Hold It Against Me“ е песна од американската пејачка Бритни Спирс. Издадена е како првиот сингл од нејзиниот седми студиски албум, Femme Fatale. „Hold It Against Me“ е напишана од Макс Мартин, Луказ Готвалд, Бони Мекки и Метју Џомф, а продуцкијата ја завршиле Готвалд, Мартин и Билборд. Песната прво требало да ѝ биде понудена на Кети Пери, но Готвалд и Мартин почувствувале дека не ѝ одговара. Готвалд објаснил дека сакал „Hold It Against Me“ да не звучи како никоја продукција која тој претходно ја направил. Откако демо верзија на песната изведена од Мекки протекла на интернет, завршената верзија премиерно била прикажана на 10 јануари, 2011. Синглот бил издаден следниот ден.

Музички, „Hold It Against Me“ меша елементи од индустријалната и транс музиката и грајм. Рефренот содржи синтисајзери кои ги креваат нејзините вокали и прават контраст на силните удари од другите инструменти. Песната исто така користи и дабстеп дел, во кој Спирс испраќа бакнежи и завршува со завршен рефрен со елементи од рејв музиката. Текстот прикажува како пејачката заведува некого на танцувачкиот под, додека рефренот зборува за поврзување. The Bellamy Brothers ја критикувале песната, велејќи дека е слична со нивниот хит од 1979, „If I Said You Had a Beautiful Body Would You Hold It Against Me“. Подоцна биле тужени од Мартин, Готвалд Мекки и Билборд за клевета и навреда. (Дознајте повеќе...)