Виза на злото (филм)
Виза на злото — македонски игран филм по сценарио на Славко Јаневски, а во режија на Франце Штиглиц. Снимател бил Бранко Михајловски, а музиката ја компонирал Бојан Адамиќ.[1]
„Виза на злото“ | |
---|---|
Режисер | Франце Штиглиц |
Сценарист | Славко Јаневски |
Главни улоги | Слободан Перовиќ Илија Џувалековски Ацо Јовановски Метка Оцвирк Дарко Дамевски Петре Прличко |
Жанр | трилер |
Музика | Бојан Адамиќ |
Премиера | 1959 |
Времетраење | 89 мин. |
Земја | СР Македонија |
Јазик | македонски |
Премиерата била одржана во 1959 година.
Кратка содржина
уредиСимон, млад човек што решил брзо да се збогати, учествува во шверцувањето на дрога. При една средба со човекот кому треба да му ја предаде стоката ги открива милицијата. Бегајќи, Симон го губи паричникот и претпоставува дека поради тоа неговата самоличност е позната на милицијата.
Калпак, бесрамен човек и организатор на оваа шверцерска група, настојува тој и Симон да заминат од земјата. Симон се согласува незаконски да ја помине границата. Во аферата случајно се вмешуваат Лена, девојка на Симон, и Цветко, негов брат. На пат тргнуваат сите заедно. Лена се обидува да го убеди Симона да се предаде на власта, но аргументите на Калпак, кој манипулира со изгубениот паричник, се појаки. Во обидот сите заедно да го минат езерото со украден чамец и гонети од милицијата, Калпак загинува, Симон е ранет, а девојката Лена ја истура дрогата во езерските води.