Ветроказ
Ветроказ – мерен инструмент што го покажува правецот на дувањето на ветрот[1]. Се состои од водорамна прачка која може да се врти околу вертикална оска. На едната страна на прачката се наоѓа плоча со аеродинамички профил, која постојано ја врти прачката во насока на ветрот, а на другата страна е противтег и стрелка која ја покажува насоката од каде што дува ветрот. Под вертикалниот столб, околу кој се врти ветроказот, означени се четирите главни страни на светот или само север.[2] Ветроказот е едноставен мерен инструмент, прицрврстен на вертикална оска околу која може слободно да се врти. Ветроказот е несиметричен, на едниот крај има опашка, а на другиот стрелка, па заради делувањето на ветрот самиот се поставува во насока на ветрот. Насоката на ветрот се одредува според положбата на стрелката во однос на страните на светот.[3]
Галерија
уреди
|
Наводи
уреди- ↑ „Ветроказ“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Ветроказ, [1] "Hrvatska enciklopedija", Leksikografski zavod Miroslav Krleža, www.enciklopedija.hr, 2017.
- ↑ "Tehnička enciklopedija" (Meteorologija), glavni urednik Hrvoje Požar, Grafički zavod Hrvatske, 1987.
Надворешни врски
уреди„Ветроказ“ на Ризницата ? |