Виктор Рубан (роден 24 мај 1981 во Харков, СССР) е поранешен украински најдобар стреличар и освојувач на златен олимписки медал од игрите во Пекинг во 2008.

Виктор Рубан
Медали

Рубан на игрите во Лондон 2012
Машко стреличарство
Натпреварувач за  Украина
Олимписки игри
Златен медал - прво место Пекинг 2008 Поединечно
Бронзен медал – трето место Атина 2004 Тимски

Летни олимписки игри 2004

уреди

На игрите во Атина во 2004, Рубан се натпреварувал во поединечната категорија од машкото стреличарство. Тој во својот прв натпревар забележал победа и се пласирал во најдобрите 32 а потоа повторно забележал победа и се пласирал во осминафиналето од олимпискиот турнир. Во третиот натпревар, Рубан бил поразен од британецот Лоренс Годфри. По поразот Рубан се пласирал на 13-то место. Рубан исто така бил дел и од украинскиот тим во стреличарство на игрите, со кој успеал да го освои бронзениот медал.

Летни олимписки игри 2008

уреди

На Олимписките игри 2008 во Пекинг Рубан ја завршил првата рунда на рангирање со 678 бода, само еден бод помалку од стреличарот Хуан Рене Серано и подеднаков број бодови како индиецот Мангал Чампија. Овој резултат го рангирал Рубан како трет носител во главното натпреварување. Во првата рунда тој го победил Египќанецот Магед Јусуф со резултат 111-96. Во втората рунда Рубан издвојувал лесна победа против австралиецот Мајкл Нереј со резултат 115-105 и преку полјакот Јачек Проч (114-108) во третата рудна се пласирал во четвртфиналето. Таму немал проблем, победувајќи го јапонскиот стреличар Морија Руичи со 115-106. Во полуфиналето Рубан одиграл нерешено против русинот Баир Баденов откако двајцата оствариле резултат 112. Бидејќи натпреварот завршил без победник била одиграна уште една дополнителна рунда во која Рубан постигнал 20, а противникот Баденов постигнал 18 бода. Во финалето тој го освоил златото победувајќи го јужнокореанскиот стреличар Парк Кунг-Мо со тесни 113-112.

Надворешни врски

уреди