Бунгур
Бунгур – дробена пченица или јадење од истата. [1] Бунгурот се разликува од булгурот кај покрај дробењето на пченицата, се врши и подварување.
Дел од оброкот | главен оброк |
---|---|
Место на потекло | Македонија |
Температура на послужување | топло |
Главни состојки | пченица, вода, сол |
Бунгурот се добива со мелење на пченица во посебни рачни мелници. [2] Една таква мелница е изложена во Најмалиот етнолошки музеј на светот.
Некогаш бунгурот се спремал често и скоро во секоја куќа. Се комбинирала со разни додатоци кои биле на располагање во куќата – сирење, зеленчук, пилешко или некое друго месо.
Денес ова јадење е скоро исчезнато од македонската трпеза, а под влијание на светските трендови се појавува булгурот кој се продава спремен во продавниците.
Во Национална класификација на духовното културно наследство, бунгурот е класифициран во „Јадења од житарици“.
Рецепт
уредиВо денешни услови, љубителите на старите рецепти за дробење на пченицата ги користат модерните кујнски алатки.
Околу 200 грама пченица се дроби во блендер. Се запржува едно кромитче, се додава ситно сечкано морковче, пиперче и патлиџан. Се посолува и зачинува и се префрла во тава на оган. Доколку се става месо, се пропржува и мевцето. На крајот се додава дробената пченица, се полева со вода, се става во вжештена рерна и се остава да се пече додека не испари водата (како за ориз).[3]
Наводи
уреди- ↑ „бунгур“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Најмалиот етно-музеј во Тетово
- ↑ Бунгур по рецепт на баба на семрежното место на Мои рецепти