Википедија:Избрана статија/2011/04
Кока-Кола е газиран безалкохолен пијалак кој се продава во продавниците, рестораните или во автоматите низ светот. Компанијата тврди дека се продава во повеќе од 200 земји. Се произведува во компанијата „Кока-кола“ во Атланта, и често ја нарекуваат само Кока или (во Европа и Америка) само Кола или Поп. Во почетокот, кога била измислена во 19 век од Џон Пембертон, била наменета да биде лек, но по ова била откупена од еден стопанственик по име Аса Григс Кендлер, кој со помош на маркетинг тактики во текот на 20 век, ја донел до денешната доминација на светскиот пазар на безалкохолни пијалаци. Во 2009 година, кока-колата која била произведена во Македонија била прогласена за најдобра кока-кола во целиот свет.
Компанијата „Кока-Кола“ има и други кола производи под брендот Кока. Најпозната од нив е Диетална Кока, која станала најпозната диетална кола. Но, постојат и други, вклучувајќи ги Безкофеинска Кока-кола, Кока-кола со цреши, Кока-кола зиро, Кока-кола ванила, а има и специјални изданија со лимон, лимета или кафе. Како одговор на инсистирањето на потрошувачите за поприроден производ, компанијата е во процес на исфрлање од употреба на Е211, или натриумбензоат, контроверзниот додаток кој има лошо дејство врз ДНК и придонесува за хиперактивност кај децата, а се содржи во Диеталната Кока-кола. Компанијата тврди дека планира да го исфрли контроверзниот додаток и од нејзините други производи, вклучувајќи ги и Спрајт и Оезис, веднаш штом се открие соодветна замена. (Дознајте повеќе...)