Википедија:Вики ги сака спомениците 2014/Македонија/Победници

← Назад на главната страница на натпреварот
Вики ги сака спомениците Македонија
Вики ги сака спомениците Македонија

Честитки за наградените фотографи на натпреварот „Вики ги сака спомениците во Македонија 2014“!

На натпреваров нашите учесници подигнаа вкупно 10.828 слики, што претставува највеќе слики по глава на жител од сите земји!

Десетмината наградени се поделени во две категории, по петмина: „Квалитет“ и „Бројност“.

Категорија „Квалитет“

уреди

Следуваат петте наградени фотографии, по редослед на освоено место. Под описот на секоја фотографија е наведен нивниот автор — носител на наградата и корисничкоѕто име со кое учествувал. Оние што освоиле трето, четврто и петто место добиваат три трети награди, и затоа се означени со тројка во бронзен круг.

Жири-комисијата избра и пет ревијални фотографии кои не беа наградени, но одат заедно со наградените во вкупно 10 слики кои ги поднесуваме како претставници на Македонија на меѓународниот натпревар на национални победници на „Вики ги сака спомениците“ (Wiki Loves Monuments).


Категорија „Бројност“

уреди

Петмината наградени за број на фотографии[1] се следниве:

Место Име и презиме Корисничко име Фотографии
1 Дарко Николовски Darko Nikolovski 1.735
2 Рашо Аврамовски Raso mk 1.119
3 Тамара Савеска Saveska 1.185
4 Никола Цибрев Cibrev 1.075
5 Николина Николовска-Христовска Nikolina Hristovska 1.039

Белешки

уреди
  1. Од вкупниот број на подигнати фотографии се одземаат оние што се сметаат за тематски или поинаку несоодветни согласно правилата и затоа, тука е даден само бројот на важечки подигнати фотографии. Вкупните износи и бројот на отфрлени фотографии кај секој учесник ќе најдете во целосниот извештај.

Надворешни врски

уреди
  • wikilovesmonuments.mk — порталот на „Вики ги сака спомениците Македонија“