На сончевата светлина ѝ требаат околу 8 минути и 19 секунди за да стигне до Земјата доколку се движи со брзина на светлината
На сончевата светлина ѝ требаат околу 8 минути и 19 секунди за да стигне до Земјата доколку се движи со брзина на светлината

Брзина на светлината — физичка константа важна во голем број области од физиката. Нејзината вредност (во вакуум) изнесува точно 299.792.458 м/с (≈3,00 × 108 м/с), односно 1.079.252.848,8 км/ч. Според специјалната теорија на релативноста тоа е максималната брзина со која сета енергијата, материјата и сите информации можат да патуваат во универзумот, а која може да се постигне единствено во вакуум . Затоа често се обележува и со c0. Во други средини (течности, гасови...) брзината на светлината е различна и секогаш помала отколку во вакуум.

Со брзината на светлината во вакуум се движат честичките кои немаат маса и електромагнетното зрачење (светлината и гравитациските бранови и се одвиваат промените во полињата. Тие ја задржуваат c без разлика на движењето на нивниот извор или на инерцијалниот појдовен систем на набљудувачот. Во теоријата на релативноста c ги соединува просторот и времето и се појавува во познатата Ајнштајнова равенка за еднаквост на масата и енергијата E = mc2.

Брзината со која светлината се пренесува низ проѕирни материјали (стакло, воздух...), а радиобрановите низ кабли, е помала од c. Односот меѓу c и v, брзината со која светлината патува низ одреден материјал, го дава показателот на прекршување n на материјалот (n = c / v). За видливата светлина показателот на прекршување на стаклото изнесува околу 1,5, што значи дека низ стаклото светлината патува со брзина од c / 1,5 ≈ 200.000 км/с. Показателот на прекршување на воздухот изнесува приближно 1,0003 за видливата светлина, што значи дека таа низ воздух се движи со брзина од 299.700 км/с (90 км/с побавно отколку со c). (Дознајте повеќе...)