Велека
42°2′5″N 27°41′44″E / 42.03472° СГШ; 27.69556° ИГД
Велека | |
---|---|
реката Велека | |
Местоположба | |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Странџа, Турција |
• надм. вис. | 710 м (2,330 ст) |
Устие | |
• место | Црно Море, Бугарија |
Должина | 147 kм (482,000 ст) |
Големина на сливот | 995 km2 (384 ми) |
Особености на сливот |
Велека — река која се протега од северозападниот дел од Турција до југоисточна Бугарија. Велека е долга 147 километри, од кои 123 се во Бугарија, а 24 во Турција. Извира од карстните предели во турскиот дел на Странџа, а се влева во Црното Море близу селото Синеморец. Велека минува низ националниот парк „Странџа“.[1]
Ширината на реката во близина на устието е од 8 до 10 метри, а длабочина се движи од 2 до 4 метри. Во устието, Велека е широка 50 метри и длабока 7 до 8 метри, се потопуваат кратко време пред да се влее во морето. Водите на Велека се богати со флора и фауна, со повеќе од 30 видови слатководни риби, од кои најзастапен е кленот. Пет загрозени животински видови живеат во реката, како и важни регионални растенија.[2]
Сливот и притоките
уредиПовршината на сливот на реката е 955 км2[3], а границите се следни:
- На северозапад и север по должина на гребенот Босна, со сливовите на реките Факијска, Изворска, Ропотамо, Ѓаолска и Китенска.
- На југозапад, реката се протега до планината Странџа и тука создава помала граница со сливот на реката Марица.
- На југу, Велека се протеже све до слива реке Резовске.
Притоки: → Лева притока ← десна притока
- ← Долај (во Турција)
- → Бостанк (во Турција)
- ← Врлидол
- ← Катун
- → Врлидол
- → Младежка река
- → Дулбок дол
- ← Ајдера
- → Стрмница
- ← Грахиловски дол
- ← Качулски дол
- → Делижанов дол
- ← Стоманенски дол
- → Јаменски дол
- → Ѓаволски дол
- → Трашка река
- ← Јазменски дол
- → Шејтадол
- → Селскији дол
- → Керезоват дол
- ← Богородички дол
- → Зипков дол
- → Еленица
- ← Ликурашки дол
- ← Колибарски дол
- ← Мукио
- ← Селмата
Поврзано
уредиГалерија
уредиНаводи
уреди- ↑ Mouth of Veleka River Protected Area Green Corridors.burgas.bg
- ↑ Abundance and biomass of fishes in the Veleka River, Bulgaria Research Gate
- ↑ Енциклопедия България, т.1 А-В, Издателство на БАН, София (1978). стр. 620.
Надворешни врски
уреди- Меандрите на Велека – галерија