Вештерот (видеоигра)

видеоигра од 2007 година

Вештерот (објавена под меѓународното име The Witcher, во Полска под изворното име Wiedźmin) — позната видеоигра со фантазиска заднина, развиена од страна на полското студио CD projekt RED и објавена од страна на Атари. Нејзината премиера била на 26 октомври 2007 година на платформата Microsoft Windows и во април 2012 била објавена сметачката верзија на OS X системот.

Вештерот
The Witcher
Изработувач(и) CD Projekt Red
Издавач(и)
  • Atari (Првично објавување на Windows)
  • CD Projekt
Режисер(и) Јацек Брзезињски
Продуцент(и) Мацјеј Мијасик
Дизајнер(и) Михал Мадеј
Програмер(и) Мацјеј Синило
Уметник(ци) Адам Бадовски
Писател(и)
  • Артур Ганшинјец
  • Себастијан Степијен
  • Марцин Блаха
Композитор(и)
  • Адам Скорупа
  • Павел Блашчак
Серијал Вештерот
Погон Aurora Engine
Подлоги Microsoft Windows, MacOS
Датум на издавање ЕВР: 26 октомври 2007[1]
САМ: 30 октомври 2007[1]
АВС: 9 ноември 2007[1]
Напредно издание
Windows
САМ: 16 септември 2008[2]
ЕВР: 19 септември 2008[2]
АВС: 30 септември 2008[2]
MacOS
5 април 2012[3]
Жанр(ови) Акција видеигра во улоги
Режим(и) Самостојно играње
Полското лого на Вештерот

Дејството на Вештерот се одвива во светот наречен континентот, напишано од Анджеј Сапковски. Главниот јунак во играта, со кој се оживотворува играчот е Гералт од Ривија - еден од вештерите, односно ликови со натчовечки сили, кои обично убиваат чудовишта што ги напаѓаат населените места. По настаните од Сагата Вештерот, Гералт лишен од сеќавањето, повторно се обидува да се пронајде во мрачната реалност во светот на играта, лишен од изразената поделба на доброто и злото. Токму развитокот на играта го приморува Гералт да направи бројни морални одлуки, кои влијаат врз понатамошните судбини на споредните независни јунаци. И покрај обидот на Сапковски за прикажување на атмосферата на тој свет, видео играта Вештерот не добила официјална поддршка од страна на писателот.

Првите обиди за да се преточи светот на вештерот во јазикот на играта биле планирани уште во деведесеттите години на XX век од страна на Metropolis Software, сепак на студиото CD Projekt RED им успеало да ја завршат работата на овој проект, кој траел пет години. За проектот на Вештерот биле одговорни Михал Мадеј и Јацек Брзезињски. Буџетот на играта изнесувал околу 19 милиони злоти, а самото нејзино издание било придружено со голема промотивна кампања. По појавата на Вештерот добиле пофалби од страна на критичарите за фабулата, аудиовизуелното оформување и системот на борба. Како негативни забелешки за продукцијата на полското студио биле веднаш признаени прекумерната сексуализација на жените како и бројните технички грешки, при што повеќето од нив ги поправило Подобреното издание, издадено во септември 2008 година, која освен тоа содржело нови авантури за играчот.

Значајниот комерцијален успех на Вештерот - до јуни 2011 година биле продадени не помалку од 2 милиони примероци - предизвикало нагло внимание од страна на полскиот печат. Во 2011 година CD Projekt RED произвеле продолжение на делото под името Вештерот 2: Атентатори на кралеви (Wiedźmin 2: Zabójcy królów), веднаш потоа во 2015 година се појавила третата, која ставила крај на трилогијата на сцените од серијата, насловена како Вештерот 3: Див Лов (Wiedźmin 3: Dziki Gon).

Фабула

уреди

Дејството на играта се случува во слични фантазиски заплети за време на средновековието. Тоа се заснова на светот на вештерот од романот на Анджеј Сапковски. Писателот се води по фантазиската формула, но исто така искористил многу алегории и наводи кон другите видови, традицијата и историјата. Судбината меѓу неговите јунаци ја истрива еднозначната поделба на доброто и злото, поставувајќи ги пред дилеми и последици полни со противречност и несигурност.

Во Вештерот играчот се оживотворува во ликот на главниот јунак од светот на Сапковски, Гералт од Ривија. Тој е еден од вештерите - ликови со натчовечки сили кои обично убиваат чудовишта што ги напаѓаат населените места. Крајот на Сагата за Вештерот потклава неколку различни завршетоци на судбините на Гералт (меѓу кои и неговото убиство), но дејството на играта се одвива по настаните во Сагата, каде што му успева да преживее. Оттаму фабулата на Вештерот не добила официјална потпора од Сапковски.

Заплет

уреди

Играта ја прикажува приказната на Гералт од Ривија, вештер - генетички напреднат човек со посебни моќи обучен да убива чудовишта. Вештерот содржи три различни патишта, кои влијаат на приказната на играта. Тие патишта се: сојуз со Скоја'тел, герилска група која се бори за слобода составена од виленици и други не-луѓе; сојуз со Редот на пламната роза, чии витези ја штитат државата Темерија; или никаков сојуз за да ја зачува "вештеровата неутралност". Во воведниот исечок на играта, на Гералт му е дадена задача да ја излечи ќерката на кралот Фолтест од Темерија, принцезата Ада, од клетва која ја претвора во подивено чудовиште. Години подоцна, група вештери го пронаоѓа амнезираниот Гералт во бесосзнание во едно поле и го носат во вештерското упориште Кер Морен. Како што тој се мачи да го врати неговото памтење, замокот е нападнат од група бандити наречени Саламндра. Вештерите и волшебничката Трис Мериголд се борат против напаѓачите, но маѓепсникот Азар Џавед и атентаторот „Професор“ бегаат со мутагенските напитоци кои генетски ги менуваат вештерите. Вештерите се упатуваат во различни правци за да најдат информации за Саламндра.

Гералт се упатува јужно кон Визима, престолнината на Визима и каде што Фолтест владее. Во периферијата, тој среќава магично надарено дете наречено Алвин и разбира дека Визима е во карантин. За да обезбеди пропусница, Гералт порзува демонско-куче кое ја пустошело периферијата, но е уапсен откако се обидел да влезе во Визима. Гералт се пријавува да убие едно чудовиште во канализацијата во замена за неговата слобода од притвор и излага во Храмовиот четврт во Визима. Со помош на приватен истражувач, Гералт следи повеќе траги на Саламандра и е сведок на воздигнати тензии помеѓу Редот на пламнатата роза и Скоја'тел. По еден судир со Азар Џавед и Професорот, Гералт е онесвестен и спасен од Трис, која го кани него на забава на високи службеници во Трговскиот четврт во Визима. Таму, Гералт ја сретнува принцезата Ада и добива неколку нови траги на саламандровиот бизнис фронт. Додека Редот на пламнатата роза и Скоја'тел стануваат посмели во нивните напори, Гералт открива повеќе за алвиновите моќи и визии додека ги урива операциите со дрога на Саламандра.

Гералт конечно ја напаѓа саламандровата база во Визима со помош или од Редот на пламнатата роза или Скоја'тел и го убива Професорот, но се наоѓа опколен од кралските чувари по бегството. Ада, која фалсификувала кралски едикти во отсуство на Фолтест, изјавуава дека таа мора да го убие за да го прикрие своето предавство пред Трис да го телепортира него во село на другата страна од Визимското Езеро. Гералт и Јаскер пронаоѓаат "стаклен" мир додека се грижат за Алвин, помагајќи во проблемите кои ја опкружуваат една несудена свадба, и преговарајќи меѓу сеолото и жителите на еден воден град. Со тек на време, сепак, конфликтот меѓу Редот и Скоја'тел го загрозува селото, присилувајќи го Гералт конечно да избере страна или да стане непријател на двете страни. Исплашениот Алвин мистериозно исчезнува во еден миг, и Гералт и Јаскер одлучуваат да запловат на назад во Визима и да и стават крај Саламандра.

Со повеќето витези од Редот и нивните мутанти кои сега влегуваат во отворен бунт, кралот повторно се потпира на Гералт со договор да го убие Великиот Господар. Откако бил соочен, Великиот Господар се обидува да го убеди Гералт со неговиот "голем план" за да го спаси човештвото од пророштвата за светско-проголтувачкиот мраз. Скептичниот Гералт е ставен во илузија на ледена пустелија од Великиот Господар, кој има страшни сличности со Алвин. Гералт успешно го поразува него и потоа му пришол кралот на Дивиот лов во сеништен облик, да ја земе душата на Великиот Господар. Сеништето го предупредува Гералт за претстојните настани или се бори против него и исчезнува, при што Гералт го уива Великиот Господар и бега од илузијата. Како што Гералт го ликвидирал Великиот Господар, тој забележува дека тој ја има истата амајлија како онаа на Алвин со што потврдува дека тој бил Алвин целото време, поради својата Старешинска крв, тој по грешка се само-испратил назад во времето, години пред настаните во играта. Во завршната сцена, еден маж со вештерски вертикални зеници се обидува да го убие Фолтест. Сепак, атентаторот е спречен од Гералт, што води директно кон Вештерот 2: Атентатори на кралеви.

Начин на играње

уреди

Играчот се движи во фантазиски свет набљудуван низ перспективата на трето лице или во изометричен поглед. Светот на играта не е отворен, но е поделен на области, во кои на играчот му се дадени определени локации.

Предводениот јунак е опишан со четири одлики: сила, подвижност, истрајност и интелигенција кои имаат пет нивоа на напредување. Убивајќи ги непријателските ликови и извршувајќи ги мисиите, играчот добива бодови на искуство, кои можат да се пренасочат за развој на одредени атрибути или за купување на посебни вештини. Се делат на два вида: пасивни, кои ги додаваат модификаторите до одликите на јунакот, како и активни, кои ги активира играчот. Дел од нив се поврзани директно со борбата и магичните вештини, затоа дел се однесува на пример на алхемијата и друштвените вештини на играчот.

Играчот по добивањето на вештините од алхемијата може да спрема еликсири, кои се создаваат со помош на мешање на состојките придобиени од растенијата или убиените чудовишта со посебни напитоци, на пример со високопроцентен алкохол. Создадените мешавини можат да послужат во разна корист во зависност од состојките - на пример лечење на ранет јунак, можност за гледање во темнина или помош за точност во борба. Сепак еликсирите имаат нус појави - го трујат ликот на играчот. Освен еликсирите, играчот може да спрема масла за мечевите или петарди фрлани против непријателите.

Освен борбата и извршувањето на мисијата играчот може да навлезе во посебни интеракции со ликовите кои се појавуваат во играта. На пример можно е коцкање во крчма, заедничко пиење алкохол со цел да се добијат посебни предмети или информација од соговорникот и заведување на жени, со што играчот добива карти со еротска содржина.

Играчот е приморан да направи морални избори, кои ќе имаат значајно влијание во светот на играта и нејзиниот завршеток. Ефектите од направениот избор се активираат по неколку часови во играта, што го прави безцелно применувањето на методата за запишување на заплетот пред извршената одлука. Секоја од одлуките има определени негативни ефекти.

Борба

уреди

На почеток играчот располага со челичен меч кој се користи во борба со луѓе и немагични чудовишта, затоа за време на играта исто така се здобива со сребрен меч кој служи исклучително за судири со суштества со магично потекло. За време на борбата со непријателските ликови играчот мора да фиксира стил, со кој ќе се послужи. Достапни се три видови: силен - назначен за судири со исклучително отпорни противници, брз - за борба со спретни ликови како и групен - кој служи за одбрана од група на непријатели и кој им задава најмалку штети.

Борбата со непријателскиот лик се содржи во тоа што играчот ја насочува стрелката на него и притиснува на левиот клик на глувчето, при што јунакот извршува определена секвенца удари. Потоа стрелката го променува обликот и играчот повторно притиснува, за неговиот лик да го зададе следниот удар, посилен удар. Секвенцата е прекината, кога играчот ќе притисне во несоодветен момент.

За време на борбата играчот губи бодови на истрајност, што влијае на неговата кондиција во понатамошните битки. Возможна е негова регенерација на истрајност со помош на одмор во гостилница или покрај огниште.

Токму со успесите во играта играчот добива можност да се послужи со пет магични секвенци, наречени Знаци. Аард (Aard) овозможува телекинетички удар против непријателскиот лик, Квен (Quen) создава одбранбено поле кое ги задржува нападите на противникот, Ирден (Yrden) поставува магична стапица за чудовишта, Игни (Igni) предизвикува огнен напад, затоа пак Аксии (Axii) дозволува да се преземе контрола над противникот. Знаците можат да бидат развивани, што значи поефективни.

Развој

уреди

Пред вклучувањето на CD Projekt, Metropolis Software (кој CD Projekt го откупил во 2009 година и го затворил во 2010 година) обезбедиле дозвола од Анджеј Сапковски за неговите романи во серијалот „Вештерот“, околу 1997 година.[4] Сепак, поради неколку други проекти во кои тоа студио било вклучено тогаш, и грижите од нивниот издавач TopWare за меѓународното привлекување на материјалот, проектот не продолжил понатаму од некоја почетна медија и ниво на играње.[5]

CD Projekt проект подоцна му пришол на Сапковски за правата за серијалот. Тие успеале да ги озбедат правата за околу 35,000 злоти (околу 9,500 долари) од Сапковски, кој сакал целосна исплата, наместо исплата како за авторски права, иако ова му било понудено. Во интервју од 2017, Сапковски рекол дека во тоа време тој немал интерес во видео игри, и на зделката гледал само од перспектива на финасиска корист.[6]

Двигател на играта

уреди

Вештерот работи на значително изменета верзија на Aurora Engine од BioWare, унапредена за самостојно играње. Многу промени биле вметнати на првичниот двигател; Некои од нив се опишани подолу.

Една од најважните одлики на Aurora Engine-от е тоа што светот е дизајниран токму како што развивачите го замислиле, наместо користење на циглова графика. Сите средини се развиени во 3ds Max и потоа пренесени на двигателот на играта. Како резултат, развивачите може да создадат уникатни играчки светови, наместо рециклирање на истите циглови објекти повторно и повторно. Верзијата на CD Projekt на двигателот поддржува светли карти создадени во 3ds Max. Кажано е дека сенките создадени на овој начин изгледаат пореалистично, и придонесуваат за подобри перформанси на играта.

Изменетиот двигател исто така вклучува боја на текстурата, посебна алатка што дозволува развивачот да ја обои средината користејќи разни текстури. Ова овозможува развивачот светот на играта да го направи навистина уникатен. Новите реалистични Небесни кутии и водени ефекти дизајнирани посебно за „Вештерот“ биле додадени во двигателот. Природното светло за време на различни фази на денот, реалистично се менува, преминот на денот и ноќта служи за да го збогати амбиентот на играта. Времето може динамично да се промени од росење до темно бурно врнење придружено со громотевици и молњи.

Други значителни промени вклучуваат анимации со физичко снимање, подобрено моделирање на физиката, нови механики и нов борбен систем. Дополнителните модификации вклучуваат вметнување на портали и вклучување на други графички ефекти (светење, напредни динамични сенки, заматувања, итн.).

Локализација

уреди

Сите карти со приказ од жените покажани по гералтовите "сексуални освојувања" биле цензурирани ("ретуширани за поскромен стандард") за изданието во Соединетите Држави.[7] Во самата игра драјдата била променета, па нејзината коса покривала повеќе од нејзиното тело во ова издание.

Некои дијалози помеѓу ликовите се скратени во не-полските верзии. Главниот дизајнер Михал Мадеј имал спорни барања од обожавателите дека ова било поради понекогаш грубиот јазик, но дека одлуката за да се смали дијалогот се случила поради грижи поврзани со продукцијата во развојот на играта. Коректорот Мартин Паган ја забележал оваа скратена верзија за време на неговото работење, и писателот Санде Чен потврдила дека тоа не било поради цензура. Обожавателите теоризирале дека тоа било така поради штедење кон глумците-синхронизатори, посебно откако многу од вулгарниот говор бил задржан.[8]

Конзолска верзија

уреди

На 29 ноември, видео кое ја покажувало конзолската верзија на играта било закачено на интернет. На 2 декември, CD Projekt Red официјално потврдиле дека „Вештерот“ ќе биде пренесен на PlayStation 3 и Xbox 360 конзолите и објавен како „Вештерот: Подемот на Белиот волк“.[9] Била изградена од нула за DaVinci Engine-от на Widescreen Games и вклучувала низа разлики.[10] Според главниот дизајнер Јакуб Стилињски од CD Projekt Red, играта прикажувала нов интерфејс, редизајнирани битки со главните непријатели, нова музика, "внесување на нови модели", и редизајниран систем за развој на ликови, во прилог на целосна нова борба ориентирана на акција со напредната вештачка интелегенција, дополнителни анимации со физичко снимање и способноста директно да се контролираат гералтовите одбранбени маневри.[10] CD Projekt исто така потврдила дека „Подемот на Белиот волк“ ќе има содржина која ќе се симнува.[10]

На 29 април 2009 година, било најавено дека правењето на играта било запрено поради задоцнети исплати од CD Projekt кон француските развивачи на конзолската верзија, Widescreen Games.[11] Во изјава на извршниот директор на CD Projekt, Михал Кицињски, изјавил дека исплатите биле задоцнети поради што Widescreen games не биле во тек со развојниот рок, дополнително кажувајќи дека „техничката неспособност создала ризик од губење на планираниот квалитет“ и дека CD Projekt ја завршила нивната соработка со компанијата.[12]

Издавање

уреди

Подобрено издание

уреди

На Конференцијата на развивачи на игри во 2008 година, CD Projekt Red најавил подобрена верзија на играта, кој била објавена на 16 септември 2008 година. Значајни промени биле прикажани во подобрената верзија се преку 200 нови анимации, додатни модели на не-играчки ликови, и пребојување на општите не-играчки модели како и на чудовиштата, многу проширени и поправени разговори во преведените верзии, поправена стабилност, редизајниран систем за складирање и времето на вчитување скратено за околу 80%.[13][13][14] Во прилог, се кажало дека сите грешки биле поправени, и прирачникот во играта бил целосно преправен. Исто така има две нови авантури достапни да се играат: Нус појави и Цената на неутралноста. Нов избор има во поставувањето на текстот и јазикот посебно. На пример играчите сега можат да ја играат играта со полски гласови и англиски текст. Други прикажани јазици се руски, италијански, француски, шпански, германски, чешки, унгарски и кинески.

Настрана од подобрувањето на играта, Вештерот подобрено издание вклучува и DVD на како се произвело делото, CD со 29 траки од играта, уште едно CD со музика инспирирана од расказот Вештерот од книгата Последната желба, мапа од Темерија испечатена на висококвалитетна хартија, и офицајален стратешки водич. Во прилог, нова и подобрна верзија на „D'jinni Adventure Editor“ е на DVD-то со двете нови авантури. Ажурирањето на играта, како и плус содржина, се достапни за бесплатно симнување за сопствениците на првичната верзија кои ја регистирале нивната игра на официјалниот форум. Дополнително, стари зачувувани од игри се компатибилни со напреднатата верзија.

Според со-основачот на CD Projekt, Михал Кицински, Напреднатото издание си барало инвестицијаод 1 милион долари, и компнијата испратила 300,000 копии од новата верзија ширум светот до декември 2008 година.[15]

Режисерски исечок

уреди

CD Projekt објавил верзија со Режисерски исечок од играта во Северна Америка на 31 јули 2009 година. Тој е рамен на Подобреното издание достапно за остатокот од светот, но без цензурата користена во Северноамериканската верзија. Компанијата оттогаш објавила официјален нецензуриран пач што ја прави Северноамериканска верзија иста како и меѓународната за оние кои купиле затворена верзија од играта.

Прием

уреди
Прием
Агрегатни оценки
АгрегаторОценка
Metacritic81/100[16]
(Напреднато издание) 86/100[17]
Прегледни оценки
Објава одОценка
1UP.comB-[18]
Eurogamer7/10[19]
GamePro4.5/5[20]
GameSpot8.5/10[21]
GameSpy     [22]
GameZone8.8/10[23]
IGN8.5/10[25][26]
Награди
Објава одНаграда
GameSpyИгра во улоги на компјутер на годината[27]
IGNНајдоброто од 2007 година, Надобра игра во улоги[28]

Играта примила многу позитивни прегледи. Собраниот резултат на играта е 81 од 100 на Метакритик.[16] Мајкл Лаферти од GameZone и дал на играта 8.8 од 10, опишувајќи ја како длабока вкопувачка игра која ќе „побара од тебе да мислиш и да правиш избори, не само да го хакираш и да го истераш товојот пат до славата“.[23] Кино воведот на Вештерот бил номинирал за Наградите ВЕС во 2007 година во категоријата за извонредни пред-рендирани визуелности во една видео игра,[29] а траката на видео играта била изгласана за најдобра трака од фантазиска игра во Фантазиските награди на радиото Ривендел во 2007 година.[30]

Академијата за интерактивни уметности и науки го именувала Вештерот како еден од номинираните за игра во улоги на годината во 2007 година; сепак на крајот загубил од „Мас ефект“.[31]

Во 2010 играта била вклучена како една од насловите во книгата „1001 видео игра што мора да ја играш пред да умреш“.[32]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „The Witcher Release Information for PC“. GameFAQs. Посетено на 20 април 2020.
  2. 2,0 2,1 2,2 „The Witcher: Enhanced Edition Release Information for PC“. GameFAQs. Посетено на 20 април 2020.
  3. „The Witcher: Enhanced Edition Release Information for Macintosh“. GameFAQs. Посетено на 20 април 2020.
  4. „NG Alphas: Metropolis“. Next Generation (magazine). Бр. 35. Imagine Media. ноември 1997. стр. 86–89.
  5. Purchase, Robert (19 мај 2015). „The Witcher game that never was“. Eurogamer. Посетено на 13 мај 2017.
  6. Purchase, Robert (3 март 2017). „Meeting Andrzej Sapkowski, the writer who created The Witcher“. Eurogamer. Посетено на 13 мај 2020.
  7. Burnes, Andrew (24 октомври 2007). „The Witcher Preview“. IGN. Архивирано од изворникот на 2012-09-06. Посетено на 14 мај 2020.
  8. Breckon, Nick (7 ноември 2007). „The Witcher Script Heavily Edited for English Audiences, Says The Writer“. Shacknews. Посетено на 14 мај 2020.
  9. „Console version announcement“. Архивирано од изворникот на 6 декември 2008.
  10. 10,0 10,1 10,2 Hollister, Sean (9 декември 2008). The Witcher: Rise of the White Wolf Q&A – Console DLC Confirmed!“. GameCyte. Архивирано од изворникот на 18 август 2011. Посетено на 14 мај 2020.
  11. „Development of the new Game "The Witcher: Rise of the White Wolf" is Frozen for Playstation3 and Xbox360!“. prnewswire.com (Press release). Архивирано од изворникот на 3 мај 2009.
  12. Burnes, Andrew. „CD Projekt Respond To Widescreen's Witcher: Rise Of The White Wolf Accusations“. IGN. Архивирано од изворникот на 29 април 2009. Посетено на 14 мај 2020.
  13. 13,0 13,1 „The Witcher Enhanced Edition Fact Sheet (PDF)“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 29 декември 2009. Посетено на 14 мај 2020.
  14. „The Witcher Official Site“. Архивирано од изворникот на 3 септември 2008.
  15. Hollister, Sean (10 декември 2008). „CD Projekt's Michal Kicinski Talks Witcher Sales, Piracy and DRM“. GameCyte. Архивирано од изворникот на 9 март 2009. Посетено на 14 мај 2020.
  16. 16,0 16,1 „The Witcher for PC Reviews“. Metacritic. Посетено на 14 мај 2020.
  17. „The Witcher: Enhanced Edition for PC Reviews“. Metacritic. Посетено на 14 мај 2020.
  18. Neigher, Eric (8 ноември 2007). „The Witcher 3“. Посетено на 14 мај 2020.
  19. Whitehead, Dan (26 October 2007). „The Witcher“. Eurogamer. Архивирано од изворникот на 2007-10-28. Посетено на 14 мај 2020.
  20. Rivera, Amanda (4 December 2007). „Review: The Witcher“. GamePro. Архивирано од изворникот на 5 декември 2007. Посетено на 14 мај 2020.
  21. Todd, Brett (5 ноември 2005). „The Witcher Review“. GameSpot. Посетено на 14 мај 2020.
  22. Abner, William (21 ноември 2007). „The Witcher (PC) Review“. GameSpy. Посетено на 14 мај 2020.
  23. 23,0 23,1 Michael Lafferty (2007) "Gamezone Witcher Review" посетена на 14 мај 2020
  24. Adrian Scorsese (2012) "The Witcher 3 game" посещённый 12 ноября 2020 года
  25. Aihoshi, Richard (24 мај 2006). The Witcher E3 View“. IGN. Посетено на 14 мај 2020.
  26. Adams, Dan (29 октомври 2007). „The Witcher Review“. IGN. Посетено на 14 мај 2020.
  27. Accardo, Sal 'Sluggo'. „GameSpy's Game of the Year 2007“. GameSpy. Архивирано од изворникот на 23 јули 2008. Посетено на 14 мај 2020.
  28. „IGN Best of 2007“. IGN. Архивирано од изворникот на 2008-09-15. Посетено на 14 мај 2020.
  29. „Visual Effect Society Nominations 2007“ (PDF).[мртва врска]
  30. „Radio Rivendell 2007 winners“.
  31. Academy of Interactive Arts & Sciences. „2008 Awards Category Detail - Roleplaying Game of the Year“. Посетено на 14 мај 2020.
  32. Mott, Tony (2010). 1001 Video Games You Must Play Before You Die. Лондон: Quintessence Editions Ltd. стр. 751. ISBN 978-1-74173-076-0.

Надворешни врски

уреди