Википедија:Песок

(Пренасочено од ВП:ПЕСОК)

ПОИМ И НАСТАНОК НА ВЕРСКАТА ЗАЕДНИЦА АДВЕНТИСТИ НА СЕДМИОТ ДЕН

Општи белешки

                Името ,,адвентисти” или ,,адвентизам” доаѓа од латинскиот збор „adventus”, што

значи доаѓање. Тука се мисли на второто Христово доаѓање. Според тоа, адвентисти се луѓе кои го очекуваат второто Христово доаѓање, а адвентизам е вера што проповеда дека Христос ќе дојде по втор пат на Земјата за да му суди на светот.


Ова име не означува некоја специфичност на адвентистичката верска заедница, бидејќи целата Црква уште од почетокот до денес верува и проповеда дека Христос повторно ќе дојде на Земјата за да им суди на живите и мртвите и дека на Неговото царство не ќе има крај. Така гласи и седмиот член на Никео-Цариградскиот символ на верата: ,,Верувам... во едниот Господ Исус Христос, Синот Божји... Којшто пак ќе дојде со слава да им суди на живите и мртвите, и на Неговото Царство не ќе има крај”. Според тоа, секој христијанин е адвентист, па името ,,адвентисти” што го одбрала оваа секта за себе, е премногу широко, бидејќи во себе опфаќа многу повеќе луѓе што не ѝ припаѓаат на таа секта, отколку такви што ѝ припаѓаат. Меѓутоа, адвентистите себеси се сметаат за посебна група, којашто го очекува скорото доаѓање на Христа, како настан што не е далеку од нашево време. Но, ни таа разлика не го оправдува нивното име. Прво, Црквата никогаш не го одредувала датумот кога Христос ќе дојде, бидејќи и самиот Христос тој датум никаде не го претскажал. Он отворено им вели на апостолите дека ,,за тој ден и час никој не знае, ниту ангелите небесни, а само Мојот Отец” (Мат. 24, 36). А по Неговото воскресение, кога апостолите повторно го запрашале за тоа, Он отворено им одговорил: ,,Не е ваше да ги знаее времињата и годините што Отецот ги задржал во Своја власт” (Дела 1, 7). Затоа Црквата едноставно изразува тврда вера дека Христос ,,пак ќе дојде”, но не ја одредува годината и датумот на Неговото доаѓање. Адвентистите не се единствените што го очекуваат Христовото доаѓање во најскоро време. Тоа го прават и Јеховините сведоции и разни други секти. Од исоријата на Црквата знаеме дека и во раните векови имало, на пример во времето на реформацијата, разни поединци што ја одредувале годината на повторното Христово доаѓање, или барем тврделе дека тоа доаѓање е блиску, ,,пред вратите”. Така анабаптистите од XVI век, на пример Ханс Хут1, Мелхиор Хофман, Николаус Шторх2 и други, проповедаа за скорешното Христово доаѓање. 1 W. P. Ester, Istina je neunishtiva, str. 74. 2 Franjo Klem, Historiju baptista, str. 20-21

Такви ,,пророци” имало и во времето на апостол Павле, па тој токму затоа и го напиша Посланието до Солунјаните. Според тоа, името ,,адвентисти” било да се разбере во онаа општоцрковна смисла или пак во посебна сектантска смисла, не означува нешто посебно некоја карактеристика која би била само нивна. Затоа баптистите1 и Јеховините сведоци2 ги нарекувале милеровци, според нивниот прв ,,пророк” и основач Милер, а нивната вера ,,милеризам”.


Историја на адвентизмот


Основачот на адвентистичката верска заедница Вилијам Милер е роден во 1871 година во градот Питсвилд, во државата Масачусетс, САД. По занимање бил фармер, без некоја поголема школска подготовка, но многу читал3. Во млади години попаднал во друштво на неверници, деисти, па ја отфрлил Библијата, иако официјално ú припаѓал на една баптистичка секта. Во друштвото на неверниците останал 12 години. Меѓутоа, кога имал 34 години, во него се разбудило религиозното чувство и интересот за Библијата. Читајќи ја Библијата многу ревносно, се вратил во верата на своите татковци и постигнал непоколебливо уверување дека сите библиски пророштва се оствариле. Длабоко го интересирало прашањето кога ќе стане второто Христово доаѓање.4 Толкувајќи ги книгите на пророк Даниил и Апокаплисисот, уште во 1818 година дошол до лично убедување дека Христовото доаѓање е многу блиско – Христос повторно ќе дојде на Земјата најдоцна по дваесетина години.5 Милер се борел сам со себе цели дваесет години, додека на крајот не се решил јавно да настапи со своите пресметки за датумот на второто доаѓање на Христа. Своето откритие го објавил во проповедите дури во 1831 година, а потоа и во книгата ,,Докази за Библијата и историјата за повторното Христово доаѓање околу 1843 година”. Книгата се појавила во 1833 година6 и во неа се тврди дека Христос ќе дојде помеѓу 21 март 1843 година и 21 март 1844 година.7 За неговите докази многумина мислеа дека се исправни и несоборливи, па им веруваа. Тие, нарекувајќи се уште тогаш ,,адвентисти”, почнале да се подготвуваат за средба со Христа. Неколку недели пред одреденото време, повеќето од нив ги 1 Ib., o.c. str.85 2 Bozje tisuchugodishnje kraljestvo se priblizilo, str. 116 3 М. Golubic, Istorija Crkve, Beograd 1973, str.303 4 Г. Вајт, Велика борба између Христа и Сотоне, превод Мирко Голубић и Драгиша Стојчеић, Београд 1962, стр. 262 5 Ib., стр. 271. 6 Paul Scheurlen, Die Sekten der Gegenwart, Sttutgart 1930, S. 41. 7 прекинале сите земјоделски работи. Грижливо ги преиспитувале сите мисли и сите желби, како да се наоѓаат на смртна постела и како по неколку часови сите на земјата да мораат да ги склопат очите. Вака адвентистичката ,,пророчица” Елена Голд Вајт1 ја опишува состојбата на првите адвентисти. Други автори додаваат дека адвентистите биле дури облечени во бели облеки и групно во полињата го очекувале Христовото доаѓање со песни и извици ,,Дојди, Господе Исусе!”. Додуша, Елена Вајт негира дека адвентистите си шиеле бели кошули2, но тоа како детаљ воопшто не е ни важно. Важно е дека пророштвото на Милер се покажало лажно. Како што гледаме сите, Христос не дошол. ,,Оние што со искрена вера и со срдечна љубов го очекуваа Христа Спасителот, доживеаа горчливо разочарување” – искрено признава Елена Вајт.3 А што да се рече за Милер! Како ли се чувствувал тој? Во едно отворено отворено писмо, покајнички ја признал својата заблуда.4 Многумина го напуштиле разочарани.5 Сепак, тврдо убеден во правилноста на своите математички пресметки, Милер во Библијата повторно побарал објаснување во што е грешката, каде погрешил кога Христос не се појавил во оној ден во кој, така да се каже му закажал.

williammillerandtheadventofthesecondcoming.jpgМилеровиот пријател Сноу (S. S. Snow) добил ,,небесна светлина” и ,,ја пронашол” грешката на Милер. Во приказната за десетте девојки, која се однесува на второто Христово доаѓање (Мат. 25, 1-13), е речено дека младоженецот задоцнил со доаѓањето и дека дошол на полноќ. Според толкувањето на Сноу, тоа не значи ништо друго, туку дека Христовото доаѓање треба да се очекува половина година подоцна од пресметката на Милер. Значи, Христос ќе дојде на 21 октомври 1844 година, а не како што беше пресметано на 21 март. Ете нова надеж! Многумина пак поверуваа. Милер во почетокот се држел многу резервирано кон таа нова пресметка. Дури на 6-ти октомври и тој им се придружил на верниците и поверувал дека на тој ден ќе дојде Христос6. А бостонските трговци како трговци! Од сé прават пазар, па и од новата адвентистичка надеж. Без оглед дали поверуваа или не, или пак сакајќи да направат добар пазар, а можеби да се пошегуваат со адвентистите, во огласите на своите дуќани истакнаа реклами: ,,Бели алишта за вознесение, по најефтина цена и по последна мода”.7 Адвентистите повторно се собраа да го пречекаат Христа. Повторно набожни воздишки и воскликнувања: Дојди, Господи Исусе! Повторно покајанија и испитувања на срцата и совеста. Паролата на денот била: ,,Ете, Младоженецот 1 Ј. Г. Вајт, о.с. стр. 307 2 Ib. (Историско дополнување, стр. 553). 3 Ib., стр. 307 4 Paul Scheurlen, о.с. стр. 41; Мирко Голубић, Историје Цркве, стр. 306 5 М. Голубић, о.с. стр. 307. 6 Paul Scheurlen, ib., стр. 41-42; М. Голубић, о.с. стр. 306. 7 Ib стр. 42. доаѓа!” Koга Милер ги опишува овие мигови, вели: ,,Нема силно изразување на радост... Не се слушаат восклици... Пејачите молчат; тие очекуваат да се соединат со ангелските војски, со небесните хорови...”1 Елена Вајт известува дека најревносните го послушале повикот ,,Ете, доаѓа Младоженецот”. ,,Земјоделците го оставија житото во полињата, занаетчиите – алатот и со солзи во очите и со голема радост тргнаа да ја објават опомената”.2 Но, сé било залудно! Христос пак не дошол. Адвентистите останаа празни, како некогаш во времето на пророк Илија, кога свештениците Ваалови половина ден викаа: Ваале, услиши нé! (3 Цар. 18, 26). Од никаде ниту глас, ниту знак! Разочарувањето било тотално. Јошуа Хамс (Joshua Himes), пријател на Милер од Бостон, којшто во 1840 година издал прв адвентистички весник под наслов ,,Знаци на времето”, пишуваше: ,,Јас го напуштив собирот и плачев како дете. Времето измина, а очекуваниот Господ не дојде. Ние моравме да речеме, како некогаш Марија Магдалена: ,,Го дигнале Господа од гробот и не знам каде го положиле” (Јован 20, 2).3 Слично се изразува и Елена Вајт.4 А баптистичката верска заедница, заедница, на која ú припаѓал Милер како нејзин проповедник, заситена од срам и скандал, во јануари 1845 година ги исклучила од својата средина и Милер и неговите приврзаници.

Натамошен тек на историјата А што сега?! Многумина покајнички се вратија во своите поранешни верски заедници, а некои и понатаму останаа со Милер. Под влијание на второто разочарување, самиот Милер, на 3-ти декември 1844 година, напиша: ,,Присилени сме да основаме своја одвоена црква: Бог да ни прости”.5 Првата грижа била да се објасни зошто Христос не дошол, кога, според пророчкото толкување на Милер, задолжително требаше да дојде барем на 22.10.1844 година. По повторно и повторно испитување на Библијата, на крајот е најдено ,,објаснување” зошто Христос не дошол. Грешката се состоела во две работи. Прво, пророштвото на Даниил, врз кое се повикувал Милер во своето толкување (Дан. 8, 14), не вели дек Христос ќе дојдена на земјата по 2.300 дена, туку дека тогаш ,,ќе се очисти светињата”. Второ, Милер погрешно сфатил дека под изразот ,,чистење на светињата” oзначува очистување на Земјата со огнот на Христовиот суд. Новото 1 Ј. Г. Вајт, о.с. стр 328 2 Ib. стр. 329. 3 Paul Scheurlen, Die Sekien der Gegenwarl, S. 42. 4 Г. Вајт, о.с. стр. 330; M. Golubic, o.c. стр. 307 (ss 11) 5 Paul Scheurlen, o.c. стр. 43 погледнување во Библијата ги поучило дека тоа „чистење на светињата“ означува чистење на небесната светиња, а не на земната. Значи, бидејќи пресметката на Милер е точна, на тој ден, т.е. 22-ри октомври 1844 година сепак се случило нешто особено важно. Тој ден Христос влегол во небесната светиња1 и го започнал истражниот суд, ,,судот од Божјиот дом” (1. Петр. 4, 17). Сега, кој може да провери што се случува на небото, нека ја оспорува оваа теза! Инаку, адвентистите тврдат2 дека Бог на чудесен начин му јавил за ,,очистувањето на небената светиња” на Хајрам Едсон вториот ден по промашеното чекање.

          Милер, исклучен од својата баптистичка заедница, веднаш почна да ја организира

новата верска организација. Истата година свика собрание во местото Олбани, на кое е конституирана новата заедница на адвентистите, одвоена од баптистите. Наскоро Милер почина (1849 година), оставајќи ја зад себеси тукушто основаната заедница. Се појавија многу и крупни теолошки проблеми, поради кои заедницата се расцепка на разни групи. Едните, како Милер, ја празнуваа неделата, а наскоро се појавија и ,,адвентистите на седмиот ден” или саботјаните, кои поминаа на празнување на саботата, бидејќи сметаа дека тоа е единствениот начин на славење на Бога и исполнување на Божјите заповеди.


Нови личности и нови учења

            Уште додека Милер беше жив, еден од неговите проповедници, по име Штор,

проповедал дека, според учењето на Библијата, не постои бесмртна душа и дека грешниците нема да бидат казнети со вечни маки, туку со вечно уништување. Неговите прирзаници се нарекоа ,,адвентни христијани”. Нивните противници, кои веруваа во бесмртност на душата и во вечноста на маките на грешниците, се нарекоа ,,евангелски адвентисти”. Покрај нив постоеја и ,,адвентистички браќа” и ,,обединети адвентисти”. Но, најмногу приврзаници имаа ,,адвентистите на седмиот ден” или ,,саботјаните”.3 Адвентистите уште од самиот почеток ја празнуваа неделата, значи беа ,,неделјани”, a не ,,саботјани”, но сепак саботјанството кај нив се појавило доста рано, уште додека Милер беше жив.

index.jpg

Некоја си Еврејка Rachel Oakes Preston поминала во адвентизам и почнала да проповеда дека треба да се празнува саботата. Јосиф Бејтс (Joseph Bates) исто така го застапувал ставот дека треба да се празнува саботата. Тој во 1846 година напишал книга за празнување на саботата. 1 Ј. Г. Вајт, о.с. стр. 347. 2 М. Голубић, Историја Цркве, стр. 310 3 Paul Scheurlen, о.с. стр. 43

Книгата помеѓу адвентистите постигнала голем успех.1

Идејата за празнување на саботата веројатно ќе останеше без поголемо значење и влијание, ако не беше поддржана и афирмирана од Елена Вајт (1827-1915). Таа била многу енергична и надарена жена. Во својот долг живот напишала 43 книги и брошурки и околу 4.000 разни написи, објавени во адвентистичките списанија.2 Таа за себеси тврдела дека доживувала некакви визии, за време на кои стоела неподвижно, без здив, со отворени очи. Адвентистите веруваат дека таа тогаш добивала разни откровенија од небесниот свет, па ја сметаат за пророчица. Со своите визии, таа го поддржала толкувањето на Милер дека Христос на 21-ви октомври влегол во небесната светиња и таму го отпочнал истражното судење, па затоа тој ден не дошол на Земјата, како што прорекол Милер и како што несомнено очекуваа сите адвентисти. Освен тоа, една од нејзините ,,визии” ја потврдува потребата од празнување на саботата.

                Имено, таа вели дека имала визија за небесната скинија и таму го видела ковчегот

на заветот. Христос ú го отворил капакот на ковчегот, во кој беа оние две камени плочи со Божјите заповеди, што ги прими Мојсеј од Бога на Синај. Понатамошните кажувања имаат две верзии. Според едната верзија, четвртата заповед била темна, па на Елена ú било дадено објаснување дека е тоа сторено, затоа што луѓето не ја почитуваат таа заповед, туку наместо саботата, го вовеле празнувањето на неделата.3 Според втората верзија, четртата заповед била обиколена со светлина, а објаснувањето гласело дека тоа е поради тоа што таа е ,,единствената заповед која го дефинира живиот Бог, создателот на небото и на земјата и на сé што е во нив. Кога бил положен темелот на земјата, тогаш бил положен и темелот на саботата”.4 Елена Вајт нагласува дека нејзините списи не се никаква замена, ниту дополнување на Библијата.5 Сепак, нејзините ,,визии”, особено оние што се однесуваат за саботата, го имаат токму тој практичен ефект, особено кај светот што е наклонет кон окултните сензации. Инаку, Елена Вајт била неуморен проповедник на адвентизмот – саботјанството, така што не само што ја заобиколила цела Америка, туку во 1855 година дошла и во Европа, каде што ги посетила новооснованите општини во повеќето европски земји. 1 Ib, стр. 44. 2 Ј. Г. Вајт, Сведочанства за Цркву, превод Мирко Голубић, Београд 1959. стр. 3 3 Јеромонах Дионисије, Адвентизам у светлости Православља, стр. 9; Епископ Инокентије, Зашто хришћане празнују недељу а не суботу, стр. 8 4 Ј. Г. Вајт, Сведочанства за Цркву, стр. 3 и 4; М. Голубић, Историја Цркве, стр. 312-314. 5 Ј. Г. Вајт, о.с. стр. 4


Уште едно промашување Реформоското движење на адвентистите на седмиот ден е посебна гранка на адвентистите саботјани. Во текот на Првата светска војна, адвентистите се судрија меѓусебно по прашањето за учеството во војната. Ј. Винцен (Ј. Wintzen), адвентистички функционер, во 1915 година напишал статија ,,Христос и војната”. Тој тврдел дека ,,Библијата сосема сериозно учи дека со учество во војна не се нарушува шестата, ниту четвртата Божја заповед”. Ова, помеѓу адвентистите во Германија, предизвикало големи и жолчни расправии. Опозицијата искажувала многу тешки зборови на сметка на официјалниот правец, изразен во споменатата статија. Приврзаниците на тоа сфаќање се нарекувани ,,изманици” и ,,набожни ништожници”, a ,,Стражарот на вистината” – адвентистичкиот весник на ,,реформското движење” – одел толку далеку, што таа група адвентисти ја споредувал со сликата на блудната жена што јава на ѕвер, според визијата опишана во 17-тата глава од Откровението на свети Јован Богослов. Инаку, адвентистите таа слика ја поврзуваат со Римокатоличката црква. По Милеровото промашување во одредувањето на датумот за повторното Христово доаѓање, адвентистите на седмиот ден повеќе не го пресметуваат датумот на Христовото доаѓање, туку се задоволуваат само со тврдењето дека овие се последните денови и дека ,,оваа генерација нема да помине додека тоа не се случи” – како Христос тоа да го рекол за своето второ доаѓање, а не за разорувањето на Ерусалим. И дека Христовите зборови - ,,оваа генерација”, се однесуваат на генерациите од нашето време, а не на оние генерации на кои Христос непосредно им зборувал за пропаста на Ерусалим.

                 Меѓутоа, ,,реформоското движење” не можело да се ослободи од антибиблиската

желба за пресметување на датумот на второто Христово доаѓање. Нивниот американски водач Рајт (Reidt) од Лонг-Алјленд, го прогласил 6-ти февруари 1925 година за ден на второто Христово доаѓање. Тој дури и детално го опишал настанот. На Христа ќе му бидат потребни 7 дена додека дојде на Земјата. Патем, малку ќе се задржи на поедини планети што ќе ги сретне, за да издаде напатствија и наредби во врска со исхраната на праведниците од Земјата, што Он ќе ги одведе на небото.1 Како што им е познато на сите, Рајт поминал со своето ,,пророштво” исто како и Милер. Па поговорката и вели: ,,крушата под круша паѓа”. 1 Paul Scheurlen, о.с. стр. 66-68.


Десеток Колку и да е некоја организација од духовен карактер, таа не може да опстои без материјални средства. Тоа прашање адвентистите го решиле мошне успешно. Тука се повикуваат на Стариот Завет. Воведоа десеток! Библијата вели: ,,секоја десетина од земјата, од земните семиња и од плодовите на дрвјата Му припаѓаат на Господа; тоа е светиња Господова” (3. Мој. 27, 30). ,,А на Левиевите синови, ете, Јас им дадов како дел десеток од сé што има Израилот, за службата нивна, што ја вршат во скинијата на сведоштвото” (4.Мој. 18, 21). У уште една построга пророчка опомена: ,,Со проклетство сте проколнати, зашто Ме обирате – вие и сиот народ. Донесете ги сите десетоци пред вратите, па да има храна во Мојот дом...”, вели Господ (Малахија 3, 9-10). Значи, иако веќе нема левити, иако адвентистите немаат ниту свое свештенство, иако старозаветниот закон е укинат – освен Декалогот – оваа заповед за десетокот кај адвентистите сепак останува во сила, поради чисто практични причини. И навистина, без оглед на библиската оправданост или неоправданост, тоа им се исплатело. Во годината 1858 воведен е десетокот и касите се наполнија. Освен тоа, тие секоја недела собираат прилози за посебни цели: болници, мисии итн. Противниците на адвентизмот пуштиле сомнежливи гласови дека Евреите ги финансираат адвентистите, како свое вонредно помошно средство за рушење на христијанството. Да ги оставиме настрана таквите недокажани сомневања. Факт е дека адвентистичката верска заедница финансиски е многу јака и нема никаква потреба да бара материјална помош отстрана. Откако материјално наполно се осамостои и зајакна, адвентизмот продолжува организациски да се зацврсти и да се прошири со пропаганда. Веќе во 1860 година е свикана првата адвентистичка конференција од генерален карактер, на која по пат на јавно гласање е прифатен Уставот, којшто со малку измени и дополнувања и денеска е во сила кај адвентистите. Адвентистичката пропаганда во Америка станувала сé пожива. Во 1874 година е основана адвентистичката мисија за Средна Европа, и покрај тоа што веќе во 1868 година еден поранешен римокатолички свештеник, Чеховски, го пренел адвентизмот во Швајцарија. Кон крајот на минатиот век, адвентизмот брзо се проширил во цела Европа.

firstadventistchurchinthephilippinescelebrates110yearsofblessings1.jpg Адвентистичката пропагандна литература е многу богата и е многу раскошно и модерно уредена. Повеќето во колор. Насловите на книгите се многу привлечни. Не може да се најде книга со старомоден наслов ,,Катихизис”, ,,Библиска историја” или ,,Догматика”. Не! Нивните книги тоа и го содржат, но, под други попривлечни наслови. На пример: ,,Големата борба помеѓу Христа и сатаната”, ,,Дали има живот во вселената”, ,,Решение на светската криза”, ,,Надежта на овој свет”, ,,Современиот човек и Библијата”, „Копнежот на вековите на човештвото“, ,,На прагот на новото време” итн.

Организација и активност на адвентистите Адвентистичката верска заедница не само што е многу богата, туку е и многу организирана и дисциплинирана. Таму точно се знае кој што смее и што може да работи. Кога во некое место ќе се придобие некое лице, веднаш се формира општина. Со неа управуваат еден или двајца проповедници, кои имаат свои помошници. Освен нив, во општината постои посебен одбор - ,,комитет”, што ги води работите на општината. Повеќе општини од некоја покраина ги сочинуваат окружните сојузи, а овие пак сочинуваат ,,мисионерско поле”. Мисионерските полиња ја сочинуваат ,,унијата”, која може да опфаќа повеќе земји. Униите секоја година испраќаат свои делегати на унионистичка конференција. Таа го носи називот Генерална конференција и е највисока власт за адвентистите од целиот свет. Се оддржува секоја четврта година. Таа избира посебна комисија од 35 члена, која води сметка за мисионерството во целиот свет.1

ryde.jpg

Адвентистичките мисии се многу живи. Во светот има многу училишта, од основни до универзитети. Издржуваат многу болници и други харитативни установи. Во поедини земји имаат свои радио-станици, фабрики и друго. Кога сето тоа ќе се собере, адвентизмот претставува многу моќна организација во светот. Тие мислат дека врз основа на тоа го заслужуваат називот ,,црква”, а не секта, оти не се сметаат за некоја фракција на која и да е црква. Се повикуваат дури и на тоа што во многу држави успеале да го издејствуваат називот ,,Христијанска адвентистичка црква”.2 Но, иако имаат таква моќна организација, адвентистите во светот сепак не претставуваат една единствена целина, туку се расцепкани на разни секти. Во поранешна СФРЈ беа регистрирани неколку адвентистички ,,цркви”, и тоа: Христијанкса адвентистичка црква, Унија на реформното движење на адвентистите на седмиот ден, Реформирано движење на адвентистите на седмиот ден, Црква Божја на седмиот ден и Црква Божја, која не ја признава Елена Вајт за пророчица.

                    Од овој краток преглед на историјата на адвентизмот, забележуваме една чудна

појава. Имено, во историјата на христијанството нема ниту една друга верска организација што стартувала со толку голем срам како оваа, а тоа е кога Христос пред целиот свет очигледно ја демантирал во нејзиниот основен и најглавен став – и тоа два пати! 1 Јеромонах Дионисије, наведеното дело, стр. 11. 2 ,,Православни мисионар”, бр.6, 1980, стр. 219

1 Јеромонах Дионисије, наведеното дело, стр. 11. 2 ,,Православни мисионар”, бр.6, 1980, стр. 219.

Па и покрај сето тоа, таа во светот постигнала поголеми успеси од која и да е друга секта. Како да се објасни овој парадокс?

Вистинското објаснување може да го даде само оној, на кој му се познати патиштата на Божјата промисла. За нашиот обичен човечки разум важи тоа што е несомнено според Библијата и според нашиот разум. Библијата и разумот, а и секојдневното искуство, нé уверуваат дека во овој свет не постигнува успеси само Бог, туку и сатаната. Адвентистите учат дека папството е антихристот, но тоа сепак има повеќе успех од нив. Според зборовите на Библијата, пред крајот на светот и векот антихристот ќе постигне многу поголеми успеси отколку Црквата. Спасителот во една прилика го постави и следново прашање: ,,Но, Синот Човечки, кога ќе дојде, ќе најде ли вера на земјата?” (Лука 18, 8). Второ, Библијата и разумот на човекот му велат дека Бога не можеме ниту да Го мамиме, ниту да Го лажеме. Според тоа, ,,ако пророкот говори од името на Господа, и зборовите не се збиднат и не се исполнат, тогаш Господ не ги кажал тие зборови, туку ги кажал пророкот по своја гордост – и не бој се од него” (5. Мој 18, 22).

Трето, историјата очигледно нé уверува дека Милер е основачот на адвентизмот. Тој зборувал ,,во името на Господа”, ,,врз основа на словото Божјо”,1 а неговото пророштво не е исполнето. И тоа два пати неисполнето!

Учењето на адвентистите Адвентистите усвојуваат многу догми што ги има и Православната Црква. Можеме дури да речеме: целиот Никео-Цариградски символ на верата, и тоа без римокатоличкиот додаток „филиокве“. Во нивните брошури „Верување на раното христијанство“, што ги обработува Сланкаменац, уште на првата страна од првиот број, отпечатен е Никео-Цариградскиот символ на верата, точно така како што го има Православната Црква. Објективниот православец не може да не го пофали тоа. Меѓутоа, тие имаат свое толкување на тој символ, а што е најважно, покрај изложените вистини во Никео-Цариградскиот символ, тие имаат и свои специфичности, за кои Црквата не знаела, ниту пак знае. Адвентистите, како протестантска верска заедница имаат извесни учења коишто се заднички на сите протестантски заедници а не припаѓаат само на адвентистите, а има и такви коишто се специфично адвентистичко-саботјански. Во првата група спаѓаат: 1 М. Голубић, Историја Цркве, стр. 304-307. а) Изворот на верата и правилото на вистинитоста на некое верско учење е само Светото Писмо без Светото Предание. Светото Писмо самото себеси се толкува. Не е потребно раководство на Црквата, ниту пак на светите отци. б) Човекот се спасува само со вера во искупителната жртва што ја поднесе Христос. в) Христос е единствениот посредник помеѓу Бога и човекот, Он е нашиот првосвештеник и според тоа не треба да се обраќаме молитвено кон сетителите и Богородица. г) Не постојат седум свети тајни. Постојат само обредите крштавање и вечера Господова (причестување), но лебот и виното не се претвораат во тело и крв на Христа. Не постои посебно свештенство, туку општо. д) Се отфрла почитувањето на иконите, реликвиите и крстот. ѓ) Се отфрлаат монашките завети и светителските аскетски подвизи. Во онаа втора група на верски тврдења, кои припаѓаат уште на некои други протестантски секти, а не само на адвентистите, спаѓаат:

а) Учењето дека човекот нема посебна духовна душа, различна од телото, бесмртна и нераспадлива, туку е исто што и крвта или просто жив човек. Според тоа, не постои никаков задгробен живот. Мртвите до воскресението „спијат“. Верата во бесмртноста на душата, според адвентистите – и воопшто според сектантските учења – е изум на сатаната, со кој тој ги измами нашите прародители, убедувајќи ги да го престапат Божјото предупредување и опомена дека ќе умрат ако вкусат од плодот на забранетото дрво, односно ветувајќи им дека нема да умрат1 (1 Мој. 3,4). Тоа сфаќање е причина повеќе дека не треба молитвено да се обраќаме кон светителите, бидејќи тие не се живи, тие се навистина сосема мртви. б) Карактеристично учење за адвентистите е и верата во скорото Христово доаѓање. Но, таа вера не е карактеристична само за нив, туку и за некои други секти, на пример Јеховините сведоци. Како што видовме од досегашното излагање, од тоа очекување се родило и името на оваа секта. Во почетокот го одредувале точниот датум на второто доаѓање. Сега, по двојното промашување на Милер, тоа не го прават. Се задоволуваат со тврдењето дека „знаците на времето“ пред второто доаѓање се исполниле и дека тој настан е „пред вратите“.2 Христос ќе дојде кога ќе заврши истражниот суд на небото или „чистењето на небесната светиња“. 1 В.А. Шпајзер, На прагу новога доба, I свеска, стр. 271-291, Нови Сад, без година на издавање. 2 Нада овога света, без име на писател, Нови Сад 1921, стр. 48. 3 Ј.Г.Вајт, Велика борба..., стр. 346-353; Д. Стојчевић, Испуњење вековне тежње човечанства, Београд, без година на издавање, стр. 87


Има автори, кои тврдат дека адвентистите, и по неуспешните „пророштва“ на Милер, сепак одредувале нови дати за второто Христово доаѓање. Се наведуваат годините 1913, 1914, 1924, 1925, 1945, 1955. Можеби овие автори ги измешале адвентистите во однос на ова прашање со некои други секти. Во адвентистичките книги овие години не се споменуваат. Исто така, годината на доаѓањето не ја наведуваат ниту во предавањата и приватните разговори. в) Според верувањето на адвентистите, воскресението на мртвите нема да биде единствен настан за сите луѓе, туку ќе се оствари во две етапи. Најнапред ќе воскреснат праведниците, а потоа грешниците. Така постојат две воскресенија, прво и второ.1 г) Во врска со ваквото сфаќање на воскресението, постои верување во илјадагодишното Христово царство или хилијазам. Адвентистичките списи тоа вака го претставуваат. Прво ќе се исполнат знаците предвидени во библиските пророштва за последните денови. Потоа следува доаѓањето на Христа и воскресението на праведниците. Потоа вознесението на праведниците заедно со Христа на небото, каде што остануваат илјада години во Христовото царство. За тоа време Земјата ќе биде пуста, а сатаната врзан. (Тука треба да се нагласи дека постојат хилијасти, кои веруваат дека илјадагодишното царство нема да биде на небото, туку тука, на земјата.) По илјада години, воскреснуваат мртвите грешници, а сатаната е пуштен на слобода на земјата, за да ги мами грешниците. Христос со преведниците и со Новиот Ерусалим слегува од небото на земјата. Сатаната ги собира грешниците за борба против Христа и праведниците (Армагедон). Но, Христос го совладува, го фрла и него и грешниците во огнено и сулфурно езеро и тоа им е крајот. 2 Сатаната и сите грешници ќе бидат уништени, а не осудени на вечни маки, како што верува Црквата. По нивното уништување, настанува вечниот живот на праведниците и ангелите во Божјото царство, во кое ќе владее вечна хармонија, како што беше во светот пред гревовниот пад. Тоа е во главни црти есхатолошкото учење на адвентистите, а со незначителни измени и на другите сектанти кои веруваат во основањето на илјадагодишното Христово царство (според некои на небото, а според некои на земјата), па затоа нивното учење се нарекува хилијазам, а тие хилијасти. Постојат одредени точки од адвентистичкото учење што се специфичнио нивни, иако некои од тие сфаќања ги усвоија и Јеховините сведоци, кои се појавија после адвентистите и на тие сфаќања сепак им додадоа малку од своето толкување, така

што не се сосема идентични со адвентистичките, туку се слични, блиски, во суштината речиси еднакви. 1 Истиот писател и дело, стр. 88-89 2 Ib, стр. 81-91.


Еве неколку од тие точки: а) Пророштвата на Даниил за царствата што ќе дојдат по Данииловото време, посебно пророштвото за „малиот рог“ (Дан. 8), тие го толкуваат така како да се однесува на папата и Римокатоличката црква. А оние 2300 денови и ноќи, за кои се зборува во 14. стих од таа глава, според Милер значат дека Христос повторно ќе дојде во 1843 или 1844 година. Бидејќи Христос не дојде, тогаш тоа дополнително е протолкувано дека Христос тогаш влегол во небесната светиња за да ја очисти. б) Според нивното толкување на споменатите пророштва на Даниил, а во врска со пророштвата од Апокалипсисот гл. 13 и 17, папата е антихрист во буквална смисла на зборот. Тој е експонент на сатаната. Елена Вајт напиша една книга во која ја изложува историјата на христијанството. Насловот на книгата е „Големата борба меѓу Христа и сатаната“. Христос е олицетворен во еретиците и сектантите од сите векови, а сатаната е папата и воопшто Римокатоличката црква. Во многу свои списи, адвентистите го пресметуваат дури и бројот на антихристот 666 од латинскиот напис на титулата, која, според нивното тврдење, е напишана во папската тијара: Vicarious Fili Dei = Заменик на Синот Божји. Римокатоличката црква, според нивното толкување на Апокалипсисот, е „Големиот Вавилон“, големата блудница, за која се зборува во 17 глава од Апокалипсисот, или „ѕверот“ опишан во 13. глава од Апокалипсисот.

Иако Лутер во својот спис Wider die Bulle des Antichrists (Против булата на антихристот) многу порано од адвентистите го нарекол папата антихрист, а иако Православната Црква не го признава папата за непогрешлив Христов заменик, ниту за видлива глава на Црквата, адвентистите ја применуваат таа слика за папата делумно и на Православната Црква, па дури и на останатите протестанти1 што ја слават неделата како „знак на ѕверот“, како „печат на папата“. Во тоа со нив се согласни и Јеховините сведоци.

в) Адвентистите ги отфрлаат сите христијански празници, заедно со неделата, а се враќаат на старозаветното празнување на саботата. Според нивното мислење, неделата ја вовел папата и затоа таа е „знакот на апокалиптичниот ѕвер“ или „печат на папата“, плод на дејствување на „малиот рог“, којшто ќе помислува да ги менува времињата и законите (Дан. 7, 25). Празнувањето на саботата и скорешното Христово доаѓање се двете теми што задолжително се провлекуваат низ сите нивни беседи и написи. Саботата за нив е доказ дека се тие вистинска Црква, бидејќи „само тие ги исполнуваат сите десет Божји заповеди“.

М. Голубић, Историја Цркве, стр. 306-307.


г) Адвентистите се држат до старозаветните прописи за поделба на јадењата на чисти и неисти, па не го употребуваат свинското месо. Во тоа потполно се согласни со Евреите. д) Забранета е секаква употреба на тутунот и алкохолот. Дури и за причестувањето или „Господовата вечера“ употребуваат слатко вино или шира. ѓ) Адвентистите тврдат за себе дека имаат дар на пророштво.1



Второто христово доаѓање и пресметките на Вилијам Милер


Вилијам Милер (Wiliam Miler 1782 - 1849) бил по занимање фармер но и баптистички пастор а подоцна откако баптистичката верска заедница го исклучува заради скандалот со математичките пресметки поврзани со второто христово доаѓање, си формира своја нова верска заедница која ѝ го става името "Адвентисти (чекатели)" која што подоцна воведува обврска: почитување на седмиот ден од седмицата - саботата, или по евресјки "Шабат".



               Една од основните догми (сигурни и непроменливи учења) на Црквата е тоа дека

Спасителот по втор пат ќе дојде на земјата за да им суди на живите и мртвите. Во неа непоколебливо веруваат христијаните од сите времиња и од сите “деноминации”, како Црквата, така и сектантите и еретиците. Тоа верување е засновано на директното и отворено Христово ветување, повторено повеќе пати, како и на изјавите и проповедите на апостолите, за што имаме сведоштва во сите посланија и во Апокалипсисот на свети Јован Богослов. Во некои описи на тој иден настан ни се додадаваат подетаљни известувања, како на пример во посланијата до Коринтјаните и до Солунјаните. Црквата му дала израз на тоа верување и на таа догма во вториот, седмиот, единаесеттиот и дванаесеттиот член на Никео-Цариградскиот символ на верата. “И во

williammillerhewasbornin1782anddiedin1849.jpg

Единиот Господ Исус Христос, Син Божји, Единороден, Кој е роден од Отецот пред сите векови; Светлина од Светлина, вистински Бог од вистинскиот Бог, роден, нестворен, единосуштен на Отецот, преку Кого се станало; Кој заради нас луѓето и заради нашето спасение, слезе од небесата и се воплоти од Светиот Дух и Марија Дева, и стана човек; И Кој беше распнат заради нас во времето на Понтиј Пилат, и страдаше и беше погребeн; И Кој воскресна во третиот ден, според Писмото; И Кој се вознесе на небесата, и седи оддесно на Отецот; И Кој пак ќе дојде со слава, за да им суди на живите и на мртвите, и Неговото царство не ќе има крај. Го чекам воскресението на мртвите и животот во идниот век”. Учењето за второто Христово доаѓање, за судот Божји и за воскресението на мртвите е изнесено опширно во секој катехизис и догматика односно во учебници за ортодоксно христијанско верување. Тука ќе биде изложена само разликата помеѓу ортодоксното/православното и сектантското сфаќање на тој настан. А тие разлики се:


а) Сектантите честопати се обидуваат да го одредат денот на Христовото доаѓање


б) Тие веруваат дека посебно ќе воскреснат праведниците, а посебно грешниците


в) Помеѓу тие две воскресенија ќе измине период од илјада години за време на кој Христос ќе владее на земјата, а според некои на небото. Тоа е таканаречен хилијазам.


Г) Сектантите веруваат дека по завршетокот на сеопштиот суд сатаната ќе биде уништен дефинитивно заедно со сите свои ангели и со грешните луѓе така што од нив нема да остане ништо.


Ова учење ќе го разгледаме точка по точка во коментарите што следат. Кога ќе дојде Христос?

Меѓу христијаните никогаш не се поставувало прашањето дали ќе дојде Христос. Ќе дојде! Сосема сигурно! Ако се исполниле многу Негови пророштва, нема причина да се сомневаме и во исполнувањето и на ова пророштво. Но, луѓето многу повеќе биле преокупирани со прашањето: кога ќе стане тоа? Тоа прашање го поставиле и самите

Црквата и сектите, проф. Д-р Лазар Милин


апостоли (Дела 1, 6; Матеј 24, 3), и секогаш одговорот бил негативен: “А за тој ден и час никој не знае, ниту ангелите небесни, а само Мојот Отец” (Мат. 24, 36). “Не е ваше да ги знаете времињата или годините, што Отецот ги задржал во Своја власт” (Дела 1, 7). Ете, тоа е се`. Зошто не ни е откриена оваа тајна? Затоа што за нас е пополезно да не знаеме, како што не го знаеме ниту часот на нашата телесна смрт, со цел секогаш да бидеме подготвени за тој ден и час. “Затоа бидете и вие готови, зашто во кој час и не мислите, ќе дојде Синот Човечки” (Мат. 24, 44) – вели Спасителот. За Црквата и за нејзините верниви тоа било доволно предупредување. Затоа Црквата никогаш не се обидувала да го пресмета и да го прорече времето на Христовото доаѓање. Наша обврска е, како оние пет мудри девојки, подготвени да го дочекаме доаѓањето на Младоженецот (Мат. 25, 13) – не` опоменува Христос. Меѓутоа некои сектанти се однесуваат како да не ги слушнале овие Христови зборови. Или пак, ако ги слушнале, сепак не ги почитуваат, не му веруваат на Христа дека таа тајна е скриена дури и од ангелите небесни. Си вообразуваат дека тие, сепак, можат да го пресметаат тој ден и час, значи дека тоа го знаат подобро и од небесните ангели и од Самиот Христос. Се добива впечаток дека Христовиот одговор на апостолите го прифаќаат како некоја Христова шега. Затоа некои од нив сосема сериозно се обидувале да го пресметаат тој ден и да го одредат тоа време. Сите тие обиди, без исклучок пропаднаа и се покажаа како неуспешни. Од многуте обиди, тука поопширно ќе стане збор за два и тоа за: обидот на Вилијам Милер – основачот на адвентизмот и на Чарлс Тазе Расел – основач на здружението Сериозни истражувачи на Библијата кои подоцна и официјално се нарекоа Јеховини сведоци.


Пресметките на Вилијам Милер – пророчкиот круг, 2300 денови Кога се вратил од друштвото на неверниците во својата првобитна баптистичка вера, Милер многу ревносно почнал да го чита Светото Писмо. Особено го интересирале овие две пророчки книги: Книгата на пророкот Даниил и Откровението на св. Јован Богослов. Тврдо се надевал дека во нив ќе го најде одговорот на прашањето што најповеќе го интересирало: кога ќе дојде Христос по втор пат, за да му суди на светот?

earlycampmeetingweb.jpg

Книгата на пророкот Даниил е најбогата со пророчки сништа и визии во кои на симболичен начин се прикажува идниот тек на историјата. На пример, сонот на Навуходоносор за четирите големи светски царства и за петтото – вечното, што нема да пропадне. Сето тоа е претставено симолички преку сонуваниот кип, чијашто глава била од злато, градите од сребро, страните од бронза, нозете од железо, стапалата од железо и Црквата и сектите, проф. Д-р Лазар Милин земја, и преку сонуваниот камен што го скршил тој кип и станал голема планина по сета земја. Таков е и вториот сон на Навуходоносор, во кој се претскажани неговото понижување и болеста. Потоа, доаѓа визијата во сон со четирите ветрови на морето и за четирите ѕверови, кои симболички повторно ја прикажуваат појавата на четирите моќни царства. Потоа Даниил има визија на реката Улај, кадешто се судрија овенот со два рога и јарецот со еден рог. Во двобојот јарецот е победник, што претставува паѓање на Мидско- Персиското царство од нападот на Александар Македонски. Најпосле Даниил има визија во која ангелот му го објаснува времето кога ќе се соѕида Ерусалим и храмот ерусалимски и кога ќе дојде Месијата (Дан. 2, 1-45; 4, 1-34; 7, 1-28; 8, 1-27; 9, 1-27). Цифрата 2.300 денови и ноќи ја прочитал Милер во 14 стих глава 8 од пророчката книга на Даниил, го окупирала неговото внимание. Што значи таа цифра и на што се однесува? Тој стих буквално гласи: “И ми рече: Две илјади и тристотини вечери и утрини и тогаш светилиштето ќе се очисти”. Овие зборови ги изговорил ангелот на Даниил и додал: “знај сине човечки дека видението се одесува на крајот од времето”. Тоа било појдовната точка на Милеровата пресметка. Тој има во рацете едно пророштво “што се однесува на последното време”! A што ќе се случи во тоа “последно време”? Ќе се очисти светилиштето! Кое е тоа светилиште што ќе се очисти? На ова прашање Милер ниту побарал ниту пак пронашол одговор во Билбијата, туку самиот го исконструирал, можеби според мислењето на многу луѓе. Светилиштето според Милер, тоа е нашата Земја на која живееме! Повторно една Милерова мисла без библиско покритие: ако светилиштето е самата Земја и ако се очисти таа, значи ќе се очисти од грешниците и беззакониците. Кој може да го стори тоа? Христос, кој друг! Сјајно! -Милер можеше самиот да си честита – па тоа значи дека ова пророштво за кое е јасно речено дека се однесува на “последното време”, се однесува токму на второто Христово доаѓање! Библијата вели дека до тоа доаѓање треба да изминат 2.300 денови и ноќи. Останува да се решат уште две прашања: Дали тој временски период треба да се сфати буквално како ден и ноќ во астрономско- календарска смисла или пак можеби некако поинаку? А посебно е прашањето од кога треба да се почне со броењето на деновите и ноќите. Кој ќе го реши тоа, ја открил тајната кога ќе дојде Христос по втор пат! Милер се обидел одговорот да го најде во Библијата. Книгата на Даниил воопшто не поставува прашање за тоа како треба да се сфатат тие денови и ноќи. Се добива впечаток дека Даниил тука мисли токму на буквалните денови и ноќи. Милер ја отфрла таа мисла. Исто така ја отфрла и библиската мисла дека пред Бога еден ден е како илјада

години. Тој “пронашол” друго библиско мерило. Во книгата на пророкот Језекиил Бог му вели на пророкот Језекиил: по “ден за година ти определив” (Језек. 4, 6). Значи оние 2.300 денови и ноќи претставуваат период од 2.300 години! Значи, една тајна е разрешена. Како да се реши втората? Од кога треба да се почне со броењето на годините? Повторо побарал одговор во Библијата. Во 9-тата глава од Книгата на пророк Даниил Црквата и сектите, проф. Д-р Лазар Милин


ангелот му објаснува на Даниил уште колку време ќе измине до појавата на Месијата и од кога треба да се сметаат тие години. Ангелот вели: “Седумдесетте седмици се одредени за твојот народ и за светиот твој град за да биде покриен престапот, за да бидат запечатени гревовите и избришани беззаконијата, за да биде доведена вечната правда, за да биде запечатено секое видение и пророк и да биде помазан Светиот на светиите и така, знај и разбери: од времето кога излезе законот за обновувањето на Ерусалим, до Христа Владиката се седум седмици и шеесет и две седмици... И по шеесет и две седмици Христос ќе биде предаден на смрт...” (Дан. 9, 24-26). Очигледно, ова пророштво се однесува на првото Христово доаѓање. Он ќе дојде на јавна проповед по 69 седмици, а почетокот на сметањето на седмиците паѓа на онаа година кога излезе указот за повторно градење на Ерусалим и храмот. Од историјата и од Библијата е познато дека е тоа 547 година пред Христа. Но, според таа година се започнува со броењето на седмиците за првото доаѓање на Месијата, односно на Христа на земјата. А од кога треба да се сметаат оние 2.300 години, кога Христос повторно ќе се јави на земјата? Во главата му светнала некоја мисла, за која адвентистите велат дека е просветлување на Светиот Дух.* Во пророштвото за седмиците ангелот рекол: “седумдесет седмици се одредени”. Зборот “одредено” Милер го сфатил како “отсечено” од некоја целина. Бидејќи во книгата на Даниил не се споменува никаков друг период освен оние 2.300 денови, значи тој помал период од 490 години колку што изнесуваат седумдесетте седмици, е “отсечен” од 2.300 години. Ако е така, тогаш овие два периода имаат заедничка почетна точка на сметање, значи 457 години пред Христа. Ако одземеме 456 поли години од претхристијанската ера од бројот 2.300, ја добиваме бројката од 1844 година по Христа. Со пресметувањето на датумот кога е излезен указот за ѕидање на Ерусалим, односно кој месец во во 457 година, се добива и “точниот” датум на второто Христово доаѓање: пролетта или есента 1844, а според некои 1843 година.

goodsaltcomrhpas1858.jpg


Имало и надворешни знаци што го уверувале Милер во точноста на неговата пресметка. Тоа биле големите земјотреси и паѓањето на метеорите. Еден таков земјотрес се случил на 1 ноември 1755 година токму на римокатоличкиот празник Сите Светии. Тогаш Лисабон е речиси срамнет со земја.** Втор знак за скорешното Христово доаѓање бил таканаречениот мрачен ден во Америка, на 19 мај 1780 година. Тоа било необично јако и долготрајно затемнување на сонцето. Научниците не можеле да ги објаснат природните причини за таа појава, па таа оставила силен впечаток врз набљудувачите во Америка.*** Третиот знак се случил токму во времето на Милер кога го пресметувал

датумот на второто Христово доаѓање. Тоа билo “паѓање на ѕвездите”, односно обиле метеорски дожд на 13 ноември 1833 година на американското небо. Тогашните известувачи велат дека тогаш небото наликувало на силен огномет. Значи, се` е тука! И зените и небесните знаци за Христовото доаѓање, а и библиските пресметки! Многумина поверуваа, восхитени од “точноста” на пресметката и толкувањето.

Црквата и сектите, проф. Д-р Лазар Милин


Се` е тука само Христос го нема! А тоа е најважното. Христос не сакал да ја потврди точноста на Милеровите пресметки, кои ако навистина беа точни, ќе го демантираа и самиот Христос во Неговата повторена изјава дека за тој ден и час не знаат ни небесните ангели, ниту Синот (како Човек), туку само Отецот небесен. И така, како што знае целиот свет, овој план и пресметка паднаа во вода, како и сите пред него. Значи, постои некаде грешка во пресметувањето. Да ја бараме!

Во што е грешката на Милер? Очигледно е дека Милер погрешил во ова толкување на Светото Писмо: Христос не дојде! Со тоа би можеле да ја завршиме целокупната дискусија со адвентистите. Тие треба да прават нови пресметки! Меѓутоа, објективноста ни налага уште малку да го прегледаме тоа нивно познато толкување, кое адвентистите се` уште го сметаат за точно, а за кое нивната пророчица Хелена Голд Вајт вели дека е вдахновено од Светиот Дух, како и дека ангелите го следеле и му помагале на Милер во проучувањето на Светото Писмо.****

  • Х. Г. Вајт, Велика борба, стр. 264
    • В. А. Шпајзер, На прагу..., стр. 73-77
      • Истиот писател и дело, стр. 79-84
        • Х. Г. Вајт, Велика борба, стр. 264



Грешката од која произлегуваат и останатите грешки на Милер, е самото тоа што воопшто се зафатил со работа да го пресметува времето на второто Христово доаѓање. Ако Христос и по втор пат рекол дека за тој ден и час не знае никој освен Отецот небесен, дури ниту Синот – според својата човечка природа, тогаш тој што разбира што значи тоа и сака да му верува на Христа, нема никогаш да се зафаќа со таква работа. А ако се обиде, тогаш значи дека не му верува на Христа и Светото Писмо и вообразува дека е поголем од ангелите и од Синот Божји и дека може од Отецот небесен да ја оттргне тајната што Он во полза на луѓето не сака да ја открие. Тоа не е само грешка туку и грев. Тој грев може да биде инспириран единствено од оној дух којшто од почетокот Му се противи на Христа. Од каде би можеле и ангелите да му помгнат на Милер, кога за нив е речено дека и тие таа тајна не ја знаат?

Втората грешка се состои во тврдењето дека тие 2.300 денови и ноќи мораат да се сфатат како години, а не како природни денови и ноќи. Ако му рекол Бог на пророкот Езекиил: “ти давам по еден ден за година”, тоа е сметка што можела да се примени на тој случај што се однесувал на Езекиил, а библијата никаде не вели дека тоа мора да се примени во секој случај кога се споменуваат денови и ноќи. Тоа дури ни адвентистите не го толкуваат така. Тие велат дека Бог го создал светот за шест буквални, астрономско- Црквата и сектите, проф. Д-р Лазар Милин


календарски денови, а не го применуваат методот на Милер со кој тој го пресметал времето на второто Христово доаѓање. Всушност, далеку од реалноста би не` одвела таа пракса, кога секој ден што го спомнува Библијата би го толкувале како година. Тогаш Христос не би воскреснал во третиот ден, туку дури по две и пол години!


Третата грешка е во толкувањето дека зборот “одредено” значи исто што и “отсечено”. Тоа не е исто. Милер ги изедначил тие два поима, со цел пророштвото за седмините да го може да го соедини со пророштвото за 2.300 денови и ноќи, па да го пронајде почетокот на броењето на тие 2.300 денови и ноќи со кои не знаел што да прави, а и од каде да почне.

Чевртата грешка на Милер е во толкувањето на библиските зборови “да се исчисти светилиштето”. Тој мислел дека зборот светилиште е исто што и нашата планета, па изразот “да се очисти светилиштето” не значи ништо друго, туку второто Христово доаѓање. Адвентистите и денес сметаат дека неговото толкување главно е точно, а ја признаваат само последната – четвртата грешка, дека не е точно протолкувано за какво и за кое светилиште станува збор. Тој бил заведен со “општото верување на христијаните дека светилиштето е исто што и земјата” – така го брани Хелена Голд Вајт, која тврди дека на Милер ангелите му помагале да го разбере Светото Писмо. Меѓутоа, ваквата одбрана не ја постигнува целта. Никогаш христијаните не сметале дека оваа земја е некоја “светиња”. Според библијата таа е проклетие (1. Мој. 3, 17). Христијаните од секога самите се сметале за жители на небото, а не на земјата, бидејќи небото е вистинската христијанска татковина (Евреите 13, 14; 11, 8-10; 1. Коринтјаните 4, 9-13). Освен тоа, доколку ангелите му помагале на Милер да го разбере Светото Писмо, како можел да биде заведен со погрешно верување дека “светилиштето е исто што и земјата”?!


Па што е тоа светилиште? Одиме понатаму со анализата: Простувајќи му ги на Милер сите понапред наведени грешки, па дури и гревот на гордоста што се обидува да ја одгатне тајната што дури ни Исус како човек не ја знаел, адвентистите сметаат дека единствената грешка на Милер е во тоа што не го протолкувал точно поимот “светилиште”, па се обидуваат да

дадат дополнително објаснување и така да ги спасат сметките на Милер и дека 1844 година сепак нешто се случило, и тоа многу крупно. Во Билијата е опишано како изгледа старозаветната скинија, или шаторот на состанок (2. Мој. 25, 26 и 27 глава; Евреите 9, 2-28). Таа земна скинија била направена според планот и нацртот што му ги покажал Бој на Мојсеј на гората (2. Мој. 26, 30). Скинијата имала еден дел кој се викла светилиште и еден кој се нарекувал светиња над светињите. Во светињата на светињите влегувал свештеникот само еднаш годишно, на дено на Очистувањето и поросувал со крвта од жртвуваните животни, со што го очистувал народот од нивните гревови. Бидејќи таа скинија била направена според планот што Бог му го дал на Мојсе на гората, а сб. Јован Богослов во Откровението пишува дека на небото видел како се отвора храмот на скинијата на сведоштвото (Откр. 15, 5)., затоа адвентистите заклучиле дека на небото постои скинија иста како таа што ја направил Мојсеј, со иститие предмети што постоеле во земната скинија: ковчегот на заветот опкован со злато, а во него сад со мана, жезалот на Арон и таблиците на кои се напишани десетте Божји заповеди (таблиците Хелена Г. Вајт ги видела со свои очи кога Христос лично ѝ го отворил ковчегот на заветот) и врз ковчегот две златни статуи на херувими. Како што првосвешетникот од чинот на Арон еднаш годишно влегувал во светињата над светињите на земната скинија за да ги очисти гревовите на народот со крвта од жртвуваните животни, исто така и Христос влегол во светињата над светињите во небесната скинија за да ги очисти гревовите на целото човештво со својата крв. А кога Он влегол во небесната скинија, за да ги очисти гревовите на човештвото со својата крв? Па, на 21 октомври 1844 година! Тогаш кога Милер пресметал дека ќе се јави на Земјата. Значи, Милер ја направил само таа грешка што не одредил точно каде тој ден ќе се упати Христос, дали на Земјата или во небесната светиња над светињите. Таа грешка ја поправиле Хелена Г. Вајт и останатите адвентисти сфаќајќи дека Христос не дошол на Земјата, туку дека дури тогаш почнал да ја чисти светињата над светињите на небото и да го спроведува истражниот суд според небесните книги во кои се запишани сите наши гревови. Па кога ќе се заврши таа работа, тогаш Христос ќе дојде на Земјата да го изврши сеопштиот суд.i Оваа “вистина” Бог му ја “открил” на (Hiram Edson 1806 – 1882) Хајрам Едсон утредента по залудното очекување на Христовото доаѓање.ii А кога ќе биде тоа? Датумот не се одредува. Тоа ќе биде наскоро, само што не станало. Тоа се општите одговори на адвентистите, поткрепени со анализата на современите настани кои според нивните проценки несомнено го најавуваат скорешното доаѓање на Исуса Христа. Колкава е вредноста на одбранава и на толкувањево? Најнапред да погледнеме што е точно во тоа адвентистичко толкување и со што можеме да се согласиме.


1) Точно е дека Христос не дошол на Земјата тогаш кога одредил основачот на адвентизмот Вилија Милер. Значи, точно е дека се измамиле и тој и тие што му веруваа.


2) Точно е дека Мојсеј според тврдењето на Библијата на гората ја видел сликата според која требаше да ја направи скинијата.


3) Точно е и тоа дека апостол Павле прави споредби помеѓу старозаветниот првосвештеник кој со крвта од животните ги очистувал гревовите на израилскиот народ попрскувајќи го еднаш годишно поклопецот од ковчегот на заветот во светињата над

светињите, и Христа кој со својата крв ги очисти гревовите на сите луѓе, откако ги прими врз себе си. Првосвештеничката служба била симболична, а Христовата вистинска, реална. Првосвештеникот ги очистува гревовите на народот на симболичен начин со крвта на јарето, а Христос очистува вистински со својата крв. Првосвештеникот влегува во светињата над светињите а Христос само во небото (Евр. 9, 24). Сето тоа е точно и едногласно. Но, прашање е сега дали постоењето на небесната скинија треба да се сфати буквално или само сликовно.


i Елен Голд Вајт Велика борба..., стр. 342-346 В. А. Шпајзер, На прагу новога доба, страна 221-225; Mirko Golubich, Istorija Crkve, strana 310.



Дали на небото постои ковчег на заветот опкован со злато, со сад со мана, стапот на Арон и камените таблички на кои се напишани Божјите заповеди. Па дури и со статуи? Ако треба тоа да се сфати буквално, тогаш се прашуваме: од каде тоа таму и зошто ќе е таму? Што бараат таму златните статуи на херувимите кога тие таму вистински постојат? За кого во небесниот свет се наменети плочите од законот што забранува убиства, прељуба, кражба, кривоклетство, желба за туѓ имот и кои наредуваат почитување на родителите, шестодневна работа и одмор што важи дури и за туѓинците кои се во куќата на Израилецот, за кого е сето тоа, кота таму не живеат грешни луѓе туку ангели и души на праведници чие постоење адвентистите го одрекуваат. За кого и зошто е сето тоа?

010ce11.jpg

Затоа небесната скинија треба да се сфати само симболично, како паралела на земната скинија како што е повлечена паралела помеѓу старозаветниот првосвештеник и Христос. Христос влегол во светињата на светињите но таа светиња над светињите е “самото небо” како што вели Светото Писмо а не еден дел од шаторот или зградата. Земното светилиште Мојсеј го направил според сликата што ја видел на гората (никаде не се вели дека “сликата” била оригинално гледање на шаторот на небото што таму постои од вечноста туку дека било само нацрт, план како треба да го подигне шаторот), а оваа небесна скинија или “самото небо” ја создал Бог. Тогаш што бидел свети Јован Богослов кога зборува дека “на небото се отвори храмот на скинијата на сведоштвото” (Откровение 15, 5)? Што друго освен визија! Тој уште на почетокот на својата книга вели дека “бил во духот”. Во таа состојба тој видел и змев и ѕвер и бремена жена на месечината и уште многу други слики и прилики кои дури ни адвентистите нема да ги сфатат буквално, материјално. Но, во расправа со адвентистите најважно е прашањето кога дошол Христос во небесната скинија – светињата над светињите или во “самото небо”? Дали тогаш кога се вознел на небото и седнал од десната страна на Отецот и со тоа го завршил делото на искупувањето на родот човечки или пак дури на 21, 22.10.1844 година? Дали Неговата жртва со која ги очистува гревовите на човештвото пред судот на правдата Божја имала вредност уште тој ден кога е принесена или дури на од 22-ри Октомври 1844 година кога Христос според сведочењето на адвентистите “влегол во небесната светиња над светињите”? Пред самата смрт на крстот Спасителот рекол: “Се сврши”. Што е тоа што се свршило? Никој од христијаните не помислува дека Он со тоа го констатирал Своето исчезнување или промашувањето на Својата мисија. Напротив, овие зборови можат да се сфатат како Негов победнички повик: се сврши делото на искупувањето. Жртвата е поднесена, даден е откупот за грешното човештво. Не изгледа ни малку веројатно дека тој откуп на очистување даден во законот на Божјата правда во оној прв оригинален Великпеток ќе почне да важи и дејствува дури од

22.10.1844 година. Исто така, ако Светото Писмо сведочи дека Христос се вознел во небесниот свет во небесната скинија во четириесеттиот ден по Неговото воскресение, кој тогаш би смеел да тврди дека таму пристигнал дури есента во 1844 година? Сé што речено досега на сметка на адвентистичкото толкување се сведува на наши логички забелешки и заклучоци. Адвентистите можат да ни кажат дека за нив не важат ничии логички заклучоци бидејќи тоа се човечки умувања и човечки зборови. Тие според принципите на сите протестантски секти “му веруваат само на Светото Писмо”. Во ред! Но, нашите логички забелешки не потекнуваат од некое рационалистичко сфаќање и толкување на Светото Писмо туку од сведоштвото на Светото Писмо дека Христос се принел Себеси на жртва кога бил распнат. Целиот Негов земен живот од раѓањето во пештерата сé до смртта на Голгота бил жртва, бил понижување. А кулминацијата на таа жртва и на тоа понижување било распнувањето и смртта. Тоа не е умување на некој човек, тоа е сведоштво на Светото Писмо. Исто така, Неговот вознесение настан што се случил во четириесеттиот ден по воскресението не е нечие логичко умување туку директно сведоштви на Светото Писмо кое може да се докаже со цитат (Дела 1, 1-9: Лука 16, 19; 24, 50-51). Исто така со цитати од Светото Писмо може да се потврди дека Христос откако се вознесе на небото како Првосвештеник “Кој преминал преку небесата” (Евр. 4. 14) “седна од десната страна на Бога” (Марко 16, 19; Евр. 8, 1). Значи располагаме со директна потврда од Светото Писмо а не со некои слободно исконструирани логички изводи. Но, ако адвентистите за себе тврдат дека му веруваат само на Писмото, тогаш нека покажат цитат од Светото Писмо којшто тврди дека Христос влегол во небесната светиња над светињите на 21... 22.10.1844 година. Бидејќи таков цитат не постои, тогаш го отфрламе адвентистичкото пресметување на годината и датумот на второто Христово доаѓање како нешто директно антибиблиско а обидот да се одбрани сфаќањето на Милер како наполно неуспешен. Се разбира, тоа не значи дека ние го оспоруваме доаѓањето на Христа да суди ниту пак оспоруваме дека пред Неговото второ доаѓање ќе се покажат одредени знаци. Секако, повеќе пати рековме дека тоа доаѓање е несомнено и дека настанот се наближува со истата брзина со која тече текот на историските настани а ние мораме во секој миг да бидеме подготвени за Неговото дочекување, а не само во XIX-иот и XX-иот век. Изнесеното толкување на Вилијам Милер и адвентистичкото толкување Црквата го отфрла и секогаш го отфрлувала како ординарна ерес.

Вистинското значење на зборот “светиња” и на 2300-те денови

Бидејќи толкувањето на адвентистите т.е. на Милер е сосема неточно, тогаш кое е вистинското значење на изразите “светиња” и 2.300 денови? Историчарите и егзегетите одамна го разрешиле тоа прашање. “Светињата” за која станува збор во пророштвото на Даниил е всушност светињата на Ерусалимскиот храм. Бројот од 2.300 денови и ноќи изнесува 1.150 астрономски денови или околу три и пол години. “Малиот рог” што посред визијата на Даниил израснал од еден од четирите рогови на јарецот и што израснал дури “до небесната војска”, ...дури и над Водачот на таа војска, Му ја одзеде секојдневната жртва... откако ја собори вистината на земјата, дејствуваше и успеваше (Даниил 8, 10-12), очигледно е дека ја симболизира историската личност на сисрискиот владетел Антиох Епифан. Во историјата на еврејскиот народ тој е

запишан со крвави букви. Да слушнеме што вели еден учебник по историја на еврејскиот народ за тој човек кој барал да го сметаат за Бог. “овој владетел своето име во историјата на Евреите го запишал со крв. Тој заслужува со многу повеќе право да се нарече Епиман (бесен) отколку Епифан (Сјаен). Во младоста живеел во Рим каде што се запознал со римските добродетели но и со сите нивни пороци ...Задоен со одвратност и омраза кон Евреите врз нив направил тешки недела и злосторства. Една сабота сосена ненадејно неговите чети влегле во Ерусалим погубиле и заробиле сè на што наишле.” Ги урнал ѕидовите на градот и поставиле своја војска во славниот град на Давид. Па ни с тоа тиранинот не се задоволил. Сакал од корен да го сотре Израилот. Тој бил еден од првите кралеви на Сирија што дал пример на верска нетрпеливост и прогонување, нешто што хелинизмот до тогаш не го познавал. Под закана со смртна казна забранил секакво вршење на верски должности, го забранил празнувањето на саботата и на другите празници, читањето на Тората како и сите други собири со богослужбен карактер. Дал храмот да му се посвети на олимпискиот Ѕевс поставувајќи го неговиот лик на самиот жртвеник. Во 167 година пред Христа на 25 Кислови во Храмот по прв пат им се жртвувало на кумирите. Светото Писмо било запалено. На јавните места низ сите градови се подигале многубожечки олтари а Евреите биле насила терани од кралските војници да им жртвуваат на кумирите. Таквите насилни мерки ги принудиле некои да отпаднат од верата на своите татковци”.

Соломон Калдерон, Историја јеврејског народа, Београд 1935, страна 17-18.


Поради сето тоа Антиох се зема како прототип на антихристот. Овој страшен терор траел околу три и пол години, точно колку што изнесуваат 1.150 денови или 2.300 денови и ноќи заедно. Paul Scheurlen, Die Sekte der Gegenwart, Satze 57 – Сектите на сегашноста, стр. 57. Ете, тоа е пророштвото и неговото толкување бз никакви Милерови фантастични излети во небесниот свет и во настаните од XIX-иот век од христијанската ера!