Викендичка[1][2] - помала куќа за одмор, објект наменет за живеење надвор од местото на постојано живеење.

Викендички во близина на Санкт Петербург

Може да биде монтажна или цврста конструкција. За разлика од станот, викендичката е самостојна или куќа во низа. Најчесто е надвор од поголемите градови во средина погодна за опуштање и рекреација, опкружена со зеленило. Викендичката се разликува од вилата по нејзината поскромна големина и уредување.

Поимот (скован по англискиот „Weekend“) влегол во македонскиот јазик некаде во 1950-тите. Станал популарен во следното десетлетие, кога поголем број луѓе ќе можат да си изградат некаква „викендичка“. Стандардот на живеење растел, благодарение на развојот на југословенската економија и заработката на гастарбајтерите, а бидејќи во тогашниот систем биле ограничени можностите за продуктивно вложување пари, парите се инвестирале во материјални добра. Исто така, за луѓето кои се преселиле во градот во раздобјето на забрзана урбанизација, а не се родени таму, „викендичката“ е средство за приврзаност кон родниот крај или место за бегство од градот „во природа“ или „ на одмор“.

Во раздобјето до крајот на 1980-тите до распадот на Југославија, „викендичката“ станала важен статусен симбол за оние кои ја поседуваат, а чест предмет на соништата за оние кои немаат. Овој поим опфаќа широк спектар на градби: од малку дотерани традиционални куќички до вистински вили, кои честопати всушност биле куќи со станови за изнајмување на туристи. Исто така, постои начелно важна разлика помеѓу викендичките што се градат во внатрешноста на земјата, често на местата од каде што потекнува градителот, и оние изградени на морскиот брег, често во „диви“ населби.

Советски Сојуз

уреди

Дачите ( руска дача) биле широко распространети во повеќето делови на поранешниот Советски Сојуз. Се проценува дека околу 50% од руските семејства кои живеат во големите градови поседуваат викендички.

Наводи

уреди