Букова гулапка
Букова гулапка (науч. Russula nobilis, порано Russula mairei[1]) — базидиомицетна габа од родот Гулапка. Оваа група на габи се познати по нивните кршливи ливчиња и светли бои.
Букова гулапка | |
---|---|
Научна класификација [ у ] | |
Царство: | Габи |
Оддел: | Столпчести габи |
Класа: | Агарикомицети |
Ред: | Гулапковидни |
Семејство: | Гулапки |
Род: | Гулапка |
Вид: | Букова гулапка |
Научен назив | |
Russula nobilis Velen. | |
Синоними | |
|
Таксономија
уредиПретходно била наречена во чест на францускиот миколог Рене Мер од Ролф Сингер во 1929 година, но било откриено дека е истиот таксон како и претходниот Russula nobilis од 1920 година, кој има приоритет на именување.
Опис
уредиШапката е црвена или розова боја, 3–6 см широка, конвексна до рамна, или малку потисната и слабо леплива. Се лупи само до третина од својот полупречник, со што се открива розово месо.[1] Месото е цврсто и бело или понекогаш жолтеникаво, мириса на кокос и има лут вкус.[2] Често се оштетува. Дршката е 2–5 см долга, 1–1,5 см широка, цилиндрична, (поцврста од истоимената која има живеалиште на четинари, Бесна гулапка ) и бела. Ливчињата се тесно распоредени, додадени, заоблени и бели, често со слаб сино-зелен сјај. Отпечатокот на спори е бел.
Распространетост и живеалиште
уредиВидот е во микориза со бука во шумските предели.[3] Таа е широко распространета и вообичаена во Европа, Азија и Северна Америка, каде што растат овие дрвја.
Јадливост
уредиБуковата гулапка не се јаде и веројатно е отровна по количина, но не и смртоносна. Многу видови со црвена шапка со горчлив вкус може да предизвикаат проблеми ако се јадат сирови. Симптомите се главно гастроинтестинални по природа: дијареа, повраќање и колични стомачни грчеви. Активниот агенс не е идентификуван, но се смета дека е предизвикан од хемиски соединенија познати како сесквитерпени, кои се изолирани од сродниот род Lactarius и од Russula sardonia.[4]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Roger Phillips. (2006). Mushrooms. Pan MacMillan. стр. 19. ISBN 0-330-44237-6.
- ↑ „Russula mairei“. 7 August 2008.
- ↑ Thomas Laessoe. (1998). Mushrooms (flexi bound). Dorling Kindersley. ISBN 0-7513-1070-0.
- ↑ Benjamin, Denis R. (1995). Mushrooms: poisons and panaceas — a handbook for naturalists, mycologists and physicians. New York: WH Freeman and Company. стр. 369. ISBN 0-7167-2600-9.
- „Дански габи. Basidiesvampe“ [клуч за данските базидиомицети] JH Petersen и J. Vesterholt eds. Гилдендал. Виборг, Данска, 1990 година.ISBN 87-01-09932-9ISBN 87-01-09932-9
Надворешни врски
уреди- Букова гулапка на Ризницата ?
- „Букова гулапка“ — Енциклопедија на живиот свет