Википедија:Уредувачки натпревари/Биосферни резервати во светот

Уредувачки натпревар на тема
„Биосферни резервати во светот“

 

од 19 април до 9 мај 2021 година

 

Уредувачки натпревар на тема „Биосферни резервати во светот“ — проект на здруженијата на граѓани „ГЛАМ Македонија“, „Споделено знаење“ и Википедија на македонски јазик, кој има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии на тема „Биосферни резервати во светот“. Право на учество на натпреварот ќе имаат исклучиво ученици на возраст од 15 до 18 години. Сите останати немаат право на учество на натпреварот!

Важно: Пред да уредувате, погледајте ги напомените во „Материјали“ подолу со цел да знаете за кои статии треба да пишувате.

Натпреварот почнува на 19 април 2021 г. во 00:00 ч. и завршува на 9 мај 2021 г. во 23:59 ч. по македонско време.

Доколку сте заинтересирани за учество, пријавете се подолу (со напатствија).

Учесниците во рамките на натпреварот треба да уредуваат статии, кои недостигаат на Википедија на македонски јазик. Бидејќи темата е специфична, ве замолуваме прочитајте ја во целост оваа страница. Доколку имате некои прашања, поставете ги на страницата за разговор на истава страница, така што ќе бидат одговорени од нашите корисници.

Сите статии треба да бидат напишани во склад со начелата и правилата на Википедија, па така сите статии треба да бидат напишани на енциклопедиски стил и да имаат извори. При уредување на натпреварот или по завршувањето на истиот, сите учесници треба да се запишат со кои статии учествувале. Напомена: На крајот од секоја седмица ќе биде прогласена најдобрата статија создадена во тој временски период, а не најголем број на создадени статии. Сепак можете да учествувате со повеќе добри статии, со што ќе си ја зголемите можноста да добиете една од наградите.

Статиите ќе ги прегледува жири, кое ќе биде составено од тројца википедијанци. Жирито ќе ја донесе конечната одлука за победниците. Членовите на жирито ќе ги прегледаат сите статии и секоја ќе ја бодуваат поединечно со бодови од 1 до 10.

Член на жирито може да даде и оцена 0 доколку смета дека статијата воопшто не ги задоволува условите на натпреварот (на пример, ако е помала од 5.000 бајти или ако е напишана со машински превод кој е неразбирлив). На натпреварот не се признаваат статии напишани автоматски, односно со помош на бот. Исто така, списоци и статии кои содржат главно табели, нема да се вреднуваат како добри статии.

Победник на натпреварот ќе бидат учесникот кој ќе собере најмногу бодови.

На натпреварот имаат можност да учествуваат сите регистрирани корисници ученици на возраст од 15 до 18 години, на Википедија на македонски јазик, а за најдобрите учесници се обезбедени награди.

Список на натпреварувачи уреди

Додајте го своето име и статиите создадени во соодветниот период доколку сакате да учествувате:

Евиденција за прва седмица (19-25 април 2021)
Евиденција за втора седмица (26 април - 2 мај 2021)
Евиденција за трета седмица (3 мај - 9 мај 2021)

Материјали уреди

На страницата на УНЕСКО се набројани сите Биосферни резервати во светот. При создавање на нова статија, побарајте ја истата на некое друго јазично издание, на пример нека послужи соодветната категорија од Википедија на англиски јазик: Category:Biosphere_reserves_by_country.

Членови на жирито уреди

  1. Dandarmkd (Ж1)
  2. MacedonianBoy (Ж2)
  3. P.Nedelkovski (Ж3)

Награди уреди

Наградите за овој натпревар се предвидени да бидат вредносни купони за книги/материјали, техничка стока или спортска опрема по избор на добитникот. На натпреварот ќе се доделат три награди за најдобрите статии по седмица, како и три награди за најдобрите уредници по завршување на трите недели. Еден учесник има можност да добие повеќе награди, на пример награда за најдобра статија по седмица, како и награда за најдобар вкупен придонес. Наградените ќе бидат прогласени по оценувањето на статиите од страна на жири-комисијата.

Прва седмица уреди

Вредносен купон во вредност од 1.000 денари.

Втора седмица уреди

Вредносен купон во вредност од 1.000 денари.

Трета седмица уреди

Вредносен купон во вредност од 1.000 денари.

На крајот од трите седмици уреди

  • Прва награда: вредносен купон во вредност од 3000 денари.
  • Втора награда: вредносен купон во вредност од 2000 денари.
  • Трета награда: вредносен купон во вредност од 1000 денари.

Резултати уреди

Списокот на оценети статии е достапен на соодветните седмични страници. Во табелата во продолжение се рангирани учесниците врз основа на збирниот резултат на оценките доделени од страна на членовите на жири-комисијата.

Број Корисник Збирен резултат
1 SK827 787
2 Pta345MK 658
3 SirGoldenBlade 265
4 Krstevska123 48
5 Ina pet 26
6 Velichovskas 17
7 Vila Rosa 5
Награда за најдобра статија