Венециско биенале за архитектура
Венециско биенале за архитектура (италијански: Mostra di Architettura di Venezia) — архитектонски дел од изложбата на Венециското биенале, започнат во 1980 година иако архитектурата е дел од оваа изложба од 1968 година. Освен академската страна на архитектурата, биеналето овозможува архитектите и дизајнерите да прикажат нови проекти поставени во различни павилјони, секој со различни теми. Моментално архитектонското биенале се одржува во градините на биеналето, (италијански: Giardini della Biennale). Македонија на оваа изложба учествува од 2004 година.
Изложби
уреди2016
уреди15та интернационална архитектонска изложба на тема "Извештај од фронтот" се надоврзува на миграциската парадигма и на архитектонските илузии како град за сите во кој низ мултикултурни асоцијации ги задржуваме формата и зафатнината. Куратор на биеналето е Алехандро Аравена.
Македонскиот национален претставник ќе учествува со павилјон на тема "Ничија земја". Проектот преку едно архитектонско-визуелно остварување ја проектираат публиката во една субјективна реалност на самопрепознавање на новите можни глобални географски поместувања. Куратор е Стојан Павлески.
2014
уреди14та интернационална архитектонска изложба на тема "Темели-прифаќање на модерноста:1914-2014", поставена од Рем Колхас, куратор на Венециско Биенале за 2014 година.
Македонскиот национален претставник - проектот "Наоди" се насочува кон претставување промоција на обемното и разновидно наследство на македонската модерна архитектура, видена низ специфичниот пример на архитектонската историја на Скопје. Тој опфаќа документирање и каталогизација на 50 архитеконски реализации од доменот на јавните згради и нивно (пре)откривање и (пре)прочитување. Македонскиот павилјон бил сместен во историскиот простор на Арсенале, Сала д'Арми. Куратор на проектот бил Јован Ивановски.
2012
уреди13та интернационална архитектонска изложба на тема "Заедничка земја", поставена од Дејвид Чиперфилд.
Македонскиот национален претставник е проектот "Архитектура во огледало: секојдневно и возвишено". Куратори се Александар Радевски и Саша Тасиќ.
2010
уреди12та интернационална архитектонска изложба на тема "Луѓето се среќаваат во архитектура", поставена од Казујо Сеџима.
Македонскиот национален претставник е проектот "Учење архитектура". Куратори се Минас Бакалчев и Митко Хаџи-Пуља.
2008
уреди11та интернационална архитектонска изложба на тема "Таму некаде: архитектура надвор од зграда". Куратор е Арон Бетски.
Македонскиот национален претставник е проектот "Метамак отсечоци". Куратори се Влатко П. Коробар, Минас Бакалчев и Митко Хаџи-Пуља.
2006
уреди10та интернационална архитектонска изложба на тема "Градовите во архитектурата и општеството". Куратор е Ричард Бурдет.
Македонскиот национален претставник е проектот "Град на можни светови". Куратори се Минас Бакалчев и Митко Хаџи-Пуља. Оваа година стручното жири му додели Специјално признание на македонскиот павилјон.
2004
уреди9та интернационална архитектонска изложба на тема "Метаморф". Куратор е Курт В. Форстер.
Македонскиот национален претставник е проектот "Метаморфоза: од хипер тело до инверзна перспектива". Куратор е Влатко П. Коробар.
Надворешни врски
уреди„Венециско биенале за архитектура“ на Ризницата ? |
- Официјална страна на Венециското биенале Архивирано на 21 септември 2015 г.
- Satellite map of national pavilions