Венче Николоски
македонски партизан, учесник во НОВ на Македонија
Венче Л. Николоски ( 1925 во Локвица, Порече — 10 октомври 1944 во Вратница, тетовско) — македонски партизан, учесник во НОВ на Македонија.[1]
Венче Л. Николоски | ||
Роден | 1925 година Локвица, кај Македонски Брод | |
---|---|---|
Починал | 10 октомври, 1944 година Вратница, тетовско | |
Народност | Македонец |
Животопис
уредиБил роден во 1925 година во селото Локвица кај Македонски Брод. По занимање бил земјоделец. Кон НОБ се приклучил доброволно во Првата македонско-косовска бригада во 1944 година. Учествувал во повеќе борби, особено во расчистувањето на теренот од балистите во кичевскиот крај. Во една борба со балистите загинал во селото Вратница на 10 октомври 1944 година.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Порече низ историјата, Милан Ристески, НИО „Студентски збор“, Скопје, 1982, стр.215
Оваа статија за личност од Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |