Ватерполо

спорт со топка во вода
(Пренасочено од Ватерполист)

Ватерполо е екипен спорт кој комбинира елементи од ракомет и пливање. Учествуваат по две екипи со по седум играчи (еден од нив е голман). Со фудбалот, е најстариот екипен спорт кој се појавил на програмата на Олимписките игри, уште од 1900 година.

Ватерполо натпревар

Целта на играта е да се постигнат повеќе погодоци во голот. Секој погодок се смета како еден бод (гол). На почетокот на секоја четвртина по еден играч од секоја екипа плива кон средината на игралиштето каде што се наоѓа топката, а екипата чиј играч прв доплива до топката го има првиот напад. Натпреварот се игра во четири четвртини, кои траат по 7 за младите и 8 минути за постарите од 16 години.

Ватерполото е многу физички и напорен спорт и често се наведува како еден од најтешките за играње[1][2][3].

Наводи

уреди
  1. Martinez, Vanesa. „The five toughest sports at the Olympics“. The Irish Times. Посетено на 27 September 2018.
  2. Renfro, Kim. „Olympic water polo is the most nightmarish sport in the world“. Business Insider. Архивирано од изворникот на 2017-11-11. Посетено на 2024-01-23.
  3. „Journal of Physical Education“ (англиски). Physical Directors' Society of the Young Men's Christian Associations of North America. 1958: 139. Посетено на 27 September 2018. Наводот journal бара |journal= (help)