Википедија:Македонија

Оваа страница документира официјално начело на македонската Википедија, општоприфатен стандард што сите уредувачи треба да го следат. Ако ја уредувате оваа страница, Ве молиме прво уверете се дека за Вашата промена постои консензус. Ако се двоумите, прво дискутирајте на страницата за разговор.
Кратенки:
ВП:МК
Најважното од страницава: „Македонија“ се однесува за државата која официјално е позната и како „Северна Македонија“, а „Македонија (регион)“ за етно-географскиот регион.
Начела на Википедија
Глобални начела
Пет столба
Што не е Википедија
Занемарете ги сите правила
Начела за содржина
Неутрална гледна точка
Проверливост
Без оригинално истражување
Биографии на живи личности
Именување на статии
Работење со други
Учтивост
Без лични напади
Без правни закани
Консензус
Разрешување на спорови
Повеќе
Список на начела
Список на напатствија

Ова е начело за именување на статиите поврзани со државата Македонија и истоимениот етно-географски регион. Начелата се поделени по тема.

Територијално-политички значења

уреди
Држава
  • Независната држава која службено е позната како „Северна Македонија“ според Договорот од Преспа на Википедија на македонски јазик е именувана како Македонија.
    • Придавка: македонски/ македонска/ македонско
    • Народ: Македонци
    • Националност: Македонци
    • Државјанство: македонско
    • Јазик: македонски
Регион
  • Поширокиот етно-географски регион на Балканскиот Полуостров на Википедија е именуван како Македонија (регион), а се користи и поимот Етничка Македонија.
  • Придавка: нема, се користи „во/ на регионот Македонија“
  • Области:
    • Вардарска Македонија, географска област на регионот Македонија која се совпаѓа со независната држава Македонија
    • Пиринска Македонија, географска област на регионот Македонија, македонско и историско име на денешната Благоевградска област во Бугарија
    • Егејска Македонија или Беломорска Македонија, географска област на регионот Македонија во Грција. Во Грција се именува како Грчка Македонија, Северна Грција или само Македонија.
Белешка: Не постои придавки за областите Вардарска, Егејска и Пиринска Македонија.

Службени придавки

уреди

Со промената на името на државата Македонија во Северна Македонија, установено е и забраната за употреба на придавките „северномакедонски“, „северномакедонска“, „северномакедонско“ и „Северномакедонци“. Придавките изведени од името „Македонија“ остануваат во употреба.

Државните институции на Македонија на Википедија на македонски јазик се именуваат според името на државата, односно „Македонија“. Службените верзии на имињата на институциите користени од самите нив се во описна форма, односно „[институција] на Севрна Македонија“. Поради разликите во именувањето на инстуциите, односно општоприфатените називи наспроти новите службени, Википедија го користи следниот принцип:

„Имињата на институциите остануваат како што биле пред промената на името на државата, односно „[институција] на Македонија“, со тоа што во инфокутиите и во самиот вовед на статиите се наведува службеното име на зададената институција.“