Википедија:Избрана статија/2008/30
Монголскиот јазик ( , Mongɣul kele, кирилица: Монгол хэл, Mongol khel) е најпознатиот јазик на подгрупата на монголски јазици од алтајската јазична фамилија. Монголскиот јазик е официјален јазик на Монголија и се пишува со кирилица. Во текот на својот развој, јазикот се пишувал и со традиционалното монголско писмо што се вовело во монголскиот јазик прегу ујгрурскиот јазик со одредени модификации. Исто така, јазикот се зборува во НР Кина, поточно во Внатрешна Монголија, во Русија и во Киргистан. Во Автономниот Регион Внатрешна Монголија, монголскиот јазик е официјален јазик заедно со кинескиот јазик, иако бројот на монголците што живеат во тој регион не е повеќе од 30 проценти. Во Монголија се зборува Халх дијалектот па поради тоа јазикот се нарекува и како Халх монголски јазик. Во НР Кина, монголскиот се нарекува и како чахарски, ојирадски или бургу-бурјатски. Јазикот го зборуваат околу 5,7 милиони луѓе, од кои повеќето се надвор од границите на денешна Монголија.
Првите зачуван монголски текст е Каменот од Јисунге, извештај за спортови на монголско традиционално писмо што датира некаде од 1224 или 1225 година. Други рани записи напишани на монголски јазик се фагспа натписот (декрети), кинески карактери, Тајната историја на монголците, арапска азбука (речници), и мал број западни натписи. Овие натписи и текстови го претставуваат средновековниот монголски јазик што се зборувал од 13 век па сè до раниот 15 век или 16 век. Документите на монголски јазик покажуваат некои различни лингвистички одлики и се често разделени со именување на наивниот јазик како пред-класично пишување на монголски јазик. Класичниот монголски јазик датира од 17 па сè до 19 век. Јазикот се пишувал со голем степен на стандардизација во ортографијата и синтаксата што е блиску до денешниот модерен монголски јазик. Најзначајните монголски документи од овој период се монголските канџур и танџул, како и неколку колекции на хроники.