Википедија:Избрана статија/2025/03
Супернова — моќна и светла експлозија на ѕвезда. Таа е екстремно светла и предизвикува сноп од зрачење кој може да ја засени целата галактика пред да исчезне по неколку недели или месеци. За време на оваа краткотрајна експлозија, суперновата може да испушти толку енергија колку што Сонцето ќе емитува вкупно за целиот свој век.
Супернова се јавува за време на последните еволутивни ѕвездени развои на масивна ѕвезда, или кога бело џуџе е активирано во нуклеарна фузија. Оригиналниот објект, наречен предок, или колабира до неутронска ѕвезда или црна дупка, или е целосно уништен за да формира дифузна маглина. Врвната оптичка сјајност на супернова може да се спореди со онаа на цела галаксија пред да избледи во текот на неколку недели или месеци.
Последната супернова директно забележана на Млечниот Пат била Кеплеровата Супернова во 1604 година, која се појавила недолго по Тиховата Супернова во 1572 година. И двете биле видливи со голо око. Биле пронајдени остатоци од поновите супернови, а набљудувањата на суперновите во други галаксии сугерираат дека тие се случуваат во Млечниот Пат во просек околу три пати секој век. Супернова на Млечниот Пат речиси сигурно би можела да се набљудува преку современите астрономски телескопи. Најновата супернова со голо око била SN 1987A, која претставувала експлозија на сина суперџинова ѕвезда во Големиот Магеланов Облак, придружна галаксија на Млечниот Пат. (Дознајте повеќе...)