Марсејскиот атентат е извршен на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Тој е еден од најдобро организираните атентати во 20 век, којшто по многу нешта претставува настан што предизвика пресвртница во меѓународните односи и го означи почетокот на активностите што биле вовед во Втората светска војна.

Извршител на атентатот бил македонскиот револуционер Владо Черноземски, член на Внатрешна македонска револуционерна организација. Тој во текот на нападот смртно го погодил кралот Александар I Караѓорѓевиќ со четири куршуми, а со еден куршум го ранил францускиот министер за надворешни работи Луј Барту, кој починал од здобиената повреда.

Атентатот врз кралот Александар Караѓорѓевиќ претставувал круна на сите убиства што организацијата ВМРО ги вршела во периодот помеѓу двете светски војни. (Дознајте повеќе...)