Вал Гардена е долина во Северна Италија, на Доломитите во Јужен Тирол. Најпозната е како туристички скијачки центар, алпинизмот и како копаничарски регион.[1][2]

Вал Гардена.

Географија

уреди
 
Стевиа Планините над Вал Гардена.

Најголема река во долината е Рио Гардена. Опкружена е од планини формирани од доломитни карпи, кои им даваат карактеристичен изглед. Повеќето од стрмните падини се покриени со борови шуми. Најчесто се одгледува: јачмен, 'рж, компир, лен, хелда. На Вал Гардена има три општини: Ортизеј, Селва и Санта Кристина;[3] меѓусебно поврзани со железницата Вал Гардена (1916 до 1960 година).[4][5]

Култура

уреди

Вал Гардена е една од петте долини во кои мнозинството зборува ладински јазик (две од нив се наоѓаат во Јужен Тирол). Наречјето на ладинскиот јазик што се зборува во оваа долина се нарекува Гарденезе на италијански и Греднериш на германски.

Копаничарство

уреди
 
Копаничарство во Вал Гардена. Околу 1900 година имало процут во копаничење на статуи на католички светци .

Копаничарството во Вал Гардена се развило уште од 17 век.[6] Во 19 век, статуи и олтари изрезбани во Вал Гардена биле испраќани до католичките цркви ширум светот. Во 18 век, покрај религиозните статуетки, во долината било распространето производството на резбани фигурини од применетата уметност. Во 19 и 20 век, се резбањето на дрвени играчки [7] било толку распространето низ семејствата во Гардена, што Амелија Едвардс го нарекла градот Ортизеј „главен град на Земјата на Играчките“.[8] Еден од најпознатите производи во Гардена е дрвената кукла со бруќе (холандска кукла) популарна ширум Европа и Америка во 19 век.

Спорт

уреди

Скијање

уреди

Во Вал Гардена се одржало Светското првенство во алпско скијање ФИС во 1970 година .

Во Вал Гардена се наоѓа скијачката патека Саслонг Класик, на која се одржуваат трки во спуст од Светскиот куп во машка конкуренција, кој се одржува речиси непрекинато од 1969 година. Од 2002 година (и во 1983 година ), покрај спуст тука се одржуваат трки во Супервелеслалом, а од 1979 до 1982 година се одржувале трки во алпска комбинација.[9] Патеката Саслонг се смета за една од петте „класични“ машки спуст трки, заедно со Кандахар во Гармиш-Партенкирхен (ГЕР), Кицбиеловата Штрајф (АУТ), Венгеновата Лауберхорн (Швајцарија) и Вал-Д'Изеровата патека Критериум (Франција).[10] Патеката е позната и по „Камиловите грпки“ („Camel Humps“ или „Umps“), серија од три мали скокови кои скијачите мора да ги поминуваат веднаш една по друга. Австриецот Франц Кламер (1975, две трки во 1976 и 1982 година) и Италијанецот Кристијан Гедина (1996, 1998, 1999 и 2001 година) се единствените кои победиле на Саслонг четири пати во кариерата: Ако се бројат и победите во Супервелеслалом, ним ќе им се придружат и: Петер Милер од Швајцарија и Австриецот Михаел Валхофер.[11]

Во 1975 година се одржале и женски слалом и паралелен слалом.[12]

Други спортови

уреди

Гардена пролетен трофеј (Gardena Spring Trophy) е годишен меѓународен натпревар во уметничко лизгање што се одржува секоја пролет во Гардена.

Вал Гардена има хокеарски клуб кој се натпреварува Серија А - Хокераскиот клуб „Гардена“.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Tradizione e cultura ladina in Val Gardena“.
  2. „Ladin tradition and culture in Val Gardena“. Архивирано од изворникот на 2017-08-29.
  3. „Gardena, Val nell'Enciclopedia Treccani“. www.treccani.it (италијански). Посетено на 2020-10-28.
  4. Views of Val Gardena in old prints
  5. Val Gardena in old photographs
  6. Woodcarvings from Val Gardena
  7. Wooden toys from Val Gardena
  8. „Amelia Edwards. Untrodden peaks and unfrequented valleys (1873) - published online“. Digital.library.upenn.edu. Посетено на 2012-01-10.
  9. „Ski DB“. Ski DB. Посетено на 2012-01-10.
  10. „Club 5“. Club5.com. Архивирано од изворникот на 2011-09-08. Посетено на 2012-01-10.
  11. „Ski DB“. Ski DB. Посетено на 2012-01-10.
  12. „Ski DB“. Ski DB. Посетено на 2012-01-10.

Надворешни врски

уреди