Википедија:Избрана статија/2009/13
Гитара — жичен музички инструмент со стапала, кој се користи во разновидни музички стилови и е исто така познат како соло класичен инструмент. Во популарната култура најчесто се смета како примарен инструмент во блуз, кантри, фламенко и рок-музиката. Гитарата вообичаено има шест жици, но постојат и гитари со седум, осум, десет, единаесет, дванаесет и осумнаесет жици. Зборот гитара е персиска заемка од иберскиот арапски. Зборот qitara е арапско име за разни членови на семејството на лејти кое биле претходник на западната гитара. Името guitarra било воведено во шпанскиот јазик кога таквите инструменти биле донесени во Иберија од Маврите по X век. прочитајте повеќе