Весна Борозан
Весна Борозан (Ресен, 24 април 1962) — македонски научник и универзитетски професор,[1] пратеник во македонското Собрание и поранешен Амбасадор.
Весна Борозан | ||
Родена | 24 април 1962 Ресен, Македонија | |
---|---|---|
Занимање | научник и универзитески професор |
Животопис
уредиБорозан е родена во Ресен, Македонија, на 24 април 1962 година, каде го завршува основното и средното образование. Димпломирала и магистрирала на ЕТФ во Скопје во 1986 година и 1992 година, респективно и докторира во 1996 година на Електротехничкиот факултет во Белград. Од 1987 година е вработена на Електротехничкиот факултет во Скопје во звањето помлад асистент, каде е во непрекинат работен однос. Во последното наставно-научно звање, вонреден професор, е избрана во 2005 година. Во текот на 1997 година има студиски престој на Државниот универзитет на Северна Каролина, САД, во звањето пост-докторант, а во 1999 година е визитинг професор на Папскиот католички универзитет во Санијаго де Чиле, Чиле. Во текот на 2001 година има двомесечен студиски престој за развој на нови наставни програми на Државниот технички универзитет на Атина, Грција. Во периодот септември 2010 – септември 2011 година, престојува на Универзитетот за технологија во Виена, Австрија, во звањето почесен професор по електроенергетски системи. Во мандатниот период 2002 – 2006 година е пратеник во Собранието на Република Македонија и членува во Комисијата за надворешна политика и Комисијата за европски прашања. Во овој период, таа дава значителен придонес во основањето на Енергетската заедница на ЈИЕ, како и во реформирањето на енергетскиот сектор во Македонија според критериумите на Европската унија. Од мај 2006 година до јуни 2010 година, д-р Весна Борозан ја извршува функцијата вонреден и ополномоштен амбасадор на Македонија во Австрија, Чешка , Словачка и Јапонија. Нејзиниот сегашен научно-истражувачки интерес се однесува главно на пазарното стопанисување со електрична енергија, вклучувањето на обновливи извори на електрична енергија во дистрибутивните мрежи, интелигентни електроенергетски мрежи и микро-мрежи. Таа е автор или соавтор на бројни трудови објавени во научни списанија и конференции, како и на учебни помагала. Во својата професионална кариера, исто така, била раководител или учесник во неколку национални и меѓународни научно-истражувачки проекти, како EC INCO RISE (2004 – 2007), EC FP6 MORE MICROGRIDS (2006 – 2009), EC FP7 SEETSOC (2010 – 2012) и проекти за развој на наставни програми, EC Tempus CEFES (2004 – 2007) и JADES (2008 – 2011). Д-р Весна Борозан е член на МАКО СИГРЕ, постар член на IEEE и со-основач на Европскиот центар за еколошка економија.
Научно - истражувачки области
уреди- пазарно стопанисување со електрична енергија
- вклучување на обновливи извори на електрична енергија во дистрибутивни мрежи
- интелигентни електроенергетски мрежи
- микро-мрежи
- методи за следење и оптимално водење на дистрибутивни електроенергетски системи
- режими на работа на електроенергетски системи
Библиографија
уреди- A. Krkoleva, V. Borozan, P. G. Romanos, “Implementation of Gossip Algorithms in Power Systems”, Energy-Efficient Computing and Networking, LNICST, vol. 54, N. Hatziargyriou et al. Eds. Springer Verlag 2011, ISBN 978-3-642-19321-7.
- A. Krkoleva, V. Taseska, N. Markovska, R. Taleski, V. Borozan “Microgrids: The Agria Test Location”, Thermal Science Journal, Vol. 14, No. 3, 2010, pp. 751–762.
- N. Katic, V. Borozan, S. Halilcevic, “Ekonomija elektroenergetskih sistema”, CEFES – EU Tempus Project CD JEP-18126-2003, Biblioteka Matice srpske, Novi Sad, Jun 2007, ISBN 978-86-7892-062-2.
- V.Borozan, N.Rajakovic, "Load Estimation for Distribution Systems with Minimum Information", ETEP, August 2004.
- V.Borozan, N.Rajakovic, "Application Assessments of Distribution Network Minimum Loss Reconfiguration", IEEE Transaction on Power Delivery, Vol.PWRD-12, No.4, October 1997, pp. 1786–1792.
- V.Borozan, D.Rajicic, R.Ackovski, "Minimum Loss Reconfiguration of Unbalanced Distribution Networks", IEEE Transaction on Power Delivery, Vol.PWRD-12, No.1, January 1997, pp. 435–441.
- V.Borozan, D.Rajicic, R.Ackovski, "Improved Method for Loss Minimization in Distribution Networks", IEEE Transaction on Power Systems, Vol.PWRS-10, No.3, August 1995, pp. 1420–1425.
Научно-истражувачки проекти
уреди- V. Borozan, “Integration of South East Europe into the Internal Market for electricity under the specific aspect of the TSO’s role”, Study for the Southeast Europe Cooperation Initiative (SECI), Vienna, Austria, August 2010 – July 2011.
- EU-WB consortium, University ”Sts. Cyril and Methodius” Skopje, V.Borozan – member of consortium, “South-East European TSO Challenges (SEETSOC), EC Funded Project, VII Framework, 2010 – 2012.
- Institute of Comunication and Computer Systems - ICCS, National Technical University of Athens - NTUA, N. Hadziargyriou - coordinator, University ”Sts. Cyril and Methodius” Skopje, V.Borozan – member of consortium, ”Advanced Architectures and Control Concepts for More Microgrids (MORE MICROGRIDS)”, New technologies for energy carriers - Electricity, STRP, January 2006-January 2009.
- Institute of Comunication and Computer Systems - ICCS, National Technical University of Athens - NTUA, N. Hadziargyriou - coordinator, University ”Sts. Cyril and Methodius” Skopje, V.Borozan - contractor, "Renewables for Isolated Systems – Energy Supply and Waste Water Treatment (RISE)", Specific research and technological development programme ”Integrating and strangthening the ERA”, EC Contract No INCO-CT-2004-509161, November 2004 - November 2007.
- V.Borozan, “Connection of Dispersed Generation to Electrical Grid”, Project for the Ministry of Science, Republic of Macedonia Government, Skopje, Macedonia, July 2001 – June 2004.
- V.Borozan, M.E.Baran, "A Prototype Distribution Automation System", Project for Electric Systems Technology Institute, ABB Power T&D Company Inc., Raleigh, NC, USA, February - July 1997.
Наставно-научни проекти
уреди- Institute of Comunication and Computer Systems - ICCS, National Technical University of Athens - NTUA, N. Hadziargyriou – contaractor, University of Tuzla - UT, Tatjana Konjic - coordinator, University ”Sts. Cyril and Methodius” Skopje, V.Borozan – member of consortium, ”Joint Advanced Doctoral Degree in Energy Systems (JADES)”, Curriculum Development Programme, EC Tempus Joint European Project, May 2008 – April 2011.
- Institute of Comunication and Computer Systems - ICCS, National Technical University of Athens - NTUA, N. Hadziargyriou – contaractor, University of Tuzla - UT, Tatjana Konjic - coordinator, University ”Sts. Cyril and Methodius” Skopje, V.Borozan – member of consortium, "Cost-Effective & Environmentally Friendly Energy Systems (CEFES)”, Curriculum Development Programme, EC Tempus Joint European Project No CD_JEP-18126-2003, September 2004 - August 2007.
Наводи
уреди- ↑ „ВЕСНА БОРОЗАН“. ФЕИТ. Архивирано од изворникот на 2012-08-28. Посетено на 2013-03-04.