Ловинац
Ловинац (хрватски: Lovinac) — општина во Личко-сењската жупанија, Хрватска. Општинско седиште е селото Ловинац.
Ловинац Lovinac | ||
---|---|---|
Улица во Ловинац со црквата „Св. Михаил“ | ||
Земја | Хрватска | |
Жупанија | Личко-сењска | |
Управа | ||
• Градоначалник | Хрвоје Рачиќ | |
Површина | ||
• Вкупна | 341,92 км2 (13,202 ми2) | |
Надм. вис. | 29 м | |
Население (2011) | ||
• Вкупно | 1,007 | |
• Густина | 0/км2 (0/ми2) | |
Час. појас | CET (UTC+1) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Пошт. бр. | 53244 | |
Повик. бр. | (+385) 053 | |
Мреж. место | lovinac.hr |
Географија
уредиСелото Ловинац е сместено на 35 км од Госпиќ, југоисточно од Личкото Поле — најголемото карстно поле во Хрватска. Во минатото најкраткиот трговски пат од внатрешноста на Лика до морето минувал низ Ловинац.
Бројот на посетители во последно време е поголем, претежно поради изградбата на делницата на автопатот А1.
Население
уредиОпштината брои вкупно 1.007 жители, од кои 90 % се Хрвати, што претставува мал пад во споредба со 1.096 жители попишани во 2001 г.[1]
Села
уреди- Враник — 19 жит.
- Горња Плоча — 22 жит.
- Кик — 3 жит.
- Личко Церје — 117 жит.
- Ловинац — 288 жит.
- Радуч — 11 жит.
- Ричице — 114 жит.
- Свети Рок — 292 жит.
- Смокриќ — 55 жит.
- Штикада — 175 жит.
Крај Ловинац се сместени и селцата Пилар (нас. 45) и Вркљани (нас. 27).[2]
Историја
уредиНад селото Ловинац се наоѓаат рушевините на средновековната утврдена населба Ловинац, каде се пронајдени предмети од римско време. Во средниот век селото било во владение на благородничкото семејство Ловинчиќ. На почетокот на XVI век, селото му припаѓало на банот Иван Карловиќ, сè до 1522 г. кога е освоено од Османлиите. По истерувањето на Турците во 1689 г. во селото се доведени Буњевци, кои го населуваат и денес.
Знаменитости
уреди- Стара тврдина
- Здуниќева кула
- Ковачевиќева кула — единственото здание преостанато од времето на турската власт.
Образование
уреди- Основно училиште подрачни училишта
Наводи
уреди- ↑ „Население според присутност/отсутност, по населени места, Попис 2001“. Државен завод за статистика. (хрватски)
- ↑ Пилар: карта, географски податоци и топоними (англиски)
Надворешни врски
уреди- Ловинац на Ризницата ?
- Матична страница (хрватски) (англиски)