Википедија:Барање на ботовски услуги/одбиено

Барања • Исполнети • Одбиени

Оваа страница е список на одбиени барања за ботовски услуги, со наведен датум на одбивање на барањето и краток опис. За секое барање во списокот постои врска до соодветна страница каде барањето е дефинирано и дискутирано за неговата целисходност. Барањата во списокот се наредени по датум во опаѓачки редослед.

Заменување на „римска покраина“ со „римска провинција“

уреди
Статус: одбиено барање

Опис на барањето

уреди

Заменување на поимот „покраина“ во сите статии во кои се употребува со значење на административна единица во Стариот Рим, со „провинција“. Ова вклучува и пренасочување на неколку статии, како измени во шаблони. Благодарам.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:27, 9 октомври 2010 (CEST)[одговори]

Дискусија

уреди

Ова мислам дека мора да се направи, бидејќи употребата на „римска провинција“ наместо „ римска покраина“ беше поткрепено со соодветни извори, а и останатите корисници дадоа согласност дека е подобро да се употренува „римска провинција“.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:27, 9 октомври 2010 (CEST)[одговори]

Дали е постигнат консензус околу ова прашање. Не можам да видам дека има јасен став околу ова на селската чешма? Дали е неопходен ангажман на бот, со оглед на тоа дека не се работи за голем број на статии?--brest (разговор) 14:40, 11 октомври 2010 (CEST)[одговори]
Хм. Ова е добро прашање, но со оглед на тоа дека тројца се согласивме за преименување (јас, Тиверополник и Виолетова) во „римска провинција“, а само еден корисник (Brest) е да остане „римска покраина“, мислам дека има 75%, што се смета за доволно во гласањето за доделување администраторски статус, коешто е најригорозно. Има околу дваесетина статии (вклучувајќии ги и шаблоните), што мислам дека е поарно да се сработи со бот. Ако има потреба од некаква интервенција, можам правовремен да помогнам.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:45, 11 октомври 2010 (CEST)[одговори]
Таму имаше и други корисници вклучени во дискусијата. Плус не се расправаше стриктно за ова прашање. Мислам дека подобро би било таа тема да се расправа засебно. А ако за дваесетина статии употребуваме бот, тогаш дај да употребуваме бот и за оваа дискусија.--brest (разговор) 15:07, 11 октомври 2010 (CEST)[одговори]
Се согласувам. Дискусијата не беше стриктно за ова прашање, но поради поддршката на идејата од некои корисници и отсуството на контрааргументи, користејќи здрав разум ќе ги направам измените. Еднаш кога ги направив ми беа вратени уредувањата.--Kiril Simeonovski (разговор) 15:14, 11 октомври 2010 (CEST)[одговори]
Пријатна работа. Одлучено е со консензус од "двајца без тројца", ептен јак консензус. Енергијата која ја потрошивте да одлучите као да биде, можевте да ја искористите да ги создадете останатите статии за покраините во Римската Империја. --brest (разговор) 15:30, 11 октомври 2010 (CEST)[одговори]