Василија Алексовска

Василија Стефо Алексовска - Кица ( 1927 во Битола — ) — учесник во НОВ на Македонија.[1]

Животопис

уреди

Учествувала во народноослободителнто движење од 1942 година, како член на младинската вocпитнa група, а од зимата 1943 година била член на СКОЈ. Пренесувала и растурала летоци, оружје и илегалци во градот. На 4 април 1944 година заминала во партизанската база кај селото Винени, а потоа во Горна Преспа и била борец во партизанскиот одред „Гоце Делчев”. Од мај 1944 година е борец во Првата македонска ударна бригада. Учествувала во сите борби на Бригадата и во борбата со окупаторот кај „Пресека” на 28 август 1944 година била тешко ранета. Тогаш била примена и за член на КПМ. По заздравувањето станала борец во Шестата македонска ударна бригада, одговорна по санитет.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 971.