Валентина Илијевска
Валентина Илијевска (Скопје, 25 јули 1987) — македонски графичар, конзерватор и реставратор на мозаик, ѕидно сликарство и на икони.[1]
Валентина Илијевска | ||
Родена | 25 јули 1987 Скопје , СФР Југославија | |
---|---|---|
Занимање | графичар |
Животопис
уредиИлијевска е родена во Скопје на 25 јули 1987 година. Од 2002 до 2006 учи средно образование во ДСУПУ ,,Лазар Личеноски” во Скопје, додека од 2006 до 2010 студирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, оддел графика и графички техники во класата на проф. Мирко Вујисиќ со насока на конзервација и реставрација со проф. Невенка Величковска и Момчило Трајковски. Живее и твори во Куманово. Илијевска е добитник и на повеќе награди, како, дипломи и пофалници од општински карактер во градот Куманово (1997-2002), како и сертификати и дипломи од 2002-2004 година, од интернационален карактер во градот Скопје.
Изложби
уредиПочетоци кои датираат од 2001 година со интернационални конкурси и групни изложби, започнувајќи со Мал Битолски Монтмартр, како и во останатите градови во државава како што се Куманово, Скопје, Тетово, Велес, Кавадарци итн. Потоа во градовите од Србија, во Ниш, Књажевац, Белград, Земун каде што била остварена и самостојна мини изложба на графики во мал формат. Учество и на изложбите во Истанбул, Турција. Меѓу другото од истоимните изложби некои дури се и во тек. ликовни колонии, како од 1998 со регионални ликовен карактер, па сè до интернационални колонии, почнувајќи со Рацинови средби-Велес, потоа во Берово, Куманово, Кавадарци, како и во Србија и во Полска.
Наводи
уреди- ↑ „Кумановски графичари 2011 во Кратово“. Хроника. Посетено на 2012-02-08.[мртва врска]