Васил Капаровски
Васил Капаровски ( 1920 во Тетовско — 1944 во Водно, Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиПроизлегува од сиромашно семејство. Завршил основно училиште. Под притисок на теророт на италијанско-албанската фашистичка окупација се доселил во Скопје, каде се вклучил во организираната борба против окупаторот. На 6 септември 1944 година стапил во редовите на Дванаесеттата македонска ударна бригада. Бил борец на третиот баталјон. Во составот на бригадата, учествувал во борбите против Германците и балистичките банди. Учествувал и во борбите што ги водела бригадата на Водно против балистичките банди. Во овие борби храбро загинал, кај месноста Бел Камен. Неговите посмртни останки биле закопани во селото Света Петка.[1]