Буџетот на Република Македонија претставува годишен план за финансирање на функциите и обврските на Република Македонија, на единиците на локална самоуправа и на фондовите, а се состои од годишна проценка на приходите и на трошоците по намени. Под годишна проценка се подразбира фискална година од 12 месеци, која почнува на 1 јануари, а завршува на 31 декември од секоја календарска година и важи само за фискалната година за која е донесена.

Буџетски процес

уреди

Во Македонија, министерот за финансии е одговорен за подготвување на предлог на Буџетот на Република Македонија и за негово доставување до Владата на Република Македонија. Извештајот за фискалната состојба во тековната фискална година го изготвува министерот за финансии, кој ги предлага директивите и целите на фискалната политика како и главните категории за проценетите приходи и трошоци за наредната буџетска година и го доставува до владата во април во тековната година.[1]
Врз основа на утврдените ставови од страна на владата, министерот за финансии изготвува циркулар во кој се содржани главните насоки за изготвување на буџетите и го доставува до корисниците на буџетот, единиците на локална самоуправа и фондовите во месец април. Во циркуларот се содржани работите и задачите кои треба да се извршуваат во текот на фискалната година, методологијата за изготвување на буџетите на корисниците, како и индикативните вкупни трошоци за секој корисник. Предлогот на буџетот на Република Македонија, министерството за финансии го доставува до владата на почетокот на октомври. Предлогот на буџетот го утврдува владата и го доставува до Собранието на Република Македонија за донесување не подоцна од средината на ноември. Собранието на Република Македонија не може да го разгледа предлогот на буџетот пред истекот на 20 дена од денот на доставување на предлогот на буџетот до пратениците на Собранието на Република Македонија.
Предлогот на буџетот на Република Македонија содржи:

  1. Биланс на приходниот и трошковниот дел на буџетите со:
    • ставки за приходи
    • ставки на трошоци
  1. Функционална класификација на трошоци;
  2. Трошоци по раздели;
  3. Посебен дел на Буџетот по корисници со:
    • остварени трошоци од претходната фискална година;
    • одобрени и ревидирани трошоци за тековната фискална година;
    • процени за наредната фискална година искажани според економската и програмската класификација на ниво на подставки и

процена на обврските за наредните две години на ниво на категории.

  1. Процена за максималниот износ до кој можат да се земаат заеми и издаваат гаранции во текот на тековната фискална година;
  2. Лимит до кој можат единиците на локалната самоуптава да земаат заеми во текот на тековната фискална година и
  3. Предлози за можните начини за надминување на дефицитот на Буџетот.


Износите на приходите наведени во годишниот буџетски документ не се фиксно определени и лимитирани. Промените во Буџетот (износите на приходите) треба да бидат во рамките на вкупниот износ на утврдените приходи. Дополнително усвоените трошоци во Буџетот се пропратени со мерки што ќе ги зголемат предложените приходи или ќе ги намалат другите трошоци во сразмерен износ. Износите на трошоците утврдени со годишниот буџетски документ се сметаат како максимални износи и над овие износи не може да се преземаат никакви обврски. Секој трошок што бара нов извор на приходи заедно со предложениот извор, како и кога треба да се намалат планираните трошоци кои се одобрени заради неостварување на планираните приходи повеќе од 5% се обработува со посебен буџетски документ (ребаланс), а го донесува надлежен орган. За покривање на непредвидливите барања за трошоците кои ќе се појават во текот на буџетската година се издвојува до 3% од вкупните тековни и капитални трошоци за буџетски резерви (постојана и тековна). За користење на средствата по предлог на министерот за финансии одлучува Владата.

Извршување на Буџетот

уреди

Извршувањето на буџетот значи од една страна остварување на приходите, а од друга страна финансирање на државните и комуналните органи и институции.

  • Извршители на буџетот
  • Извршувањето на буџетот е доверено на органите на управата, со оглед на различните функции кои обавуваат за извршување на планот за приходите и расходите.

Наредбодавачи

уреди

Налогодавачи се органите на управа кои се овластени да управуваат со државниот имот, да се во функција на прибирање на државните приходи и самостојно да одлучуваат за распределбата на приходите за тековната буџетска година.

Сметкополагачи

уреди

Извршувањето на буџетот не се спроведува само преку наредбодавачите, туку негово извршување се надополнува со функцијата на сметкополагачите, без која наредбодавачите не можат да го извршат буџетот. Важно е да овие две функции (наредбодавач и сметкополагач) не се доделени на едно лице. Истата функција не можат да ја вршат брачни другари или лица кои се во блиско сродство. Функцијата на сметкополагачите е да обезбедат начин за наплата на државните приходи, а во поглед на расходите нивна задача е да ја утврдат висината на одговорноста на државните органи. Правило е да функцијата на наредбодавачите на сметкодавачите биде во интерес на правилно извршување на буџетот и обезбедување на контрола на работата на буџетските извршители.

Буџетска и сметковна година

уреди

Буџетска каса и буџетски надлежности

уреди

Во поглед на буџетската каса, која се вика и буџетска година, сите фискални и други приходи кои се наплаќаат од почетокот до истекот на буџетската година и сите расходи кои се исплаќаат во тој период припаѓаат на буџетот од таа година. Во буџетската каса, слично како и во сметководството се бележат сите приходи и расходи, независно од денот на настанувањето и нивната правна основа. Ако на пример одреден данок се наплати на 31.12. во одредена година тоа е приход за таа буџетска година.
Системот сметковна година ги зема во една целина сите приходи и расходи засновани на овластувањата на еден буџет, но кои можат да бидат извршени во текот но и по истекот на тој буџет. Додека буџетската година трае една година и го зема предвид само она што е поврзано со тој рок, сметковната година содржи се она што настанало во врска со буџетот на таа година и таа може да трае повеќе од една година. Тој додаток на буџетската година може да биде 1,2 или 3 месеци.

Вирманисирање и ребаланс на буџетот

уреди

Под вирманисирање треба да се подразбира измена на висината на буџетските средства и нивна употреба, делумно или во целина, за да се задоволат некои други потреби. Ако се случи да постојат недоволно средства во буџетот, а наредбодавачот не сака да користи дополнителен кредит или да користи средства од буџетските резерви, или - ако тие средства не се доволни за пополнување на сите празнини, тогаш тој врши вирманисирање. Тоа значи: бидејќи од една страна има недоволно средства а од друга вишок кои не можат во целост да се искористат до крајот на годината- наредбодавачот вирмански ќе пренесе дел или цела сума од поголемиот износ кон помалиот.

Ребаланс на буџетот

уреди

И за време на финансиската година, кога е веќе одобрен буџетот и е во тек на извршување, претставничкото тело може да врши разгледување на неговата структура и дополнителни одлуки за измена на буџетот, како на страната на приходите така и на страната на расходите. Таквото донесување на дополнителни измени на буџетот во текот на буџетската година се вика ребаланс на буџетот.
По донесувањето на буџетот, министерот за финансии ги известува корисниците на средствата што им се одобрени, а корисниците ги распределуваат приходите и трошоците по одделни единки корисници.
Врз основа на известувањето единките корисници се должни да донесат финансиски план за намените за коишто ќе се користат средствата, најдоцна 15 дена од денот на известувањето.
Единките се должни финансискиот план да го достават до Министерството во чии состав се, во рок од 5 дена од денот на неговото донесување.
Корисниците за буџетите и единките корисници се должни средствата да ги користат наменски и не смеат да преземат обврски над лимитот од одобрените средства.
Приходите и трошоците на секој корисник и единка корисник на средства од Буџетот се искажуваат во Буџетот на Републиката.
Приходите се уплатуваат на трезорската сметка и се евидентираат на посебните сметки во главната книга на трезорот и тоа за:

  • приходи наплатени од органи;
  • приходи од активности кои не се финансираат од Буџетот (самофинансирачки активности);
  • приходи од даноците и
  • приходи од кредити.

Корисниците и единките корисници се одговорни за наплатата на приходите и за вршење на работите од нивната надлежност.
Приходите се уплатуваат во Буџетот на Републиката. Доколку Буџетот на Републиката не биде донесен до 31 декември во тековната година, Министерството за финансии врши исплата на средствата од Буџетот по позиции, но најмногу до една третина од извршените трошоци во четвртиот квартал во претходната фискална година за секој месец, а најдоцна до 31 март за наредната година.
Корисниците на Буџетот врз основа на годишниот финансиски план се должни да изготват месечен финансиски план по сметки, програми и ставки и да го достават на одобрување до Министерството за финансии 5 дена пред почетокот на месецот за кој се однесува планот.
Месечен финансиски план претставува процена на трошоците на корисниците на Буџетот и по неговото одобрување претставува право на трошење на средства во текот на еден месец, односно во последователниот период доколку правото остане неискористено во тековниот месец.
Корисниците на Буџетот кои имаат единки-корисници, доставуваат збирен месечен финансиски план за корисникот на Буџетот и збирно за единките корисници кои се во рамките на корисникот.
Министерството за образование збирно го одобрува планот за сите единки корисници, а корисникот на Буџетот врши натамошна распределба на одобреното право по одделни единки корисници.
За извршување на плаќање корисниците и единките корисници на средствата од Буџет доставуваат барање за плаќање до Министерството за финансии на образец што ќе го пропише министерот за финансии.
За непредвидливите трошоци кои ќе настапат по донесувањето на Буџетот, корисниците поднесуваат барање до Министерството за финансии, заради нивно покривање. Во барањето мора да бидат содржани причините, износите и основата за пресметување на бараните износи.
Одобрените трошоци корисниците не можат да ги распределуваат меѓусебе.
Прераспределбата на планираните трошоци во текот на фискалната година ја врши Владата, односно Советот на единицата на локалната самоуправа, во рамките на вкупно утврдениот лимит на приходите во Буџетот.
Министерот за финансии во втората половина на месец јули од фискалната година доставува до Владата преглед за состојбата на извршувањето на Буџетот и долгот на Републиката. Владата врз основа на прегледот ги презема сите неопходни мерки со кои се обезбедува усогласување на главните буџетски цели со новите економски околности и му предлага на Собранието на Р Македонија да донесе мерки.
Правото на корисниците на Буџетот за трошење на од Буџетот престанува на 31 декември. Сите ненаплатени обврски на корисниците на Буџетот на фискалната година ќе бидат повторно одобрени и предвидени во позиција во Буџетот за следната фискална година.
Одобрениот Буџет за корисниците на Буџетот важи до крајот на фискалната година. Неискористениот буџет на крајот од годината не се пренесува во наредната година. Приходите наплатени после 31 декември на сметките на Буџетот се евидентираат како приходи на Буџетот за следната фискална година.
Со буџетски документ се утврдува лимитот на годишното зголемување на вкупниот тековен долг.
Само Владата има право да зема заеми од правни и физички лица од земјата и од странство врз основа на закон, за покривање на буџетскиот дефицит и да дава гаранции за отплата на обврските по основ на земени заеми за оваа намена.
Владата може да одобрува краткорочни заеми само на единиците на локалната самоуправа и на фондовите доколку во Буџетот на Републиката се утврдени средства за оваа намена. Единиците на локалната самоуправа и фондовите се должни земените заеми да ги вратат најдоцна до крајот на фискалната година.
Министерот за финансии ги предлага на Владата видот на финансиите и условите под кои се земаат заемите.
За долговите издадени во форма на обврзници и благајнички записи соодветно се применуваат одредбите од Законот за хартии од вредност, доколку со овој закон не е поинаку одредено.
Во Буџетот на Републиката за тековната година се обезбедуваат средства за отплата на главнините и каматите кои пристигнуваат во текот на фискалната година по претходно склучените договори.

Наводи

уреди
  1. Закон за буџетите, Службен весник на Република Македонија, бр.64/05, 4/08, 103/08, 156/09, 95/10, 180/11, 171/12, 192/15 и 167/16.

Надворешни врски

уреди