Википедија:Избрана статија/2011/14
Лекари без граници е меѓународна, хуманитарна, невладина организација која им овозможува медицинска помош на жртвите на војни, епидемија или природни и вештачки катастрофи. Освен тоа таа им нуди помош на сите оние на кои медицинската помош им е ускратена или тешко достапна поради географската оддалеченост, сиромаштијата или етничка, политичка и било која друга маргинализација. Познати се по своите проекти во земји, во кои се водат војни и во земји во развој, кои се соочуваат со ендемски заболувања.
Организацијата ја основале група на француски лекари на 20 декември, 1971 година. Ширум светот е позната под своето име на француски јазик, Médecins Sans Frontières или скратено - MSF. Седиштето на организацијата се наоѓа во Женева, а во 20 држави постојат нејзини претставништва. Секоја година околу 3000 лекари, медицински сестри, санитарни стручњаци и други медицински и немедицински личности одат на различни задачи ширум светот. Од друга страна пак 1000 луѓе со постојано работно место, главно работат на ангажирање на доброволци и обезбедување финансиски средства. (Дознајте повеќе...)