Бурбон (виски)

(Пренасочено од Бурбон)

Виски Бурбон е тип на американско виски, првенствено направено од пченка. Името произлегува од француската Бурбонска династија. Бурбон е дестилиран од 18 век,[1] а употребата на терминот бурбон е од 1820-те години, додека во Кентаки терминот „бурбон“ влегол во постојана употреба од 1870-те години.[2]

Избор на бурбон и Тенеси виски во продавница

Историја

уреди
 
Буриња од бел даб полни со бурбон виски

Начинот на дестилација веројатно е донесен до денешен Кентаки кон крајот на 18 век од страна на Шкотите, Шкотланѓаните и другите доселеници (вклучувајќи ги и Англичаните, Ирците, Велшите, Германците и Французите) кои почнале да вршат земјоделски работи во таа област. Потеклото на бурбонот како посебна форма на виски не е добро документирано. Постојат многу конфликтни легенди и тврдења, некои повеќе веродостојни од другите. На пример, пронајдокот на бурбонот честопати му се припишува на Илија Крег, баптистички свештеник и дестилатор за кој, исто така се зборува дека прв го започнал произведувањето во изгорени дабови буриња, процес кој му ја дава на бурбонот својата црвеникава боја и специфичниот вкус.[3] Историчарот Мајкл Вич смета дека овој вид на виски бил наречен така по улицата Бурбон Стрит во Њу Орлеанс, каде бурбонот се продавал како поевтина варијанта на францускиот коњак.[2]

Друго предложено потекло на името е поврзано со географската област позната како „Стариот Бурбон“, односно округот Бурбон во Вирџинија, од 1785 година, регион кој вклучува голем дел од денешниот Источен Кентаки - вклучувајќи 34 од денешните окрузи во Кентаки.[4] Во овој регион влегува и денешниот округ Бурбон, кој станал округ во Кентаки откако Кентаки се одвоил од Вирџинија во 1792 година.[5][6][7]

Во округот Бурбон немало дестилерии во период од 95 години, од 1919 година, односно од времето кога сите биле затворени поради прохибицијата, до 2014 година кога повторно се отвориле неколку мали дестилерии.[8][9] Со воведувањето на прохибицијата во 1919 година, сите дестилерии биле со закон забранети, освен неколку кои произведувале медицинско виски.

Со резолуција што била усвоена во американскиот конгрес во 1964 година, бурбонот е прогласен за „карактеристичен производ на САД“, и било побарано од соодветните агенции во САД да забранат увоз на виски со назив „бурбон виски“.[10][11] Code of Federal Regulations now defines "bourbon whiskey" to only include "bourbon" produced in the United States.[12]

Денес, бурбонот и Тенеси виски (кој понекогаш се смета за различен вид, но генерално е наречен бурбон) се многу популарни, и нивната продажба ја следи „Советот за дестилирани алкохолни пијалаци на САД“.[13]

Во 2014 година, беило проценето дека извозот на американски бурбон виски надминал една милијарда долари.[13] Најголемите пазари на бурбон од САД се: Канада, Велика Британија, Германија, Австралија и Франција.[13] Пазарите во Бразил, Доминиканска Република, Бахами, Израел и Арапските Емирати биле во опаѓање,[13] најмногу поради измени во нивните закони, трговските договори, како и други фактори.[14]

Законски условувања

уреди
 
Бурбон во шише од 19 век

Бурбонот варира од држава во држава, но сепак најголем број од трговските договори бараат името бурбон да се употребува само за виски произведено во САД.[15] Канадскиот закон исто така условува името „бурбон“ да биде употребено само за бурбонот произведен во САД. Но во други земји, стандардот за бурбон не е ист. На пример, во Европската Унија, производите наречени бурбон мора да се произведени во САД, но не мора да подлежат на сите законски американски регулативи.

Американските стандарди за идентификување на дестилирани алкохолни пијалаци (наслов 27 од Кодексот на Сојузните регулативи) вели дека бурбонот произведен за консумирање во САД[15] мора да биде:

  • Произведен во САД[16]
  • Изработен од мешавина на жито што е најмалку 51% пченка[17]
  • Стоен во нови, изгорени дабови контејнери[17]
  • Дестилиран на не повеќе од 80% алкохол по волумен[17]
  • Внесен во бурето за стареење со не повеќе од 62,5% алкохол по волумен[17]
  • Пакуван во шишиња како и друг вид виски, со околу 40% алкохол по волумен[18]

За бурбонот не постои пропишан минимален период на чување во бурињата,[19] така што и по три месеци веќе може да се продава како бурбон.[20] Исклучок е „вистинскиот виски бурбон“, за кој е потребно две години да помине во бурињата. Покрај тоа, било кој бурбон кој стоен во буриња помалку од четири години, мора да содржи старосна изјава на етикетата.[21][22]

Географско потекло

уреди

На 4 мај 1964 година, Конгресот на САД со резолуција го прогласил бурбонот за производ на САД. Бурбон може да се произведе било каде во САД, но во најголем број се произведува во Кентаки, каде производството на бурбон има историска позадина.[23] Водата без железо која е филтрирана низ високи концентрации на варовник, уникатна за областа, често се смета од бурбонските дестилатори во Кентаки како единствен чекор во процесот на изработка на бурбон.[24]

 
Буриња за бурбон во Шкотска

Според Здружението на дестилерии од Кентаки, од 2014 година речиси 95% од целото производство на бурбон се произведува во Кентаки. Во таа држава има повеќе од 5,3 милиони барели бурбон во буриња.[13][25][26]

На 2 август 2007 година, Сенатот на САД ја усвоил резолуцијата која го прогласила септември 2007 година за „Национален месец на бурбонското наследство“.[27] Градот Бардстаун е местото каде се одвива годишниот фестивал на „Кентаки бурбон“ секој септември, кој го нарекуваат и Бурбонскиот главен град на светот.[28] and the Kentucky Bourbon Festival organizers[29]

Во Тенеси се произведува бурбон кој се нарекува „Тенеси виски“, каков што е Џек Даниелс. Некои произведувачи на виски во Тенеси тврдат дека е потребно бурбонот да се филтрира низ парчиња јаглен од јавор, со што вкусот на ова виски е различен од бурбонот. Американските прописи кои го дефинираат бурбонот не го бараат ниту го забрануваат ваквиот процес.[19][30][31][32] На 13 мај 2013 година, тогашниот гувернер на Тенеси, Бил Хаслам, потпишал употребата на филтрирање низ јаворов јаглен да биде задолжителна за „Тенеси виски“.[33][34]

Процес на производство

уреди

За да биде производот бурбон, треба да биде направен од минимум 51% пченка.[1] Ако останатиот процент од смесата содржи пченица наместо 'рж, производот го нарекуваат пченичен бурбон.[35][36] Житото се меле и се меша со вода. Обично се додава каша од претходна дестилација. На крајот се додава квасец и кашата се ферментира. Се дестилира меѓу 65% и 80% алкохол. Добиениот алкохол, кој се нарекува „бело куче“, се остава во буриња од изгорен даб, најчесто направени од американскиот бел даб (Quercus alba), со што пијалакот добива боја и вкус на карамелизиран шеќер и ванила. „Вистинскиот “ бурбон мора да отстои две години во буре. За производот што е „бурбон виски“, а не е одбележан како „вистински“ или „мешан“, не постои минимум време што е пропишано за стоење во буре, иако бурбонот добива појака боја и вкус колку подолго стои во бурето. Евтините бурбони не се чувани долго во буриња, но и предолгото чување во буриња може негативно да влијае врз вкусот, кој тогаш станува небалансиран и може да горчи.

Откако ќе се извади од буре, бурбонот обично се филтрира и се разредува со вода. Потоа се пакува во шишиња. Оние шишиња кои се обележани како „barrel proof“, не се разредени или се малку разредени откако се извадени од бурето.

Употреба

уреди

Бурбонот може да се сервира на неколку начини: со вода, со мраз, и во коктели. Се користи при готвење, и во медицински цели.[1]

Бурбонот како тема во музиката

уреди
  • „Бокал полн со бурбон“ (Jockey Full Of Bourbon) - песна на американскиот музичар Том Вејтс (Tom Waits) од 1985 година.[37]
  • „Еден бурбон, едно виски, едно пиво“ (One Bourbon, One Scotch, One Beer) - песна на американскиот блуз музичар Џон Ли Хукер (John Lee Hooker) од 1995 година.[38]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Zeldes, Leah A. (2011-02-23). „Eat this! Bourbon, America's native spirits“. Dining Chicago. Chicago's Restaurant & Entertainment Guide, Inc. Архивирано од изворникот на 2011-09-14. Посетено на 2011-06-30.
  2. 2,0 2,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име bstreet.
  3. John E. Kleber, ed., The Kentucky Encyclopedia (Lexington: University Press of Kentucky, 1992), 103
  4. The New Encyclopedia of Southern Culture, John T. Edge, volume editor, Volume 7: Foodways, p. 128.
  5. Leon Howlett, The Kentucky Bourbon Experience: A Visual Tour of Kentucky's Bourbon Distilleries, "Bourbon- A Short History", 2012, pg. 7.
  6. Charles K. Cowdery, How Bourbon Whiskey Really Got Its Famous Name Архивирано на 13 мај 2008 г., The Bourbon Country Reader, Volume 3, Number 1, July 1996.
  7. Cowdery, Charles K., Bourbon, Straight: The Uncut and Unfiltered Story of American Whiskey, p. 25
  8. „Bourbon County Kentucky“. Архивирано од изворникот на 2012-05-02. Посетено на 2012-04-19.
  9. „Hartfield & Co. homepage“. Архивирано од изворникот на December 8, 2015. Посетено на December 4, 2015.
  10. 78 Stat. 1208 Архивирано на 24 септември 2015 г. (1964).
  11. Defining "Bourbon". The State (Columbia, SC), 5-1-02, p. D1.
  12. „27 C.F.R. sec 5.22(b)(2)“. Ecfr.gov. Архивирано од изворникот на 2018-03-18. Посетено на 2015-07-15.
  13. 13,0 13,1 13,2 13,3 13,4 Associated Press, "Bourbon, Tennessee Whiskey Sales Up in US; Exports Top $1B" Архивирано на 30 декември 2015 г. (February 3, 2015).
  14. Distilled Spirits Council Industry Review Архивирано на 16 јуни 2015 г., Distilled Spirits Council of the United States, February 4, 2014.
  15. 15,0 15,1 „27 C.F.R. sec 5.1“. Ecfr.gov. Архивирано од изворникот на 2018-03-18. Посетено на 2015-07-15.
  16. „27 C.F.R. sec 5.22(l)(1)“. Ecfr.gov. Архивирано од изворникот на 2018-03-18. Посетено на 2013-06-21.
  17. 17,0 17,1 17,2 17,3 „27 C.F.R. sec 5.22(b)(1)(i)“. Ecfr.gov. Архивирано од изворникот на 2018-03-18. Посетено на 2013-06-21.
  18. „27 C.F.R. sec 5.22(b)“. Ecfr.gov. Архивирано од изворникот на 2018-03-18. Посетено на 2015-07-15.
  19. 19,0 19,1 Favorite whiskey myths debunked Архивирано на 9 јули 2017 г., The Chuck Cowdery Blog, December 16, 2009
  20. „Hudson Baby Bourbon Whiskey review at Spirits Review“. Архивирано од изворникот на 2011-02-09.
  21. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име cfr540.
  22. „Glossary of bourbon and whiskey terms“. Kentucky Distillers Association. Архивирано од изворникот на 2014-02-28.
  23. „Kentucky Bourbon History“. Kentucky Bourbon Trail. Kentucky Distillers' Association. 2010-12-06. Архивирано од изворникот на 2010-12-21. Посетено на 2010-12-06.
  24. „About Kentucky Bourbon“. Waters of Life. Kentucky Barrels LLC. Архивирано од изворникот на 2013-01-27. Посетено на 2011-11-23.
  25. "Maker's Mark to restore alcohol content of whiskey" Архивирано на 10 јули 2017 г., USA Today, February 17, 2013.
  26. Schreiner, Bruce, "Kentucky Bourbon Trail Expands to Include Stop in Downtown Louisville Архивирано на 28 јуни 2013 г.", Associated Press, May 9, 2013.
  27. S. Res. No. 110-294 (2007).
  28. Bardstown Tourism Commission Архивирано на 27 април 2007 г.
  29. „Welcome! - Kentucky Bourbon Festival : Bourbon Capital of the World : Bardstown, Kentucky“. Архивирано од изворникот на 2006-12-28.
  30. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име nafta313.
  31. Charles K. Cowdery, Tennessee Whiskey Versus Bourbon Whiskey Архивирано на 10 јули 2017 г., The Chuck Cowdery Blog, February 21, 2009
  32. Filtration and the Lincoln County Process Архивирано на 8 јули 2011 г., The Bourbon Observer, June 13, 2009.
  33. Zandona, Eric. „Tennessee Whiskey Gets a Legal Definition“. EZdrinking. Архивирано од изворникот на 2014-01-07. Посетено на 2014-01-11.
  34. „State of Tennessee Public Chapter No. 341 House Bill No. 1084“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-10-05.
  35. „W.L. Weller“. Архивирано од изворникот на 2014-03-26.
  36. LeNell Smothers. „Bourbon Guide“. epicurious.com. Архивирано од изворникот на May 1, 2014. Посетено на May 1, 2014.
  37. DISCOGS, Tom Waits ‎– Rain Dogs (пристапено на 20.7.2019)
  38. Discogs, John Lee Hooker ‎– Chill Out (пристапено на 26.11.2020)

Надворешни врски

уреди