Букеларија (тема)
Букеларија (грч. Βουκελλάριον θέμα) – тема на Византиското Царство во северна Мала Азија (денешна Турција). Била создадена со издвојување на првичната тема Опсикија, а ги опфаќала деловите на античка Пафлагонија, Галатија и Фригија.
Тема на Букеларанците Βουκελλάριον θέμα, θέμα Βουκελλαρίων | |||||
Тема на Византиско Царство | |||||
| |||||
Византиските теми на Мала Азија околу 780 година, после поделбата на Опсикија. | |||||
Историски период | Среден век | ||||
- | Основана | 743–767 | |||
- | Паѓање под Селџуците | 1070 | |||
Денес во | Турција |
Историја
уредиТемата била основана набрзо после 743, а пред 767 година, од страна на римскиот цар Константин V (741–775), по задушувањето на буната на Артавазд, против императорот и комесот на Опсикија. Новата тема, заедно сп Оптиматија, настанала со издвојување од Опсикија. Нова темата името го добила по римската букеларија, елитни коњички трупи со готско и римско потекло, кои извршувале задачите на телохранители. На почетокот на 7 век биле формирани елитни дивизии кои се настаниле на просторот на Опсикија, под команда на доместик. На овие простори во средината на 8 век била создадена Букеларија. Стратегот на оваа тема прв пат се споменува во изворите во 767 гоидна, но темата сигурно е формирана порано. Нејзино седиште била Анкара, некогашниот центар на Опсикија. Стратегот на Букеларија, според арапските географи, командувал со војска од 8.000 луѓе. Покрај коњицата, Букеларија, како и подоцнежната тема Пафлагонија, имала и мала флота на чело со „катепан на Букеларија и Пафлагонија“, чиј печат од 10 век бил зачуван. Темата Букеларија постоела до Bитката кај Манцикерт во 1071 година, кога овие простори ги освојуваат Селџуците.
Извори
уреди- Gyftopoulou, Sofia; Velentzas, Georgios (24 мај 2005). „Theme of Boukellarion (Βουκελλαρίων Θέμα)“. Encyclopedia of the Hellenic World, Asia Minor. Foundation of the Hellenic World. Архивирано од изворникот на 11 август 2011. Посетено на 7 октомври 2009.CS1-одржување: ref=harv (link)
- Kazhdan, Alexander, уред. (1991). The Oxford Dictionary of Byzantium. New York and Oxford: Oxford University Press. ISBN 978-0-19-504652-6. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: ref=harv (link) - Lounghis, T. C. (1996). „The Decline of the Opsikian Domesticates and the Rise of the Domesticate of the Scholae“. Byzantine Symmeikta (10): 27–36. ISSN 1105-1639. Архивирано од изворникот на 21 ноември 2015. Посетено на 6 октомври 2009.CS1-одржување: ref=harv (link)
- Pertusi, A. (1952). Constantino Porfirogenito: De Thematibus. Rome, Italy: Biblioteca Apostolica Vaticana.CS1-одржување: ref=harv (link)
- Treadgold, Warren T. (1995). Byzantium and Its Army, 284–1081. Stanford, California: Stanford University Press. ISBN 978-0-8047-3163-8.CS1-одржување: ref=harv (link)