Википедија:Избрана статија/2011/08
Ерик Клептон (роден во 1945 година) е англиски блуз-рок гитарист, пејач и текстописец. Клептон е единствен човек кој бил трипати примен во куќата на славните на рокенролот); како соло изведувач, а исто така и како член на рок групите „Yardbirds“ и „Cream“. Во текот на неговата кариера тој бил почитуван од некои од најважните и највлијателните гитаристи на сите времиња. Во магазинот „Rolling Stone“, Клептон е рангиран на четврто место во листата на „100 најдобри гитаристи на сите времиња“ и на 53. на нивната листа на „Бесмртните, 100 најдобри гитаристи на сите времиња“. Во 2010 година, Ерик Клептон беше рангиран на четвртото место на Гибсоновата (Gibson Guitar Corporation) листа на 50 најдобри гитаристи на сите времиња.
Низ кариерата, неговиот музички стил варираше, но секогаш остана заснован на блузот. Од оваа гледна точка, тој се смета за иноватор на неколку музички жанрови меѓу кои и: блуз-рок (заедно со „John Mayall & the Bluesbreakers“ и „Yardbirds“) и психоделичен рок (заедно со „Cream“). Сепак клептоновите успеси на листите не беа лимитирани само на блузот, тој ги зазеде првите места со песната „Tears in heaven“ - (чија музика припаѓа на жанрот „Современа музика за возрасни“ (Adult contemporary music)) и со реге песната на Боб Марли – „I shot the sheriff“ – (на сцените често изведува реге и песни на Боб Марли). Две од неговите најуспешни песни се љубовната хит песна „Layla“, која ја свиреше заедно со бендот „Derek and the Dominos“ и песната „Crossroads“ на Роберт Џонсон. (Дознајте повеќе)