Википедија:Избрана статија/2019/41
Старогрчка митологија — збир од митови и легенди на старите Грци опфаќајќи ги нивните богови и херои, природата на светот и потеклото и значајноста на нивниот култ и нивните обичаии и обреди. Сите овие нешта биле дел од религијата на стара Грција. Денешните научници се своите основи ги темелат и ги проучуваат митовите во обид да откријат повеќе за религиозните и политичките институции во стара Грција, целокупната цивилизација и да ја разберат природата на самото создавање на митот. Старогрчкиот мит го објаснува потеклото на светот и во детали ги опишува животите и авантурите на мноштво богови, божици, херои, хероини и други митолошки суштества. Овие вредности отпрвин биле распространети низ усна традиција; денес старогрчките митови пред сè се познати од старогрчка книжевност.
Најстарите познати старогрчки литературни извори се епските песни Илијада и Одисеја, кои главно се фокусирани на настаните околу Тројанската војна. Двете поеми од Хесиод, Теогонија и Дела и денови раскажуваат за настанувањето на светот, наследството на божествените владетели, потеклото на човекот и неговите проблеми. Исто така до денеска се зачувани и митови кои произлегуваат од Хомеровите химни, кои се поврзани со митови по поразот на постарите богови, и станувањето на Зевс како врховен Бог. Изворите за старогрчката митологија се пренесувале од колено на колено, главно по усмен пат. Една од најосновните одлики на старогрчката митологија е нејзиниот политеизам, односно постоењето на многу богови. Друга одлика за боговите е антропоморфната претстава за боговите, односно старите Грци своите богови ги претставувале во човечки вид, со човечки особености и одлики. (Дознајте повеќе...)