | Борис Дутов |
Местоположба
уредиВилата се наоѓа на главната улица на Гевгелија близу железничката станица.[1]
Историја
уредиОбјектот е подигнат помеѓу Првата и Втората светска војна, најверојатно во 1924 година. Проектот бил на архитектот Борис Дутов од Белград, кој бил автор на повеќе објекти во Скопје од тој период.[1]
Објектот е во приватна сопственост.
Архитектура
уредиВилата се разликува од она што како негово дело е изведено во Скопје. Овој тип на градба е со сутеренско приземје и кат.
Објектот бил предвиден како градска вила со дворна површина во предниот дел. Челната фасада е решена на тој начин што особено е нагласен катот, со оглед на тоа што приземјето е сутеренско, на кој од десната страна има пространа тераса до која водат ѕидани скали.
Галерија
уреди-
Поглед на вилата од улицата
-
Вилата во 2012 г.
Поврзано
уредиНаводи
уредиНадворешни врски
уреди- Вила Тина (Гевгелија) на Ризницата ?